Партијата или животот?

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Дее бе ко нешто ново да е ова. Од ко постојат партии кај нас истото се дешава. Па ургенци кој да скокни погоре на списокот, па онај појќе лепел плакати треба во првите 5 да е, па се јавил некој си прептоставен па рекол тој шо е 108 по ред да е прв ... има дешавки.

П.С. Не е убо вака објавување на лични податоци во јавност.
Не е ново. Работата е што оди во екстреми кои на времето не биле толку изразени. Нешто што оди во екстреми е штетно.

Поради тие екстреми некој што е поглуп од тебе ќе те води бидејќи тебе не ти е важно рационалното....дека со своите квалитети повеќе ќе придонесеш за заедницата одколку дибекот кој одлучува да ти даде опстанок.

Ако еволуцијата е пример за опстанок на појаките (појаки не со мускули) тогаш македонското општество оди неповратно во пропаст.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.104
Незнаев дека на свадба се игра на Со маки сум се родила, Во струмица на улица, итн., јас мислев на нешто повесело се ѕенѕа. Од Македонски народни песни од типот на Гоце Арнаудов и Благица Павловска и оние од Царот има голема разлика. Али те цитирав оти едните не ти се допаѓале за ѕенѕање, али на комитско ѕенѕаш, чуден ритам фаќате.
Никаде не спомнав јас кој тип на народни песни, се разбира дека нема на „зајди, зајди јасно сонце“ да играат луѓето. Незнам од кај ти дојде идејава тебе?! Сум слушал по свадби да пуштат и патриотски песни на кои се весели и игра, настрана од новокомпонираните (Арнаудов & Co.)... Па и новокомпонирани патриотски сум слушнал, „Бисер балкански“ ја свиреле по свадби...
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
дека партијата е животот, религијата, фамилијата ....потврдуваат акции како следнава:

.........список со 197 граѓани кои треба да добијат или низ минативе години веќе добиле работно место како членови на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.

................

Конкурентноста помеѓу индивидуите за подобра позиција и постигнато во животот (борбата за опстанок) ги прават луѓето да си ја стават интелегенцијата во залог....партијата е мафија, клан...на неколку од горниот дел на пирамидата. Било да е на власт или опозиција...

Дали ова ве потсеќа на она што го има во романите од османлискиот период?

Наместо влианието на индивидуите биде основа за опстанок на партиите....опстанокот на индивидуата зависи од расположението на партијата. Катастрофа.

Не ми е непознато. Нема да биде фер да ги извадам избирачките списоци што се правеа ланската година, кој за кого ќе гласа и сл исл.. но тоа е тоа... мизерија..

Ова е нашиот испран менталитет... овчешки....

Sheep - Pink Floyd

Harmlessly passing your time in the grassland away;
Only dimly aware of a certain unease in the air.
You'd better watch out!
There may be dogs about
I looked over Jordan, and I've seen
Things are not what they seem.

That's what you get for pretending the danger's not real.
Meek and obedient you follow the leader
Down well trodden corridors into the valley of steel.
What a surprise!
A look of terminal shock in your eyes.
Now things are really what they seem.
No, this is not a bad dream.

The Lord is my shepherd, I shall not want
He makes me down to die
Through pastures green He leadeth me the silent waters by.
With bright knives He releaseth my soul.
He maketh me to hang on hooks in high places.
He converteth me to lamb cutlets,
For lo, He hath great power, and great hunger.
When cometh the day we lowly ones,
Through quiet reflection, and great dedication
Master the art of Karate,
Lo, we shall rise up,
And then we'll make the bugger's eyes water.

Bleating and babbling we fell on his neck with a scream.
Wave upon wave of demented avengers
March cheerfully out of obscurity into the dream.

Have you heard the news?
The dogs are dead!
You better stay home
And do as you're told.
Get out of the road if you want to grow old.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.562
ме заболе ако некој се најде увреден што му е објавено името..На крај краева тој ке живее крадејки од нашите пари.Не се они за списокот да го покажеме туку на едно дрво да ги закаќиш и со јаболки да ги маваме..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
,btw,,,,,,megjutoa so koe pravo ,,se objavuvaat ,,,lichni podatoci,,,bez odobrenie o navedenite lichnosti,,,,,seedno dali se vo prashanje ,,chlenovi na VMRO,,,ili SDSM,,,ili ti mi bilo koja druga partija ,,,,
Јас мислам дека сите кои се партиски вработени треба да се објават и со слика по можност, од двете партии. Народот треба да види на кои фаци им дава плата. Исто така добро се знае какви квалификации поседува дотичната особа, нема што да се крие, треба да се знае.
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Добро бе луѓе што ви е на вас проблемот? Ај ако не фатете да се убивате комуњари вс вмровци/комити whatever. Дали знаете дека цело препукавање партиско е само една фасада и дека ништо од тоа не е вистина? Па голем кур ако сте членови на некоја партија, ве прави ли тоа подобри личности? Не, тоа ве прави идиоти со книшки што се надеваат дека билокоја партија ќе ве вработи, и да некои ги вработуваат ама некои не, и at the end of the fucking day бране и грујо и компанија не се "смртните ривали" како што вие ги замислувате, политиката е игра што можат двајца да ја играат поготово при "демократија". А иначе знам кај е најголемиот проблем зошто има луѓе што на лице место ќе умрат за партијата, пренесено ви е од дома, од фамилилиите, маалото, комшиите. Никој во вашата околина не се чувствува прво и основно како Македонец туку имате други две или повеќе "националности" комити, комуњари и остали срања. Ви дал ли некој вас освен партијата некаков идентитет, знаете ли во која држава живеете?
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
ме заболе ако некој се најде увреден што му е објавено името..На крај краева тој ке живее крадејки од нашите пари.Не се они за списокот да го покажеме туку на едно дрво да ги закаќиш и со јаболки да ги маваме..
Се слагам пријателе, и мене ме заболе ако на некој од овие му е објавено името.
Но не верувам дека баш тој таму на листата ќе живее крадејќи од нашите пари. Мислам, некако таа фраза ми е наивно-очигледна. Не велам дека не се краде - скоро секој што е на работно место кај нас - краде.
Логиката е едноставна, тој некој си, се зачленил во партија за да има подобар финансиски живот, поголема и редовна плата и едномесечен одмор. Така да кога сме веќе кај крадењето на парите, не гледам тука некое крадење, освен во смислата дека секој од секого краде, што во суштина е наполно точна. Дали ти ќе работиш сопствен бизнис,дали во приватна фирма, дали ќе работиш во државна служба, или си професор и сл. сл.. онда ако ти се пружила можност ќе поткрадеш.. тоа, ко што реков речиси сите го прават.

Проблемот овде ти е што ти немаш работа, а имаш титула и звање (не сите секако) и немаш избор, па се подаваш на Партијата, како би преживеал! Е сеа тука ти е најголемиот парадокс.. така да малку ќе се поправам од прееска.. во суштина равенката не гласи ПАРТИЈА=ЖИВОТ, туку ПАРТИЈА+ЖИВОТ=ПРЕЖИВУВАЊЕ!

Ние сакаме да мислиме дека живееме, но во суштина преживуваме..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во овој случај треба да се разгледаат сите предности и мани на вклучување на истопартиски бракови, како и на таканаречените коалициони бракови. Што правиме ако, на пример, некоја партија се подели? Или ако две партии ја раскинат коалицијата? Дали брачните проблеми би се решиле кога по некоја неверојатна случајност денешнава позиција и опозиција би направиле коалиција?
Верувам дека само глупи луѓе можат да си дозволат дневна политика во интимниот живот. Само идиоти би се вознемирувале околу музика на свадба и добро е што онаа од прикаската во првиот пост била раскината по 24 часа. Подобро да се спречи одошто да има една вест повеќе во црна хроника за време на избори.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Јас мислам дека сите кои се партиски вработени треба да се објават и со слика по можност, од двете партии. Народот треба да види на кои фаци им дава плата. Исто така добро се знае какви квалификации поседува дотичната особа, нема што да се крие, треба да се знае.
Па и ги објавија ако не се лажам со оние помпезни филмски апсења.. Со Патариниве, со лажираните сообраќајни незгоди, со кладилнициве и коцкарнициве во Кочани и сл.
Само во овие случаи една работа боде очи, а тоа е: „За да се оправда системот пред очите на обичните луѓе, мора да падне жртва, како би се исполнила правната основа за функционирање на истиот. На тој начин, не е важно дали тие биле партиски луѓе, кои биле вработени партиски, но ете краделе, од било какви причини (најчесто немаштија), важно е да се докаже дека системот функционира, и покрај тоа што истиот тој систем ги поставил истите тие луѓе токму за таа цел (да се одржи финансиски до одредена точка, па кога ќе се осети потреба за промена, се отфрла претходната маана, па се заменува со пософистицирана шема), па така да не те чуди, еве прочитај по веснициве, што за сите тие случаи погоре наведени, добар дел од луѓето и се ослободени од обвинение (за кој курац?!), и пак ќе го работат истото што го работеле порано, само малку „пософистицирано“.

А она што е најинтересно за сите овие каубојски поапсени луѓе е што сите одговараат на профилот - има стабилна работа, но нема доволно пари за да прехрани фамилија, заглавен до гуша со кредити и сл исл. Со други зборови - во тоа е суштината на преживувањето.

Ова мора да се смени.. не бива ова вака..
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
проблемот е во тоа што зависноста на популацијата од опциите на пазарот (двете партии во овај случај) нема да дозволат да влезе и трета опција која ќе им го разбистри умот....ќе е ориентирана на потребите на општеството, граѓанска, еколошка и тн..

партиските војници и контролирани медиуми одма ќе прекинат било каква промена на умовите
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
проблемот е во тоа што зависноста на популацијата од опциите на пазарот (двете партии во овај случај) нема да дозволат да влезе и трета опција која ќе им го разбистри умот....ќе е ориентирана на потребите на општеството, граѓанска, еколошка и тн..

партиските војници и контролирани медиуми одма ќе прекинат било каква промена на умовите
мхмх па, не се знае.. сјебани битија сме...
трета опција,, па еве бе земи ја во Грција СИРИЗА.. нит чул нит видел во Грција такво нешто.. и оп ко кокичиња никнаа..
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
мхмх па, не се знае.. сјебани битија сме...
трета опција,, па еве бе земи ја во Грција СИРИЗА.. нит чул нит видел во Грција такво нешто.. и оп ко кокичиња никнаа..
абе кај грците дојде ножот подгрло....македонецот не знае за такви моменти...кога од своите ќе дојде ножот подгрло. Уште живееме во свет кога сите ни се криви а не ние што сме такви поданици.

нема ниту најави за зачетоци или ќелии на нови ветрови. Новите ветрови доаѓаат претежно од универзитетите...штодоаѓа од таму денеска?
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
абе кај грците дојде ножот подгрло....македонецот не знае за такви моменти...кога од своите ќе дојде ножот подгрло. Уште живееме во свет кога сите ни се криви а не ние што сме такви поданици.

нема ниту најави за зачетоци или ќелии на нови ветрови. Новите ветрови доаѓаат претежно од универзитетите...штодоаѓа од таму денеска?
Многу јасно брат, така е... уште не сме осетиле нож под грло...

Знаеш, некако имам впечаток дека со тек на време, кај луѓево овде, во меморијата им се врежани два настани, а кои ги сметаат како чувството „нож под грло“. Првиот е „транзицијата“, до 1998 и вториот „Конфликтот 2001“, и некако од тие два датуми како луѓево упорно да мислат дека доаѓа она подоброто, дека е веднаш зад ѕидот, бидејќи нели, го виделе ѕидот (1998 и 2001), ама никако да сфатат дека од 2001 година до денес, она што навистина го прават е, лупање на глава во ѕидот, и тоа ем по сопствена ем по туѓа наредба (на власта, не од надвор). Така да, он е веќе со ножот под грло, нож шо самиот си го ставил, само ваљда треба да му прсне главата од преголемо акање во ѕидот, па да сфати каде е ножот....

И заради тоа „нема ниту најави за зачетоци или ќелии на нови ветрови“, а од премногу акање глава боли...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Јас сум ВМРОвка со срце и книшка. Ако воопшто правам свадба, нема да има Цеца и Лепа Брена, ич ни Аца Лукас. Ке има само македонска музика. Имаме прекрасни народни и забавни песни. Ако момчето се траќа на Аца Лукас, нема да биде момче. Нема ни дечко да ми стане :)
Знаете, премногу сме поделени. Во ваков ,,мешан'' брак ке можат само оние каде што двајцата се за кеш у партија, или барем едниот е таков, па не му смета идеологијата на другиот.
Замислете двајца политички активни во различни партии. Жената ја праќа на митинг на сдс, а он оди да шпиунира кој отишол, а кој не. Она оди на состанок до 12 кај се носат битни одлуки, он дома ја чека наапан оти се задржала толку. И што ке му рече, душо, вечерва гласавме кој да биде кандидат за градоначалник, ама не можам да ти кажам кој. Или па полошо, не можам да ти кажам што правевме вечерва.
Вакви мешани бракови, само кај членови од интерес. Можеби е, ако има мноооогу љубов помеѓу двајцата и разбирање, и поинаку е можно.
Јас имам другарка комуњарка, во двегодишна врска со ВМРОвец, и ете им оди. Само толеранција им треба повеќе и се издржува.

Според болдираното би можела да одговориш па те молам објасни ми ја идеологијата на ВМРО дека навистина ме интересира.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 12:38 ---
Се слагам пријателе, и мене ме заболе ако на некој од овие му е објавено името.
Но не верувам дека баш тој таму на листата ќе живее крадејќи од нашите пари. Мислам, некако таа фраза ми е наивно-очигледна. Не велам дека не се краде - скоро секој што е на работно место кај нас - краде.
Логиката е едноставна, тој некој си, се зачленил во партија за да има подобар финансиски живот, поголема и редовна плата и едномесечен одмор. Така да кога сме веќе кај крадењето на парите, не гледам тука некое крадење, освен во смислата дека секој од секого краде, што во суштина е наполно точна. Дали ти ќе работиш сопствен бизнис,дали во приватна фирма, дали ќе работиш во државна служба, или си професор и сл. сл.. онда ако ти се пружила можност ќе поткрадеш.. тоа, ко што реков речиси сите го прават.

Проблемот овде ти е што ти немаш работа, а имаш титула и звање (не сите секако) и немаш избор, па се подаваш на Партијата, како би преживеал! Е сеа тука ти е најголемиот парадокс.. така да малку ќе се поправам од прееска.. во суштина равенката не гласи ПАРТИЈА=ЖИВОТ, туку ПАРТИЈА+ЖИВОТ=ПРЕЖИВУВАЊЕ!

Ние сакаме да мислиме дека живееме, но во суштина преживуваме..
Не е точно дека сите крадат.Тоа си го викаат тие што им треба некакво оправдување дека самите они крадат.Има голем број на луѓе кои не украле денар ниту од државата ниту од приватните газди за кои што работат.

И крадењето не е нормално или оправдано без разлика со какво оправдување.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 12:42 ---
абе кај грците дојде ножот подгрло....македонецот не знае за такви моменти...кога од своите ќе дојде ножот подгрло. Уште живееме во свет кога сите ни се криви а не ние што сме такви поданици.

нема ниту најави за зачетоци или ќелии на нови ветрови. Новите ветрови доаѓаат претежно од универзитетите...штодоаѓа од таму денеска?

Не туку обожаваме да бидеме жртви и да кукаме.Сите кукаат од ВМРО и СДСМ и никој не сака ништо да направи во врска со тоа.Впрочем мнозинството не ни сакаат промени само не го разбираат тоа.

Олигарсите им иде супер преку регулации и локални шерифи си држат комплетен монопол.

Средната класа се плаши од промени зошто може да бидат и такви од 90 па и они да се префрлат едно скалило подолу.

Сиромашните се борат за гола егзистанција а и реално голем дел и го немаат менталниот капацитет да сватат што би значеле промени .

И така ние си седиме во место со робовски менталитет.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Според болдираното би можела да одговориш па те молам објасни ми ја идеологијата на ВМРО дека навистина ме интересира.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 12:38 ---


Не е точно дека сите крадат.Тоа си го викаат тие што им треба некакво оправдување дека самите они крадат.Има голем број на луѓе кои не украле денар ниту од државата ниту од приватните газди за кои што работат.

И крадењето не е нормално или оправдано без разлика со какво оправдување.
Не реков дека сите крадат...
„ Не велам дека не се краде - скоро секој што е на работно место кај нас - краде“
„Дали ти ќе работиш сопствен бизнис,дали во приватна фирма, дали ќе работиш во државна служба, или си професор и сл. сл.. онда ако ти се пружила можност ќе поткрадеш.. тоа, ко што реков речиси сите го прават.“
Но в ред...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom