Партијата или животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе на шала ќе речев дека моментално најдобро е брачните партнери да се поделени во ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ и по можност политички активни, кој и да дојт на власт ќе имаат корист :)

Или меѓусебно ќе се шпијунирате и кодошите, секој во својот партиски штаб :D
 
кај има живот без партија денес ?! уживајте Македончиња кога подобро не можете.........
 
Нема македонци... само вмр/сдсм -овци.. и нормално рамковниот...

Ја заборави моментално најактуелната поделба - Словени и Антички Македонци:facepalm:
--- надополнето: 6 јули 2012 во 16:04 ---
Не смееме да го дозволиме ова како општество, последиците ќе бидат катастрофални.
Ваквото племенско групирање го уништува индивидуализмот и креативноста.
Никогаш нема да одиме напред ако припадноста во партија е критериум за прогрес во животот.

Ретко кој е индивидуален и креативен, затоа повеќето се групираат по оваа или онаа линија. Добро е што свеста кај некои луѓе се повеќе се буди и сфаќаат со што си имаат работа.

Искрено, ги жалам сите оние кои работат за системот. Грчевиот се држат за него, бидејќи мислат дека без него не можат да опстојат. Но, вистината е дека сите тие се само шрафчиња во таа огромна машинерија која постојано ги меле и ќе ги исплука при првата можна прилика (веднаш кога ќе се појави некој со посилна врска/подобра квалификација или ЦВ од вас).

Системот не сака креативни луѓе и такви кои мислат со своја глава, бидејќи со нив не може да управува. Дека може да се опстои надвор од него, може. Дека тоа е лесно, не е. Но верувајте дека нема ништо повредно од личната слобода, колку и да ви се чини тежок тој пат.
 
Само глуп човек може сериозно да го постaви прашањето, а уште поглуп да одговори "партијата".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom