Фан Клуб: Англија

Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Тоа е тоа само Стиви да продолжи во ист стил и прогласен е денес man of the match . Сите три утакмици асистенција со центаршут . Браво , звер .
Идеме чекор по чекор , знам дека имаат капацитет за да догураат подалеку ама полека .
Руни се враќа со гол и му паѓа товар од грб гол да даде . Стиви и Паркер незаменливи .
Одбранта денес добри не примија гол .
Еднаш кажав и денес пак , крилата слабо . Милнер игра само затоа што е подобар у одбрана од Волкот инаку немаше да стапне на терен .

Италија ...
Киелини им се повреди и најверојатно нема да игра . Столб им е во одбрана ама не дека немаат друг некој . Ме плашат Касано и Ди Натале . Подвижни се многу и брзи . Ако им протурат топка ќе ни избегаат 100% . Мора да се затври Пирло и ќе им дадеме гол сигурно .

Оптимист сум и идеме полека ...

Come on England
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.790
Го нема Лампард и нема гушење на средина. Секогаш мислев дека е подобро еден од Џерард/Лампард да не игра. Шо поради аутсајдерската улога на англичаниве, шо поради капитенот, шо поради Рој ми стануваат интересни. Би било добро да има полуфинале Германија-Англија
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Fun fact - Руни има дадено 15 гола на 14 меча против жабарски екипи. Не ми е проверен податоков за сигурно ама не верувам да е нешто грешен.
 
S

Stivie G

Гостин
Јас повеќе ја сакав Шпанија ама нема врска. Џерард секогаш во свој стил. Не дека е од Ливерпул ама досега е најдобар играч на ова првенство. 3 натпревари, 3 асистенции. Со Паркер се одлична двојка. Покрај Милнер за вечерашниот натпревар како слаба алка ќе го издвојам и Велбек кој не покажа ништо и мислам дека треба да биде седнат на клупа. Јанг денес го одигра неговиот најдобар меч на ова ЕП. Шанса во нападот заслужува да добие Керол со цел топките на Јанг да бидат поупотребливи. И од ден во ден сум се поубеден дека Англија ќе биде шампион пред се поради аутсајдерската улога која ја има добиено од скоро цел свет (y) .
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
велбек наредна мислам дека ќе ја одмара, 3 меча ги стартува по ред мислам дека оваа ќе ја одмори а тандем у напад ќе бидат Руни Керол. Се надевам дека она ДРВОНО милнер ќе биде седнат на клупа и дека Волкот ќе добие шанса по десната страна!
Идеме до финале!
 
H

HoT IcE

Гостин
Го нема Лампард и нема гушење на средина. Секогаш мислев дека е подобро еден од Џерард/Лампард да не игра. Шо поради аутсајдерската улога на англичаниве, шо поради капитенот, шо поради Рој ми стануваат интересни. Би било добро да има полуфинале Германија-Англија
Не трескај глупости, да беше фит Лампард ќе видиш каков тандем ќе беа со Џерард и каква креативност ќе имаше Англија на ЕП. Проблемот е во тоа што досега не се најде квалитетен тренер за Англија кој ќе ја склопи екипата за да се искористи максимум од Лампард и Џерард во ист тим, сите сме свесни за квалитети и визијата на Лампард кога игра зад напаѓачите, додека Џерард е типичен CM фудбалер и еден од најдобри на таа позиција. Но Џерард ко Џерард, ретко кога е фит цела сезона, па така никогаш не го достигна својот зенит.

Вака така, мене и Џену на крај вие што навивате за Англија на ова ЕП ќе треба да не честите по еден хамбургер и пиво, само јас и таа рековме дека Хоџсон може да ја одведе подалеку Англија, само ние верувавм во Хоџо.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.584
Поени од реакции
6.312
Пласман понатаму и избегнување на Шпанија.

Руни се враќа со голче што е добро бидејќи има мал проблем во главата па можеше да биде како на СП2010, вака би требало да кине. Жерард одличен, од натпревар во натпревар се подобар и подобар, со оглед на повредите и годините не очекував тоолку од него но пријатно ме изненади, вистински лидер на тимот. Секоја чест за пожртвуваноста на Паркер, со глава во оган влегува, така се игра со срце за тимот. Конечно и Јанг се разигра, како играше на минатите 2 подобро и Даунинг да играше сега е добро. Велбек слабо вечерва, млад е сеуште има уште многу да учи, и во Јунајтед играше цела сезона вака една утакмица гази, 2 го нема никаде... му фали константност која верувам дека ќе ја има во најскоро време и го гледам како незаменлив во оваа репрезентација во следните години. Милнер освен 1 центаршут ништо друго не направи, следната Волкот прва по секоја цена. Одбраната солидна, Харт одличен.

Први со 7 поени во група со Франција, Украина и Шведска е одличен резултат, очекувам да ги исплескаат и жабарите па во полуфинале да им се одмаздат на германците за непризнаениот гол на Лампард од пред 2 години, нешто слично како Челзи на Барса. :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.719
Поени од реакции
43.765
^ И јас неам ништо пртив Хоџсон кажано бре.. (освен дека ме нервира дефанзивниот стил на игра)..

Ај нека е честито пласнамот во 1/4 финале.. Баш сакав еден натпревар на Англија против Италија да гледам и ми се оствари желбата.. Голема предност е што Киелини нема да игра.. Мислам дека можеби подобро ќе биде Керол да стартува на наредниот меч, да има центаршути кон него, супер удар со глава има.. На клубска навивачка база мака ми е малце што Џонс не доби шанса да заигра, ама ајде Руни и Велбек постигнаа по еден гол.. Сеа во 1/4 финалето и Јанг е на ред.. :P Го молам Хоџсон да игра со Волкот како десно крило и во анализата пишав дека Бери и Милнер се ептен форсирани во репрезентацијата а не се сеќавам едно добро да имат направено.. Се виде како може да ги размрда Волкот на мечот со Шведска..

Се на се, задоволен сум, иако играт неатрактивен фудбал.. Мислам дека ако продолжат вака сконцентрирано можат и до Финале.. Ама како што кажавте погоре, полека полека.. :)

И де овие од Манчестер нека престанат да го фалат Џерард да нема шамари.. :D.. Заебавам, супер игра до сега на Џерард, баш капитенски.. :).. Ај интересно е ова кога навивачите на Јунајтед и Ливерпул навиваат заедно... Се гледаме во новата тема за ПЛ.. :*
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 02:22 ---
очекувам да ги исплескаат и жабарите па во полуфинале да им се одмаздат на германците за непризнаениот гол на Лампард од пред 2 години, нешто слично како Челзи на Барса. :D
Toa се бара...
 
S

Stivie G

Гостин
^ Ај интересно е ова кога навивачите на Јунајтед и Ливерпул навиваат заедно... Се гледаме во новата тема за ПЛ.. :*
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 02:22 ---
.
До 1 јули најкасно ова може да трае. После пак почнува старата песна :LOL:.
И почнете да ги фалите Хендо, Кели и Даунинг бидејки и тие се дел од тимот :icon_mrgr:.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Сите се*ат за голот, а не го гледаат почетокот на акцијата и офсајдот ц ц ц...
Еден метар беше Милевски мислам беше, па овој одма ја протури до Девич...

И Милевски кога пуцаше со глава имаше очигледен офсајд... Само да се се*ело... И тоа Панчевот, цел натпревар не прекина да јаде бурек... Ќе одева Маја, гледам јас :icon_lol:
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Aha, znaci nisto od karma. o_O
Za polufinale so nekoj grbav gol na Kerol od ofsajd sakam da gi tepaat vecno vtorite :D A za Italija sum ubeden deka ja pominuvaat ne prasuvajte zosto :)
Stivi car !!! :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom