Средба Груевски - Путин во четврток 21-06-2012

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
После посетата на бизнисмените од Владимировска област Грујо со поконкретен чекор...средба со Путин.
http://www.mkd.mk/38610/makedonija/vo-moskva-sredba-gruevski-putin/

Премиерот Никола Груевски во четврток ќе оствари средба со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, велат од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија.

Владина делегација, предводена од премиерот Груевски, од вчера до 22 јуни престојува во Руската Федерација, каде во неколку града ќе ги промовира инвестициските можности и поволностите за бизнис во Македонија.​
Делегацијата денеска учествува на бизнис форум во Москва, организиран од Трговско-индустриската комора на Русија. Предвидено е премиерот Груевски да има средба со губернаторот на Московската област Сергеј Шојгу, како и со менаџерскиот тим на компанијата „Протек Груп“.
Македонскиот владин тим утре ќе присуствува на бизнис форум во градот Владимир, каде што е предвидена средба со губернаторот на Владимирската област, Николај Виноградов.
Инвестициските поволности в среда ќе бидат претставени пред стопанствениците од рускиот град Нижњиј Новогород, каде што владината делегација ќе оствари средба и со Валериј Шанцев, гувернерот на Новогородската област.
Во четврток и петок претседателот на Владата Груевски и владината делегација ќе престојуваат во Санкт Петерсбург. Во рамки на посетата, владината делегација ќе ги презентира поволностите за отворање и водење бизнис на форумот што го организира Трговско-индустриската комора на Санкт Петерсбург.

Според средбите на Грујо, посетата е одговор на Грчкото вето пред се на ЕУ интеграцијата на Република Македонија, со нагласена економска агенда. Дали нешто се игра зад кулисите, дали позади економските средби ќе се чепне и безбедносната состојба останува да покаже времето.

Како и да е, овој чекор на Република Македонија беше очекуван, иако со доста закаснување, кое може да се толкува и како принципиелност на зацртаниот пат пред 21 година.
 
Неможе да се одалечи од НАТО пошо народов е скроз полуден(НАТО или смрт во нивните глави..) .. ако се одалечи од таму ја губи власта
 
Неможе да се одалечи од НАТО пошо народов е скроз полуден(НАТО или смрт во нивните глави..) .. ако се одалечи од таму ја губи власта

Нема врска ова.. сигурен сум дека барем 40-50% од народов е против или разочаран од НАТО.. а и немора да значи дека ќе се одалечиме (а јас би сакал) ако се зголеми соработката со Русија.. интереси си се интереси и не треба да се привзуваме многу.
 
Таман работа една средба да значи дека ќе се одалечиме .. онака како варијанта го дискутираме само :) да да инаку и јас сум апсолутно АНТИ-НАТО АНТИ-ЕУ ама поготово ова АНТИ-ЕУ дали 10% сме во Македонија ..
 
Ае го чекаме Путин да дојде ..Охрид негде при крај на лето (y)
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 00:30 ---
Македонија е zero - нулев фактор во секи едн аспект -политически , икономически , военен , стратегчески и регионален. Со неа или без неа -се таа...
Она секаш ке биде марионета ва рацете на соседните страни и великте сили...

На мамка ти у путка мрш!
 
Ае го чекаме Путин да дојде ..Охрид негде при крај на лето (y)

Да бе се затрча, еве од сега гледам залет дека зема...:pos:

Одлично би било да има официјална посета на толку битна светска политичка фигура, ама да не се лажеме, за тоа треба лобирање и да му се елаборира кој му е интересот ако дојде тука. :)
 
Ќе дојде он,само треба да му кажеме за Охридскиот маратон и ќе дојде да го плива :pos:
 
Ќе дојде он,само треба да му кажеме за Охридскиот маратон и ќе дојде да го плива :pos:

Да, за еден телевизор, кутриот тој нема ниеден...:pos: Уште од сега ќе почне да тренира осеќам....:sneaky:
 
Јас сум да не им вртиме грб на НАТО и Америка , оти тешко ни се пишува.
 
После посетата на бизнисмените од Владимировска област Грујо со поконкретен чекор...средба со Путин.
http://www.mkd.mk/38610/makedonija/vo-moskva-sredba-gruevski-putin/

Според средбите на Грујо, посетата е одговор на Грчкото вето пред се на ЕУ интеграцијата на Република Македонија, со нагласена економска агенда. Дали нешто се игра зад кулисите, дали позади економските средби ќе се чепне и безбедносната состојба останува да покаже времето.

Како и да е, овој чекор на Република Македонија беше очекуван, иако со доста закаснување, кое може да се толкува и како принципиелност на зацртаниот пат пред 21 година.
Интересно, зашто противопоставуваш Русиja со евроинтеграциите? Па и сите држави от Европа развиват односи со Русиja. Некои повеке, некои помалце, но нема вакви, кои да не развиват. Евроинтеграциjaта не може да замени односите со Русиja и обратно-Русиja не може да замени евроинтегративниот процес.
Криволак, С-400,ала бала... за тоа мислиш?
 
Ај ве молам бугариве што тераат офтопик да ги бришете.

Он-Станува полека полека јасно,Македонија ќе се врти на исток изгледа.

Во рок од месец дена Грујо се сретна два пати со претседателот на Кина и сега со премиер/претседател со еден збор газдата на Русија,при тие посети потенцираше дека средбите се од економски и ПОЛИТИЧКИ карактер. Ова и Груевски вчера го кажа,и Ставревски кажа дека овие средби се во насока на надворешната политика на Македонија во идните години.

На Еу не се ни сомневам дека им покажавме среден прст веќе,за НАТО ако не не примат најкасно до следниот самит очекувам и на нив да им покажеме,само претходно да се добие поддршка од Кина и Русија.
 
Интересно, зашто противопоставуваш Русиja со евроинтеграциите? Па и сите држави от Европа развиват односи со Русиja. Некои повеке, некои помалце, но нема вакви, кои да не развиват. Евроинтеграциjaта не може да замени односите со Русиja и обратно-Русиja не може да замени евроинтегративниот процес.
Криволак, С-400,ала бала... за тоа мислиш?
Види, во Македонија важеше, ако си за Русија си против ЕУ и НАТО. И јас се слагам дека економската соработка со Русија воглавном нема ништо против Евроинтеграциите, но во нашиот случај тоа преставува нужда во очигледното отсуство на Евроинтеграциите. Ние премногу вложивме во тие интеграции, речиси напразно. Нема веќе зошто да им се дава никаква ексклузива на ЕУ државите, ама баш во ништо.

Што се однесува до безбедносен план, според мене кочниците во интеграцијата кон НАТО, ни наметнува една нова перспектива. Како и дали тоа ќе се изигра, незнам. Но знам дека ќе се проба. Моментално клин на Балканот многу би значел за геостратешката положба на Русија во поширокиот регион, неутрализација на сите околни НАТО земји, тоа е факт. Незнам само дали е тоа изводливо.
 
1- Русија нема корист од МКД

2- Русија никогаш нема да биде воено и економски по силна земја од Западните Земји

3- МКД се дур не сака да се реши спорот со Грција,нема да има просперитет и добра иднина за македонските граѓани..
 
да видиме што ќе стане од средбата - од руските медиуми !

Русија нема никаква полза и ќар од Македонија инаку многу лесно ми се чини би ја зела под заштита под изговор дека за нив ова е света земја од каде потекнува писменоста на нивниот народ итн итн
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom