Прво, браво што конечно излеговте со јавно претставување на чупчијнава, досега имаше само спекулации.
Ја ако сум глупа, не сум мутава!
Целта била промоција, абе ајде... Кои се овие? Дали ова се модели за придружба на стари чичковци или млади батковци? Блогов има за цел да ги промовира за што? За каде? Не ме мафтај демек ова било блог само за убави девојки, без никаква друга цел. (Промоција значи претставување, на кого и што му претставувате?)
Имам и уште едно прашање, ако некоја девојка ја нема на блогов дали тоа значи дека таа е шугава и не ја примате во вашето друштво?! Ало, дискриминирате! На ошто личи воа? На ошто? Па до вчера се боревме за рамноправност на жената, меѓу народот попознато како еманципација, а вие сега правите да се делиме меѓусебе на убави и неубави. Нема смисла ова! Срамота, срамота, срамота! Патем, убавината е многу релативна работа. Тоа што за мене е убавина може за тебе не е.
Еве на пример имате некои теткици, меѓу машката публика познати како милфици, кои не само што не се убави, туку немаат ниту грам памет, значи не ги исполнуваат некои основни критериуми на публиката. Кога веќе се насочувате кон физичка убавина, јас сум видела многу убави Македонки, кои се далеку поубави од овие! Зошто токму овие ги избравте?
Штом се отвара тема во „Општи муабети“ треба и соодветен вовед.
П.С. Да не бидам погрешно сфатена, не ми е целта да привлечам внимание и да ме има кај вас на блог, напротив. Јас само сум љубопитна, мене само ме интересира која е поентата на целава работа. За каде ги спремате цуриве? Која е клиентелата? Како се плаќа? Кој ги облекува? Каде „вежбаат“?
Ако блогов е направен единствено за промоција, тогаш треба да се знае за каква промоција.