И помагаат при аутизам...Мачките лечат депресија - докажано.
Пробај со ремче против болви...Дефинитивно мојот мачор има претерано слатка крв, пак закачил болви, се нема спас од нив повеќе незнам ни кај да се обратам! Значи ни месец дена нема откако му ставив протектор ампула, како магнет за болви е, прееска 3 му извадив, косата ми се крена кога видов дека пак има. А стварно го пазам, надвор го изнесувам на 5 минути и тоа во раце го држам, зарем е можно од толку да закачува болви редовно? И зарем таа ампула не е за да не фаќа болви? Пак ли за џабе ја платив
Не помагале.Пробај со ремче против болви...
Незнам колку пари се ремчињата кој знае нека пише таман и јас сега треба да земам за кученцето
Не помагале.
Сега една пријателка на мама ми се јави, ми рече да земам од земјоделска аптека некаков си раствор Ветацид, да сум го попрскала дворот и мачорот и ниедна болва немало да има Со такво нешто ги прскале и овците, еве некој ако знае нека каже искуство, јас прв пат слушнав денес, ама ќе пробам, дефинитивно ампуливе не се ефектни.
Он само нека нема болви, за другото јас ќе средам се, греота е на овие жештини уште и да се чеша, приметив јас дека некое време се чеша, кога погледнав зад увото 3 му извадив. Ќе ја попрскам цела куќа, и во дворот, нон стоп улични мачки и мачори ми се шетаат, незнам зошто а не им давам јадење пак тука се вртат Може од нив некоја болва да залутала додека сум го шетала мачорот во двор. Ќе му земам и од тоа сретството неопитрид (или како и да беше) и со тоа ќе го намачкам и плус ќе го попрскам со тоа Ветацид.Не треба да се вознемируваш толку, големо чудо ако си нашла некоја. Али штом толку инсиститаш да нема ниедна, освен редовниот третман со ампули, огрлица и сл, се препорачува да се испрскаат и исчистат и местата на кој што најчесто лежи животното-бидејќи колку што знам, мачјите буви ги полагаат јајцата во нејзината постела, корпа, во паркетот, теписонот... Така да, не е лошо паралелно со третманот на животното да направиш и дезинсекција на околината-со соодветно средство да ги истретираш перничињата, прекривките и се она што е најчесто во допир со мачето...
Треба да внимаваш средството со кое што ќе ја вршиш дезинсекцијата да биде безбедно за мачето (да не е отровно за него-значи исклучиво употреба на средство според упатство и совет на ветеринар) и да се погрижиш тоа длабоко да навлезе во сите пукнатини на подовите, меѓу паркетните лајсни (пример)-во сите места каде што би можеле јајцата да се задржат.
Значи, те чека гооооолема работа...
Он само нека нема болви, за другото јас ќе средам се, греота е на овие жештини уште и да се чеша, приметив јас дека некое време се чеша, кога погледнав зад увото 3 му извадив. Ќе ја попрскам цела куќа, и во дворот, нон стоп улични мачки и мачори ми се шетаат, незнам зошто а не им давам јадење пак тука се вртат Може од нив некоја болва да залутала додека сум го шетала мачорот во двор. Ќе му земам и од тоа сретството неопитрид (или како и да беше) и со тоа ќе го намачкам и плус ќе го попрскам со тоа Ветацид.
А нели од ампулата не требаше да фати ниедна? Нема ни месец дена како што му ја ставив, еве и по мислењата во темава може да се види кога сум напишала, значи ја купив за да нема болви, ако ми беше сеедно ќе го оставев без ампула, не вака и џабе парите треснати и мачорот пак се малтретира
Везилке, со толку многу хемикалии единствено што можеш да направиш е да го отруеш мачорот. Чим го пушташ надвор, макар и 30 минути неделно, помири се со фактот дека ке има болви. Не е страшно тоа. Болвите се насекаде, особено летно време, ги има по птиците, по тревата, низ теписите, во креветите, особено ако живееш во куќа низ која проаѓаат животни во дворот. Болвите не се многу штетни ако се контролираат редовно. Бањај го мачорко, на 2-3 месеца ставај му ампула, купи му каифче само гледај да не е со поминат рок, поради дејството за против болви. Редовно чешлај го. Јас моево маче секојдневно го бањам со влажна крпа. Лом се прави по цреповите со пајажини и не знае самото да се чисти сеуште.Ќе му земам и од тоа сретството неопитрид (или како и да беше) и со тоа ќе го намачкам и плус ќе го попрскам со тоа Ветацид.
Обавезно да ми кажеш каков е тој прашок, ако треба се ќе пробам само нека нема болви се ужаснувам кога ги гледамВезилке, со толку многу хемикалии единствено што можеш да направиш е да го отруеш мачорот. Чим го пушташ надвор, макар и 30 минути неделно, помири се со фактот дека ке има болви. Не е страшно тоа. Болвите се насекаде, особено летно време, ги има по птиците, по тревата, низ теписите, во креветите, особено ако живееш во куќа низ која проаѓаат животни во дворот. Болвите не се многу штетни ако се контролираат редовно. Бањај го мачорко, на 2-3 месеца ставај му ампула, купи му каифче само гледај да не е со поминат рок, поради дејството за против болви. Редовно чешлај го. Јас моево маче секојдневно го бањам со влажна крпа. Лом се прави по цреповите со пајажини и не знае самото да се чисти сеуште.
Мене до сега највеке ми помогнала ампулата од петшопот под Пабот и бањање со сјај за садови, по можност од лимон, цитрон. Миризбата ги зашеметува болвите и можеш многу лесно да ги фатиш со рака. Кога ке го бањаш, прво натопи му го вратот со пења, за да не можат болвите да бегаат во ушите и на главата и детално прегледај му го секој сантим од телото додека е натопено. Ако ти прета нека ти помогне некој.
Имам еден другар, во дворот чуваат зајак, куче, гулаби и имаат малечко бебенце 10 месеци. Дворот го прскаат со некој прашок, што не бил штетен за животните и цело лето немаат најдено ниту една болва низ дворот и кај животните.. Тоа го знам бидејки и бебето си игра со зајакот и нема шанси да дозволат ако зајакот има болви. Ке прашам како се вика прашокот и ке ти пишам.