Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Сакав 300-та да ја заокружам овде па ќе фрлам некој збор во врска со распоредот.
Ми се допаѓа тоа што почнуваме со Евертон на гости, потежок противник на почеток, односно противник кој ни должи многу и кој сакам да го истуриме.Потоа омилениот месец од сезоната Септември од убаво поубаво Сотон, Виган па кај Скаузерите и на крај кај Тотенхем за милина.
Е веќе во Октомври ќе биде малку позафркнато со Њукасл на гости - екипа од која најмногу стравувам, минатава сезона лесно ни ги зедоа поените и плус не наполнија до врв, но се надевам дека ќе им вратиме со дупла доза оваа сезона.Челзи второто дерби за оваа сезона веднаш после Стоук.Се знае еден од најзабавните и највозбудливите натпревари во секоја сезона.Фудбал за душа, борбен. . .е сега понекогаш и судиите знаат да заебат, ама таков е фудбалот.
Ноември го започнуваме со дерби дома и го завршуваме со дерби дома.Арсенал и Вест Хем.
Можеби за вас не е дерби со ВЕст Хем ама за мене е и тоа какво, бидејќи колку ме држи сеќавањето секогаш сме имале проблеми со “чеканите“ една ептен незгодна екипа додека играше во Премиер секако.СЕга незнам каква е состојбата кај нив кои играи ги имаат, кој им е тренер, но не е важно оваа година верувам дека лесно ќе ги поминеме.Пред тоа тука е натпреварот против КПР, екипа која ја мразам од дното на душата и која ја сметам за селска екипа, екипа која не заслужува да игра во ПЛ.Се надевам дека ќе зажалат што останаа и оваа сезона.
Декмеври- месец во кој ќе се изнагледаме најмногу натпревари и јак фудбал - со Сити на 8, се надевам дека нема да ни се повтори она од минатава сезона, дека нема половина екипа да биде поврдена и да се шета по болници и бајачи, туку сакам да верувам дека ќе бидат сите здрави и дека ќе им вратиме на Сити со некој педерски резултат како што го правевме тоа минатите години.Потоа Сандерленд на Мартин Онил тренер и човек кој после Арсен Венгер (како тренери на други екипи секако) го почитувам, човек кој знае добро да ја постави екипата и да го извлече максимумот од совоите момци.Очекувам добар фудбал и со нив и секако наша победа.
Потоа следуваат Свонси, Њукасл и Вест Бром и двата меча на Олд Трафорд.Крај на годината на домашен терен , и дај Боже на врвот на табелата!

Ќе продолжам подоцна кога ќе се вратам од град.
ПС:Чекам на реплики.;)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро Модрич веќе знаеме како игра "не ни се бендисува" поради X причини,новиот ќе се покажи подобро ДАЈ БОЖЕ!
Ама сепак да го имаш Модрич во екипа е малце подруга работата ;)
А дека не признавам играчи под 20 мил.... секако дека признавам..
Колку го зедовме Џонс? 18 мил ми се чини?
Де Геа колку го зедовме? И него го признавам иако на почеток мн. р'жев... ;)
Епа земи поука и не ржи више.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Sto mislite za vecer ke ja tepa li anglija ,ukraina. Ke bide jako da se glea nasata trojka napred
Rooney Yang Welbeck
:vozbud::vozbud::vozbud:
 
A

apidrone

Гостин
А којзнае дали Велбек ќе биде прв состав.. Руни и Јанг сигурно играат.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.542
Поени од реакции
3.586
Руни и Јанг сигурно играат. За Велбек не се знае ама ќе биде подобро за Англија Велбек да биде стартер отколку Керол.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Епа земи поука и не ржи више.
Бла бла бла.....
Демек играчиште ќе стани, то е знак прашалник.
Не мора ако сум згрешил за ДЕ Геа, па да не смеам сус да речам... :cautious:
Па че ти речам друго е да го купиме Модрич друго е без него...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Бла бла бла.....
Демек играчиште ќе стани, то е знак прашалник.
Не мора ако сум згрешил за ДЕ Геа, па да не смеам сус да речам... :cautious:
Па че ти речам друго е да го купиме Модрич друго е без него...
Пак правиш грешка. Го плукаш Пауел а сакаш да дојде Модриќ. Викаш со Модриќ ќе е поинаку. А од кај знаеш дека со Пауел нема да биде, тоа те прашуваме? Или прво требаше Евертон или Арсенал да го купат како најзагреани па за 2-3 години да му опнат цена 35 милиони? Откај знаеш дека нема да биде ко со Чичарито и дека нема да даде 15-20 гола во првата сезона?

Откај знаеш дека Модриќ нема флоп да биде? Може ќе потпадне под притисокот, може ќе се изгуби, може ќе биде Верон бр. 2. Затоа има право sir Alex , aко го земеме Модриќ и испадне флоп, тој ќе биде во право. Не го сака Модриќ, мисли дека нема да се снајде и тоа е негово мислење, ако го земеме Модриќ и успее тука, тогаш напаѓај го.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Пак правиш грешка. Го плукаш Пауел а сакаш да дојде Модриќ. Викаш со Модриќ ќе е поинаку. А од кај знаеш дека со Пауел нема да биде, тоа те прашуваме? Или прво требаше Евертон или Арсенал да го купат како најзагреани па за 2-3 години да му опнат цена 35 милиони? Откај знаеш дека нема да биде ко со Чичарито и дека нема да даде 15-20 гола во првата сезона?

Откај знаеш дека Модриќ нема флоп да биде? Може ќе потпадне под притисокот, може ќе се изгуби, може ќе биде Верон бр. 2. Затоа има право sir Alex , aко го земеме Модриќ и испадне флоп, тој ќе биде во право. Не го сака Модриќ, мисли дека нема да се снајде и тоа е негово мислење, ако го земеме Модриќ и успее тука, тогаш напаѓај го.
Не го плукам, откај знаеш бе Пауел можеби во ЛШ ќе се изгуби?
Добро се е ризик, ама Модриќ јас мислам е докажан за Премиер Лига, плус тоа за Хрватска супер изигра вчера ак ого гледаше натпреварот,плус ги набројав играчите што веќе се стари за таа позиција,а јас мислам дека Модрич е соодветното засилување кое ни треба.
А дека мислиш ти дека со поефтино ќе поминиме, ЛШ ај што отпаднавме од групи отпаднавме :facepalm: , ами Атл.Билбао што ни направи, ни ја загина топката или ај за клуб како Ман. Јунајтед што би рекол Евра, понижување е играњето во Лига Европа...
Пауел ти реков дека можи да го биди можеби не, што ако направи како Погба?
Ете тро живна детето сеа сака да си оди....
Што ако е Бебе бр. 2 ? (со оглед на цената што ја плативме за играч од 3та лига)
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Друже цената што ја плативме за Пауел е 2м фунти со можност да се искачи до 8, а за Бебе плативме пуни 8м :facepalm:. Дека Пауел ќе биде откритие на сезоната чисто се сомневам, сеуште е доста млад и прави огромна промена на средини. Останува да го чекаме 18 јули и да го видиме на дело.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Застанав кај Нова Година од таму и продлжувам...
Јануари исти мечеви како и во Септември само распоредот е друг, имено Новата Година ја започнуваме на 1 :) против Виган дома, мераци...Походот би требало да продолжи на 12 против Ливерпул исто така дома, потоа следува Тотенхем односно Сотон, добри противници преку кои според мене би требало да поминеме лесно, само уште еднаш ќе речам дај Боже да не не’ мачат повреди!
Февруари и Март месеци без дербиња, ама не значи и дека ќе биде лесно.Фулам и Евертон во една недела и потоа две недели одмор веројатно ќе има репрезентативни натпревари...
Ќе биде тешко во овој период затоа што секоја година баш во овој период некако се мачиме со слабите противници.Но надежта последна умира, па повторно ќе речам се надевам дека ќе ме демантираат момците.
Е Април еден од поубавите месеци од сезоната кога има неверојатна напнатост и нервоза, кој ќе биде прв на целта.Во овој месец може слободно да се каже дека го имаме најтешкиот распоред во цела сезона.Почнуваме со Сити дома, продолжуваме кај Стоук на гости, па со Астон Вила дома, а по една недела односно по 6 дена против Арсенал на гости.Доста тежок распоред.Да дискутираме за тоа кој ќе тепа е безпредметно зошто до таму има уште 10 месеци така да ќе чекаме до тогаш мирно и ќе веруваме дека се ќе биде како што сакаме и дека ние ќе сме први.
Мај би требало да го поминееме лежерно со Челзи почнуваме, завршуваме со Вест Бром на гости, јас искрено сакам баш против Челзи да го дигаме трофејот, на претпоследниот натпревар дома.
До Мај следната година има уште време а до тогаш Stay calm and believe in MAN UTD.

Сума сумарум: доста интересен распоред, распоред на мечеви во една сезона во која ние ќе бидеме први, прваци, шампиони....!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Друже цената што ја плативме за Пауел е 2м фунти со можност да се искачи до 8, а за Бебе плативме пуни 8м :facepalm:. Дека Пауел ќе биде откритие на сезоната чисто се сомневам, сеуште е доста млад и прави огромна промена на средини. Останува да го чекаме 18 јули и да го видиме на дело.
И Чамбо од Арсенал прошлата година ова време играше во дваеста лига со Саутемптон, па успеа да стигне до англиска репрезентација :) Да не кажувам како играше против нас, против Милан, како игра на Еуро без страв. Вилшер исто така е добар пример. Смолинг работеше во хотел 6 месеца пред да ни се приклучи нас па одигра добар дел од сезоната и тоа воопшто не се секиравме ако играше Смолинг кога Рио беше повреден. Не гледам зошто и Пауел не би го достигнал тоа ниво уште во првата година со оглед на тоа дека има плата 14,000 и Фергусон ги одбил сите клубови кои го побарале на позајмица :)
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Слична ситуација како со Погба имаме и со Фрајерс, го одбил последниот договор што му бил понуден и најверојатно ќе си замине како слободен агент, најинтересирани за него се Тотенхем и Њукасл. Но да не се деси пресврт со ситуацијава да не избрзуваме, според тоа што го одигра сезонава под водство на Ферги би можел да стане одличен лев бек а играше и ко штопер во неколку наврати но џабе ако е ко Погба.

Незнам едноставно зашто само не му верувате на стариот само тоа е потребно, никогаш не не изневерил со играчи има доста примери за тоа и нема потреба од наведување.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Filipsis, медицински проблеми има Фраерс, а и луѓе што го прателе во живо за резервите велат дека ептен стагнирал и не бил нешо посебно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom