Инвестиција за кафич во Скопје

  • Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
А да дојдеш во барака 5 во општина центар и да видиш како работиме?
Во нашава држава, никој, ама буквално никој не работи убаво и без проблеми ако нема грб или врски или пари. И да си најчист и да работиш направилно и да се окозиш од пазење да примениш се` што се наметнува секој ден, пак ќе го јадеш ако си сам. Многу убаво кажа ДиЏеј... пред да дојдат знаат колку ќе те казнат.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Јас знам двајца што имаат кафичи што работат релативно добро и што немале проблеми со рекетари, инспекции и тн. Што е финтата? Секогаш работат по закон, работно време, пријавување на вработени, фискални, закон за пушење. За рекет знам дека нема такви работи освен ако нешто не почнеш турбо да работиш (и овие вадат добри пари ама не се во рангот на кафич на улица Македонија).
Кога јас би отварал угостителски објект тоа сигурно би бил паб. Има малку повеќе инвестиција од кафич ама мислам дека се исплати ако знаеш да работиш.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
'Koko' Кажи му на другар ти да си ги чува парите и да си седи мадро ........... освен ако не му е толку жал за парите што планира да ги инвестира т.е. да ги фрли по ветар !
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
јас реков дека се исплати но за 5-6 години и тоа под услови да работиш цела година топ а вака тешко дека имаш некој голем ќар.

Се надевам дека можеш да му дадеш некоја друга идеја на другарот за поуспешен бизнис ова во Македонија 2012 е преживување така да не се исплати но добро е само што вработуваш луѓе.

Сем ако знаеш некои големи зверки па да ти најдат локација и да имаш висока клиентела но во Скопје има толку многу кафичи и конкуренцијата е премногу јака така да види си на крај.позз
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Јас знам двајца што имаат кафичи што работат релативно добро и што немале проблеми со рекетари, инспекции и тн. Што е финтата? Секогаш работат по закон, работно време, пријавување на вработени, фискални, закон за пушење. За рекет знам дека нема такви работи освен ако нешто не почнеш турбо да работиш (и овие вадат добри пари ама не се во рангот на кафич на улица Македонија).
Кога јас би отварал угостителски објект тоа сигурно би бил паб. Има малку повеќе инвестиција од кафич ама мислам дека се исплати ако знаеш да работиш.

работење легално и почитување на закон нема врска со рекетари....во земја во која не функционираат институциите...царуваат рекетари...посебно угостителските објекти се постојана мета....рекет не е само изнуда на кеш пари
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Да можеш да имаш рекет немора да е за пари но може да ти го искршат локалот за да ти текне дека мора да имаш обезбедување многу едноставно оди тоа и се е легално мислам:pos:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Да можеш да имаш рекет немора да е за пари но може да ти го искршат локалот за да ти текне дека мора да имаш обезбедување многу едноставно оди тоа и се е легално мислам:pos:
Tоа се решава многу едноставно, со една доооооооолга ноќ..после која утрото нема веќе ракетари ни за лек.., но проблемот е што тоа тешко се прави во една ракетна држава...;)
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Сега јас од прва рака ти кажувам, а ти прави филмови за рекетари.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Tоа се решава многу едноставно, со една доооооооолга ноќ..после која утрото нема веќе ракетари ни за лек.., но проблемот е што тоа тешко се прави во една ракетна држава...;)
Кажи бе Бетонче кој сака нас да не прими во ЕУ туѓо бараме свое не даваме ем ербап ем чорбаџија а за работникот ништо вааааа мајката.........

Уште многу ќе треба балканот да јаде паштета за да се среди.

Не велам дека странците не се мрзливи но тоа е факт.

Еве ти една проста математика советник во опшчина во Кривогаштани зема 30000денари без придонеси месечна плата а еден бурекџија работник зема 25000 со придонеси тој од општината нема никакви трошоци да речеме боја за кондури и една кошула што смрди на пот а бурекџијата мора да мења секој ден кецеља да купува зејтин да плаќа фактури и други тракатанци.

Шо мислиш на крајот на годината кој може да си дозволи одмор аргатот или бирократот?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Tоа се решава многу едноставно, со една доооооооолга ноќ..после која утрото нема веќе ракетари ни за лек.., но проблемот е што тоа тешко се прави во една ракетна држава...;)
А на запад као нема рекетари? Please...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Кажи бе Бетонче кој сака нас да не прими во ЕУ туѓо бараме свое не даваме ем ербап ем чорбаџија а за работникот ништо вааааа мајката.........

Уште многу ќе треба балканот да јаде паштета за да се среди.

Не велам дека странците не се мрзливи но тоа е факт.
..што па тебе ти е гајле, ко реш печен кенгур со ананас и прелив од манго нема ништо на овој бел свет..., уживај :vozbud:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
..што па тебе ти е гајле, ко реш печен кенгур со ананас и прелив од манго нема ништо на овој бел свет..., уживај :vozbud:
А сакаме да солиме памет а дома сме алчни и посесивни.океј

Да скратам кафич надвор да дома не позз
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Имам пријател од Финска кој сака да инвестира во Македонија т.с во Скопје , сега пари за инвестирање па како за почеток и несака многу да вложи и затоа му предложив инвестиција во кафич која според мене онака е најпримамлива односно доколку јас ги имам тие пари би отворил некоја дискотека или кафич , прашање до вас што би било потребно за инвестиција во тој кафич на добро место во Скопје , колку пари за кирија , даноци и слични работи како и за уредување на просторот ако е потребно . Евентуално во можност би влегла и Битола доколку ова на некој начин би било подобро или поисплатливо таму ...
Рачунај 10 бона минимум.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
на широк сокак ако сака кафич киријата се движи мислам од 1500-2000 евра , за во споредна уличка вцентар е многу помала а според мене и попаметно ке му биди така да отвори ако отвара Битола да не се сили на Широк Сокак одма а и има веке доволно таму , нека биди нешто настрана ама нешто поново, интересно да примами поке луѓе
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Битен фактор е газдата на кафичот да не биде во политика вмешан, односно да не биде партиски определен...Пошто ако го насетат дека е опозициска фирма ништо не го спасува...Џабе е колку и да ги почитува сите закони и да работи прописно има да му дојдат илјадници иснпекции и ќе го изгорат начисто...Има сам да бара да го затвори кафичот (или било каква друга фирма...) Имам за ова слушано во Скопје многу...
А за тие што се од другата страна е обратното...Еве на пример, пошто јас често во Палма идам на сладолед во Аеродром, тука во близина има еден кафич што се вика Маска и зборат луѓето дека газдата бил во МВР нешто вработен некој инспектор...Во кафичот е урнебес...Пејачки и танчерки до сабајле (ако на некој смета во околните згради нека се пресели бе од тука...), мењава вработени кога ќе му текне, внатре се пуши итн...Јас не сум стапнала таму, затоа не можам да тврдам дали дава фискални на сите...Му се може бе!
Значи не генерализирам за сите туку кажувам од она јас што сум го видела тука во Скопје и што сум слушала од блиски луѓе...
Од друга страна пак еве Тренд кафичот па цел живот работи...Го затвараа порано, ги казнуваа ама еве ги работат и тоа на најурбаната локација во Скопје...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom