Фан Клуб: Англија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Керол му покажа на Робен како се изведува пенал, и тоа со глава :icon_lol:
 
576697_441212555897065_1782452848_n.jpg
 
Со Украина ќе биде одлучувачка...а за тој меч мора да се поправат неколку работи доколку Хоџсон сака успех во тој меч.

Прво нека ја консолидира одбраната, да види и некои други опции ако може да комбинира зошто онакви голови како денес не смеат да се примат, а ако се знае како Шева ги мрдна швеѓаниве треба и тоа баајги да го средат.
Второ, Волкот мора да игра пред Милнер затоа што Украинциве се назад доста бавни и бочно ќе можат многу лесно да ги изедат. Паркер и Џерард се добри како дуо, добро се разбираат на теренот (нека гледа Роџерс сега :P) и се надополнуваат кога некој ќе пропушти некоја топка. Реално доста истрчаа и двајцата, посебно Паркер кој според мене беше еден под подобрите поединци на мечот.
Е сега Хоџсон ќе биде на мака за во нападот. Би било убаво да им даде шанса на Керол и Велбек и против Украина, но сигурно Руни ќе го започне тој меч зошто мислам дека Хоџсон ќе сака да го одмори Велбек за 1/4 финалето а со тоа што ги изигра овие 2 меча ќе го одмори. Реално гледано за против Украина најдобро би се снашол и Дефо зошто ги следам баш Украинциве во одбраната се доста бавни и многу споро реагираат на секоја топка така да секаква брзина во шпицот ќе биде од голема корист и мислам дека тоа ќе биде тајниот рецепт за успех.

Како и да е, мило ми е за карактерот што го покажаа момциве и борбеноста што ја маниифестираа до самиот крај на мечот.
 
Два гола и асистенција на Ливерпулци денеска :icon_lol:
 
Да да , спори си се украинците позади , така да треба да играат Дефо и Руни со крила Волкот и Јанг и средина Паркер и Стиви и ќе ги добиеме . И мора да ги добиеме со повеќе гол разлика ( моментално франција има плус еден од Англија ) доколку и Франција победи за да ја избегнеме Шпанија . Не дека ќе биде лесно со Италија ама ќе биде далеку полесно .

За вчера , драма . многу пиво ( на секој парен број голови , гага точено (y) ) и многу нервирање . Два глупи голови примивме . Првиот Глен заспа позади инаку офсајд ќе си беше а вториот со глава каде што мислам дека ни е јака страна амм го оставија САМ . Па у маало така сам нема да остават никој во тој дел од теренот а не на Еуро .

Највеќе до сега ме разочараа Милнер и Јанг . Не покажаа ама буквално ништо а Англија негува игра со центаршут а од нив нути еден ( не ми текнува кој ја нафрли таа на Тери ) . Најјака алка ни се Стиви и Паркер . Лелел мајко колку трчаат па не е хумано .

Добро е , покажаа карактер вчера . Добри и Керол и Велбек , сеа се враќа и Руни . Идеме даље чекор по чекор .

Поздрав
 
И јас сметам дека Волкот треба да е стартер...за нападот има повеќе опции сега со Руни. Сигурно е дека ќе игра 90 мин, а Рој може да им даде по едно полувреме на Керол/Велбек in that order...
 
Керол треба да го чува евентуално за Шпанија. Истата игра од Барселона ја играат, играчите се повеќето од таму така да со шпанците само со нафрлени топки и од прекини да скокаат Керол и дефанзивците на Англија. Инаку јок. А сега Шевченко ако не ве реши никој нема :icon_lol:
 
Керол ќе биде седнат на клупа на сметка на Руни за Украина.
Мале ако не поминат групата Англија кој ли Ливерпулец ќе биде виновен:icon_lol:.
 
Подобро Хоџсон бидејки еден период беше од Ливерпул :D.
Хоџсон сигурно, реков уште некој да посочам :D

Сепак да почекаме да заврши натпреварот и после ќе коментираме.
 
Керол ќе биде седнат на клупа на сметка на Руни за Украина.
Мале ако не поминат групата Англија кој ли Ливерпулец ќе биде виновен:icon_lol:.
Јасно дека Руни е стартер...Ако не поминат групи и ако Руни не даде гол, се знае кој е крив. По дифолт е.
 
Јасно дека Руни е стартер...Ако не поминат групи и ако Руни не даде гол, се знае кој е крив. По дифолт е.
Епа Руни ќе биде крив. И онака тој е роден во Ливерпул:ROFLMAO:. Врти сучи во секој случај излегува дека некој од Ливерпул ќе биде виновен :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom