Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
И кога животот ќе ти пројури како молња во лошо време, ти сети се дека вредело и смењето и плакањето ... Кога ти се чини дека се е лошо , и дека нема враќање, ниту среќа, сети се дека некому му е грижа за тебе и дека Бог има свои планови... И сети се дека има смисла и тогаш кога ја нема... И дека има надеж и тогаш кога ќе исчезне... Твојот живот не е залудна битка, секој момент е вреден... Сети се, животот е само еден...

ДА, ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ!

П.с До кога бе ќе ги толерираме дегените шо дилаат слики од светци по фејсбук (за мочан лајк) ко тефтерче од Касандра? Инстант поезија и инстант консументи на истата. Ср*ње!
 
Драга,
Тоа претчуството шо го имав, испадна да е едно големо изненадување! Пријатно, замисли. Не знам како ми е сега и што сакам и што мислам итн. Во секој случај, добро што се случи. Во иднина полесно ќе биде да се одлучува за тоа, кога веќе бидна првиот чекор. Којзнае... можеби ќе ме стрефи невидена среќа... којзнае...:oops:
Иначе, еве скапувам на работа и пречекувам и испраќам луѓе што одат на плажа. Ама добро е... сите ми ветија дека ќе се фрлат во вода еднаш за мене. Ако се собере тоа, денес ќе се скапам од капење!:icon_lol:
Друго... виде ли вчера само јас ја погодив Чешка x-1? Кога не ме слушаат луѓето, јас ли сум им крива?:cool:
Ај доста ти пишам, одам да мијам чаши. Тоа деновиве навистина ептен ме радува. Шлапкање во ладна водааа, оу јеее.:vozbud:

Песна рече сакаш? Добро...
Нема повеќе вакви песни, мамата...
 
Ако ти значам јави се на фиксен, јави се на фиксен. Ако ти требам барај ме фиксеееееен.
 
Дк,
Многу сум нервозен па еве да си кажам шо ми лежи на душа.

Значи како ме нервира кога некој ќе ми се прави експерт во нешто што и тој самиот нема врска што е! Се работи за овој македонски феномен "експерти" за се ! Незнам зошто така ама едноставно некои луѓе сосила се прават глупави со тоа што мислат дека знаат се. Ехх, кога ли ќе разберат дека не се во право. Прв пат во животот гледа фудбал - оп експерт за фудбал ми кажува 300 небитни работи и шо не ти знам.
До кога вака бе ?!

Ај чао !
 
Драга,

Притисокот ме вози овие два дена и ми смета, а имам задачи за вежбање, ме удара у тил а ја кренам главата точно у мал мозок...
Ми текна на сцената од Сенки, кога разговараа Менка и Лазар во куќичката покрај пругата, кога Менка му зборува на Лазар:
-Приквечер имаше светулки, триесет, четириесет светулки како соѕвездија трепкаат и летаат. Ти одиш и влегуваш меѓу соѕвездија. Влезен меѓу соѕвездија тие околу тебе, под тебе, над тебе. Се движиш ти, се движат и тие...
:(
 
Драга,
има нешто во старите македонски филмови, што прави да не може да се споредат со ниеден друг филм. :)
И покрај сите нервози викендов, се помина ок. :)
Поздрав, Драга. :)
Еве ти една: - Денови на искушение... :)
 
Кајганче!
Посакувам да немам никаква емоција, никакво чуство.Посакувам да не давам значење на глупи банални работи кои ми се случуваат, посакувам да не сакам, посакувам да не се грижам, да не се секирам, да бидам индифирентна кон секаква емоција.Сакам да бидам како робот, работите да ги извршувам механички, без една трошка емоција.Ама многу сакам нели..?
 
Кајги,
На моменти се ме нервира, на моменти се ми е убаво, не знам и јас што сакам. Кога си имам се, не знам што барам уште, мислам немам баш се, ми треба некоја работа, зашто вака залудно го трошам времето, морам и јас да бидам нешто од корист. Сакам да одам на шопинг да се изнакупам се:pos: си имам некоја заштеда, ама не ми се троши, затоа најдобро ќе биде да најдам нешто во поскоро време, цела година залудно отиде.
 
Ми иди да си фатам женска за седум дена, појдам на легачки одмор со решавање крстословки Бла Бла 3 за 50 динари и излежавање на плажа покрај море, и пак да и се се скарам кога ќе си дојдам дома. :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom