Какво зло чинеле евреите тогаш и каков договор имале со муслиманите?
Јас не верувам евреите да се договарале со муслимани ниту пак со други народи оти они тогаш соработувале само меѓу себе.
Што зло му причиниле на Алах евреите како народ па затоа се спомнати-ќе може некој поопширен цитат??
Покрај евреите ме интересира дали и Христијаните ги има во Куранот??
И секако ме интересира што со Шиитите(Иран) тоа не се арапи туку персијци но се шиити и имаат Икони од Мухамед поточно поинаку практикуваат Ислам од нашите Муслимани со кои векови имаме соживот кој неќам да се уништи поради постапки на неколку идјоти.
Здраво
Не станува збор за договори, туку за тоа дека Израелците секогаш ги изневериле пророците. Еве го случајот со Исус (нека е Божјиот мир над него), каде Бога во Коран вели:
...и заради неверувањето нивно,
зборувањето нивно и клеветите големи за Марија, и заради изјавата нивна:
“Да, ние, навистина, го убивме Христа,” Иса, синот на Марија ,Аллаховиот пророк.
Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомненевање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно, туку
Аллах го дигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар! И никој од Следбениците на Книгата нема сигурно да не поверува во тоа пред смртта своја; на Денот суден ќе биде сведок против нив. (Ниса, 155-159)
Кога Аллах рече: “О Иса, навистина, ќе те земам и ќе те воздигнам кон Мене, и ќе те очистам од оние кои не веруваат и ќе определам оние кои те следат да бидат над оние кои не веруваат, на Денот суден. Потоа Мене ќе ми се вратите па ќе ви пресудам за она за што станавте деленици! (Али Имран, 55)
Тие го изневерија Исус (нека е Божјиот мир над него). Тие го ставија на крст.
Според Коранот, а и Библијата, Израелците биле избран народ од Бога. Нели 90% од пророците биле пратени кај Израелците. И поради фактот дека сите овие пророци ги повикале на вистински пат, сепак тие ги прекршувале Божјите заповеди. Гарант си го гледал филмот со Мојсеј (нека е Божјиот мир над него). Бог го прати Мојсеј да ги спаси Израелците од Фараонот. Тој ги спаси. Тие видоа видливи факти дека Бог постои, морето се отвори, и тие се спасија од Египќаните. Тие му дадоа збор на Мојсеј дека веруваат во Бога. Потоа кога Мојсеј тргнува кон Синај да ги прими Божјите заповеди, и потоа кога се враќа ги наоѓа Израелците како обожаваат статуи.
А за шиитите тие се сосема друго нешто. Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него)
строго забранил да се прават слики од него и од другите пророци. Во Исламот истотака не постојат светци. А кај шиитите за жал постојат вакви работи. Тие се клањат на некои Имами, светци. Кај нив многу е возвишен братучедот на Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него), Имамот Али, како што тие го викаат, потоа и неговите внуци, Хасан и Хусеин.
Тие тврдат дека Архангелот Габриел (нека е Божјиот мир над него) направил грешка. Тој требал да му го објави пророштвото на Али, а не на Мухамед (нека е Божјиот мир над него). Па имаат и многу морбидни ритуали што во Исламот се строго забранети. Гарант си видел како им нанесуваат штета на нивното тело, се камшикуваат, го масакрираат телото со ножеви. И дервишиските секти се базираат на нивните учења.
Поздрав