БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pad-na-bdp-od-14-prviot-kvartal
Кога го прочитав ова „За власта, падот е очекуван, имајќи го во предвид случувањата во еврозоната.“, а се сеќавам на проекциите за раст од 4.5% на почетокот на годинава, ептен почна да ми наликува на ова:
Or again, The Times of the nineteenth of December had published the official forecasts of the output of various classes of consumption goods in the fourth quarter of 1983, which was also the sixth quarter of the Ninth Three-Year Plan. Today's issue contained a statement of the actual output, from which it appeared that the forecasts were in every instance grossly wrong. Winston's job was to rectify the original figures by making them agree with the later ones. As for the third message, it referred to a very simple error which could be set right in a couple of minutes. As short a time ago as February, the Ministry of Plenty had issued a promise (a 'categorical pledge' were the official words) that there would be no reduction of the chocolate ration during 1984. Actually, as Winston was aware, the chocolate ration was to be reduced from thirty grammes to twenty at the end of the present week. All that was needed was to substitute for the original promise a warning that it would probably be necessary to reduce the ration at some time in April.
Само уште да го формираат Министерството за вистина и ќе го усовршат занаетот. На крај ќе тврдат дека проектирале пад, наместо раст на економијата. Толку ли е тешко да признаат дека направиле грешна проценка... Ќе треба и нов ребаланс на есен. Ништо од капитални инвестиции ниту годинава.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Си ја тераш приказната со долгот и нема запирање.
Ајде јас имам прашање до тебе Австрија има долг 75% а на пример ние имаме 30% Габон има 15% Уганда има 20% Замбија 27.
Кажи ми ги сега наште предности и на Уганда и Габон спрема Австрија или пак Норвешка и Данска кои имат 50%.
Ке ги кажам предностите на Македонија во однос на добар дел од членките на еу кој имаат јавен долг од над 60-70%, гледам и ти сакаш да глумиш експерт па ке ти одговорам. Има повеќе предности тоа што Македонија има мал јавен долг, во однос на земјите на еу кој имаат висок јавен долг ке ти кажам само една предност која сметам дека е една од најбитните , но има повеке предности.
Првата предност е тоа што македонија има јавен долг од 30% околу 2,3 милијарди евра
ако Македонија го покачи својот јавен долг до 50% она ке има располагање околу 1,5 милијарда евра, а 1,5 милијарда евра се доволни да се вложат во капитални инвестиции кој очајно и требаат на Македонија а капиталните инвестиции имаат голем позитивен ефект врз растот на бдп ,со 1,5 милијарда евра можат комплет да се направат следните работи изградба на пруга кон бугарија и албанија (коридор 8 железничкиот транспорт е најефтин траспорт), изградба на автопат кон бугарија гасификација на цела Македонија, и изградба на електоенргетски капацитет на македонија,со тоа ке се отвори многу работа за градежната индустрија , а градежната индустрија отвара работа и за 15 други индустрии, ке има потреба од ангажирање на поголема работна сила и зголемена потрошувачка на материјали добар дел од овие материјали се произведуваат во Македонија па ке има работа и за други фабрики во Македонија, откако ке се заврши пругата и гасификацијата, македонските компании ке бидат покункурентни затоа што ке имаат поефтин транспорт ќе можат да користат и транспорт со железници за коридор 8 , после гасот е најефтин енергенс парите место да работат струја ке работат на гас а со тоа ке имаат заштеда од 25% само на ставка на енергенси со тоа нашите производи ке бидат покункурентни зошто цената на енергенсите има голема улога во крајната цена на производот , разлика што ке ја заштедат компаниите од енергенсии може да ја пренасочат кој инвестиции а инвестициите носат нови работни места,нашите компании нема да мораат во иднина да трпаат заради штрајоови во Солун со коридорот 8 ке имаат излез преку железница кон пристаништата Драч и Бургас,итн итн со изградба на поголем енергетски капацитет ке се намали увозот на скапа струја а ке се раздвижат и повеќе македонски индустрии кој ке бидат ангажирани на тој зафат, ако тие 1,5 милијарда евра се инвестираат и за рок од 4 до 5 години се изгради се ова македонија ке може да очекува раст на бдп од 6% на год ниво. и што е убавината ако иде со стапка на раст со 6% во следните 5 години јавниот долг од 50% ке стане пак 30% заради порастот на бдп,, Е таа е таа предност што ја има Македонија ако изигра паметно може да ја искористи. А ако се ова се направи ке се покачи и конкурентноста на Македонија и стандардот и уште многу други работи. За ралика од Македонија Еу ја нема таа предност они во последнава деценија добар дел од членките на еу место на капитални инвестиции со парите од покачувањето на јавниот долг ги даваа на социјлани трансфери програми за социјална заштита итн итн а такви трошења не влијаат позитивно на растот на долг рок на бдп,и сега кога направија јавни долгови од над 70% а парите ги потрошија не ефикасно они не можат да си дзволат од 70% јавен долг да имаат јавен долг на 90% добар дел од членките на Еу затоа што ќе бидат во банкрот. Ако се паметни овие луге што се на власт ова ќе го направат, а позитивните ефекти ке ги осетиме сите,а ова ќе допринесе и до се поглемо доаггање на Странски Директни инвестиции. Сега нека искочи некој кајгана експерт и пак нека праша што ако Македонија има низок јавен долг од типот на леандра и весела дружина.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
А во реалниот живот, Владата на РМ, ги искористи позајмувањата за градење на споменици и врби и за исплата на пензии.Од капиталните инвестиции, остана само пуст сон.
Ој легни си, касно ти е.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Но зошто дополнително да се задолжуваме кога има простор во буџетот (каков е таков е) за да се изградат одредени капитални инфраструктурни објекти со пренамена на одредени буџетски средства?

Зошто приоритет да биди рекламирање, споменици, финансирање на непотребни агенции, администрацијата која што е прекубројна .... кога ти средства можат да се искористат за реконструкција на патиштата?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вака сега ја сум на дрога наречена профит и одлична дрога е, а да ја споделам со тебе не си ми интересна во било кој поглед. За јавните долгови од над 60-70% на државите ништо не коментираш тука и не јадеш бурек или тоа што со голема стапка на пораст расте невработеноста во еу и тука кутиш како риба. А да сега идеме околу приказната кредитен рејтинг ААА кој го имаа најголемите финансиски корпорации во Америка кој преку ноќ банкротираа а имаа кредитен рејтинг ААА(леман бродерс пример) така да дека они затоа што имаат рејтинг ААА и се безбедни и перспективни ти паѓа во вода и во америка многу јаки компании има таков рејтинг па отидоа во банкрот(а ни во Еу нема да ги заобиколи таа приказна). Имаше финансиски компании со помал кредитен рејтинг и уште работат и добро им иде. И прекине да дробиш со таа невработеност која според завод за статистика е 31% а според реалната невработеност кога ке ги тргнеш тие што работат на црно , односно во сивата економија таа не е над 22%. Немам намера со тебе да го трошам моето време ти си во категоријата на полуписмен а таа категорија е најлоша нешто знае ама нешто не доразбрала а мисли дека знае се . Инаку македонските макрополитки се едни од најдобрите во последните години а тоа го имаат изјавено и од ММф и од Светска Банка не од сител или канал 5.
Ти си на дрога наречена филм, таа те вози преку граници и те филма дека си најпаметен. Јас како полуписмена да ти објаснам некои работи, бидејќи во секој пост имаш додадвка „не си го трошам времето со вас“ „глупи сте“, а кутар ти сета ја разбираш, како на пример им падна рејтингот од ААА на АА и тоа е показател дека Македонија е подобра. Доволно е малку да е човек економски писмен и да ти се исмее на паметот.
Вака сега „писмен“, во Америка корпорациите и во Европа имаат рејтинг, во Македонија не ни имаат. Тоа доволно кажува дали можеш да ги споредиш овие работи. Второ Европските земји имаат ААА, најмалку А рејтинг. Кога на сите земји во економската криза им се намали, се намали и на Македонија од ББ + влеговме во ББ- што значи нестабилни. Трето вадиш податоци за сите земји во Европа за невработеност, а за кај нас не ги признаваш. Сива економија има секаде во Светот, тоа никогаш нема да се искорени. Но кога веќе за едни ти се вистинити тие податоци „економисту“ и за другите ќе ти бидат. Така Шпанија достигнала до 22%(според тебе, инаку е 19%), комотно може вода да ни носи, зошто Шпанија сега достигнала 22%(19%), ние имавме и до 40% невработеност. Ние имаме стапка на сиромаштија ако ти значи нешто од 30,9%, Шпанија има стапка на сиромаштија од 22% и тоа во период 2009-2011. Ние имаме 20 години таква стапка. Очигледно на филм си ја гледал Шпанија, а не си бил да видиш каква инфраструктура има. Такви патишта, осветленост, со линија за будење при заспивање, на секој чекор обележаност, светлосна сигнализација, кружни текови, со блага наклонетост на кривини, со табли за насока, со СОС телефони на 1км ти во Македонија можеш само да сонуваш. И кога ќе се разбудиш ќе сфатиш дека на автопат Велес- Скопје има толку кратери што секој момент можеш да излеташ од „заградените“ патишта со лим од пред 50 години или евентуално да налеташ на одрон од карпи и да се простиш од животот. Четврто животниот стандард на Шпанија е речиси ист со просекот на ЕУ исто како и Италија. Македонија, Србија, Босна, Црна Гора и Бугарија се наоѓаат во земји со мизерен животен стандард спореден со овој просек. Петто споредувањето на Македонија и Шпанија економски нема смисла, таа лекција си ја прескокнал, али оти љубиш да правиш компарации на земја со буџет од 1407,41 билиони американски долари со извоз од 19890 милиони уса долари и 46,1 милиони население и развиен светски туризам неможам да ти се мешам. Вакви споредби на Македонија и Германија, на Македонија и Шпанија, Македонија и Франција прави само владата. Оти просто население се пали на тоа, па ова му е како некој порно филм.
Ах да и јавниот долг им е висок во ЕУ, но сепак условите, животот и инвестициите се неспоредливи. На среден рок ќе го намалат, а ние ќе си останеме во дупкава на „замислени “ ивестиции со ЌЕ биде, ЌЕ дојде, Ќе вработи, ќе возиме по руинирани автопати ако може да се наречат автопати, ќе имаме невработеност над 30% заедно со сирмаштија и ти и такви како тебе ќе ни прават филмови за добра ноќ. Среќа јас полуписмена па те сфатив.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
А во реалниот живот, Владата на РМ, ги искористи позајмувањата за градење на споменици и врби и за исплата на пензии.Од капиталните инвестиции, остана само пуст сон.
Ој легни си, касно ти е.

Сте запанале за спомениците кои не верувам дека сите заедно чинат 15 милиони евра или за две врби од по 50,000 евра. Поарно ми е да имам убав град, кој ќе пружи задоволство на локалците, но и ќе привлече туристи и ќе се зголемат приходите од туризам (услуги), отколку некој тие пари да ги изнесува со авиончиња во Швајцарија.

Владава мораше да го развие прво патриотизмот кај луѓето, зошто само патриоти луѓе, кои си ја сакаат државата ќе работат во нејзин интерес и државата ќе просперира.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сте запанале за спомениците кои не верувам дека сите заедно чинат 15 милиони евра или за две врби од по 50,000 евра. Поарно ми е да имам убав град, кој ќе пружи задоволство на локалците, но и ќе привлече туристи и ќе се зголемат приходите од туризам (услуги), отколку некој тие пари да ги изнесува со авиончиња во Швајцарија.

Владава мораше да го развие прво патриотизмот кај луѓето, зошто само патриоти луѓе, кои си ја сакаат државата ќе работат во нејзин интерес и државата ќе просперира.
Оди пушти вода, да замине муабетов.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Оди пушти вода, да замине муабетов.
Sekoj si ima svoe mislenje i svoj stav.

Mene poveke mi odgovara da imam ubav grad i parite od budzetot da odat za gradeznistvo, otkolku tie pari da isparuvaat kako porano i po obrasnatine raspadnati trotoari od centar da pasat konji i magarinja.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Sekoj si ima svoe mislenje i svoj stav.

Mene poveke mi odgovara da imam ubav grad i parite od budzetot da odat za gradeznistvo, otkolku tie pari da isparuvaat kako porano i po obrasnatine raspadnati trotoari od centar da pasat konji i magarinja.
Твојот став и мислење го знаеме. Али не сме во политика, а во економија секој кој множи со нула добива нула. Така битушанец споредувањето на транзицијата со денес математички пресметано изгледа вака: 0*X=0
Ако ме сфаќаш се разбира;)
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Твојот став и мислење го знаеме. Али не сме во политика, а во економија секој кој множи со нула добива нула. Така битушанец споредувањето на транзицијата со денес математички пресметано изгледа вака: 0*X=0
Ако ме сфаќаш се разбира;)

Добро е што дојдовме до нула, порано бевме во голем минус ;)
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Сте запанале за спомениците кои не верувам дека сите заедно чинат 15 милиони евра или за две врби од по 50,000 евра. Поарно ми е да имам убав град, кој ќе пружи задоволство на локалците, но и ќе привлече туристи и ќе се зголемат приходите од туризам (услуги), отколку некој тие пари да ги изнесува со авиончиња во Швајцарија.

Владава мораше да го развие прво патриотизмот кај луѓето, зошто само патриоти луѓе, кои си ја сакаат државата ќе работат во нејзин интерес и државата ќе просперира.
Да спомениците чинат толку колку шо напиша

Туризмот се развива така шо прво ќе направиш инфраструктура за да истите дојдат - железница, автопати, аеродроми, санитарна инфраструктура значи база па потоа се друго. Секој град секој средима си има одредена интересна содржина, но ти требаш да дојдиш до неа. Ако зборуваме за Скопје - конференциски туризам, Струмица карневал, Ресен езерски и рурален, Берово планински и рурален.....нема многу филозофија.

Задоволство на локалците велиш? Па зарем задоволството не е поголемо доколку имаш нови и чисти улици, нормална елементарна инфраструктура? Или задоволството тебе ти е поголемо доколку го имаш споменикот на Прометеј во дворот а улицата ти е полна со дупки?

Па шо дека парите инвеститорот ќе ги изнеси во Швајцарија нема сите да ги изнеси - платите на вработени, такси и даноци, добавувачи пак 70% од парите кои што ќе ги заработи ќе останат во Македонија и ако си ги изнеси однадвор - негови се ќе прај со нив шо сака да прај, си ги има заработено. И ти ако заработуваш со твоите заработени пари прајш шо сакаш да прајш нели?

Како патриотизмот да го развива? Со врби и со споменици? Со празни стомаци и без работа? Па ниту војската не војува доколку нема парче леб.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ке ги кажам предностите на Македонија во однос на добар дел од членките на еу кој имаат јавен долг од над 60-70%, гледам и ти сакаш да глумиш експерт па ке ти одговорам. Има повеќе предности тоа што Македонија има мал јавен долг, во однос на земјите на еу кој имаат висок јавен долг ке ти кажам само една предност која сметам дека е една од најбитните , но има повеке предности.
Првата предност е тоа што македонија има јавен долг од 30% околу 2,3 милијарди евра
ако Македонија го покачи својот јавен долг до 50% она ке има располагање околу 1,5 милијарда евра, а 1,5 милијарда евра се доволни да се вложат во капитални инвестиции кој очајно и требаат на Македонија а капиталните инвестиции имаат голем позитивен ефект врз растот на бдп ,со 1,5 милијарда евра можат комплет да се направат следните работи изградба на пруга кон бугарија и албанија (коридор 8 железничкиот транспорт е најефтин траспорт), изградба на автопат кон бугарија гасификација на цела Македонија, и изградба на електоенргетски капацитет на македонија,со тоа ке се отвори многу работа за градежната индустрија , а градежната индустрија отвара работа и за 15 други индустрии, ке има потреба од ангажирање на поголема работна сила и зголемена потрошувачка на материјали добар дел од овие материјали се произведуваат во Македонија па ке има работа и за други фабрики во Македонија, откако ке се заврши пругата и гасификацијата, македонските компании ке бидат покункурентни затоа што ке имаат поефтин транспорт ќе можат да користат и транспорт со железници за коридор 8 , после гасот е најефтин енергенс парите место да работат струја ке работат на гас а со тоа ке имаат заштеда од 25% само на ставка на енергенси со тоа нашите производи ке бидат покункурентни зошто цената на енергенсите има голема улога во крајната цена на производот , разлика што ке ја заштедат компаниите од енергенсии може да ја пренасочат кој инвестиции а инвестициите носат нови работни места,нашите компании нема да мораат во иднина да трпаат заради штрајоови во Солун со коридорот 8 ке имаат излез преку железница кон пристаништата Драч и Бургас,итн итн со изградба на поголем енергетски капацитет ке се намали увозот на скапа струја а ке се раздвижат и повеќе македонски индустрии кој ке бидат ангажирани на тој зафат, ако тие 1,5 милијарда евра се инвестираат и за рок од 4 до 5 години се изгради се ова македонија ке може да очекува раст на бдп од 6% на год ниво. и што е убавината ако иде со стапка на раст со 6% во следните 5 години јавниот долг од 50% ке стане пак 30% заради порастот на бдп,, Е таа е таа предност што ја има Македонија ако изигра паметно може да ја искористи. А ако се ова се направи ке се покачи и конкурентноста на Македонија и стандардот и уште многу други работи. За ралика од Македонија Еу ја нема таа предност они во последнава деценија добар дел од членките на еу место на капитални инвестиции со парите од покачувањето на јавниот долг ги даваа на социјлани трансфери програми за социјална заштита итн итн а такви трошења не влијаат позитивно на растот на долг рок на бдп,и сега кога направија јавни долгови од над 70% а парите ги потрошија не ефикасно они не можат да си дзволат од 70% јавен долг да имаат јавен долг на 90% добар дел од членките на Еу затоа што ќе бидат во банкрот. Ако се паметни овие луге што се на власт ова ќе го направат, а позитивните ефекти ке ги осетиме сите,а ова ќе допринесе и до се поглемо доаггање на Странски Директни инвестиции. Сега нека искочи некој кајгана експерт и пак нека праша што ако Македонија има низок јавен долг од типот на леандра и весела дружина.
Да ти објаснам јас во две реченици како кајгана експерт што е разликата на јавниот долг помеѓу Македонија и земја членка на ЕУ.

Македонија е Трпе кој работи во Железара за плата од 15.000 денари, Трпе ќе земе кредит од 2000 евра и ќе го отплаќа на 3 години. Трпе со кредитот купува дома вазни, прави хортикултура двор, се пијанчи по кафани и си купува гардероба, но куќата му капи кога ќе заврне дожд и децата со се Трпана ќе му се удават ако не ги поднареди ќерамидите. Кога Трпе ќе побара нов кредит банката не му дава од причина што проценува дека Трпе нема да може да го врати со плата ос 15.000 ден.
Трпе навистина не е многу задолжен, но никој не му дава втор кредит, или пак му го дава со лоши услови како Океј Кредитот во Стопанска Банка.

Додека Германија е пак Минчо Јорданов, тој се задолжува еден милион евра но истиот инвестира во неговата фабрика да купи машини и да вработи Трпевци кој ќе работат по 15.000 ден. месечно.
Ако Минчо не му тргне бизнисот со новите машини, ќе земе уште еден кредит и ќе инвестира во нови производи. Банките немаат проблем да му дадат кредит на Минчо од причина што има капитал и репутација.
Минчо е много позадолжен од Трпе технички гледано, но децата на Минчо патуваат на одмори во Шпанија, играат тенис и не се плашат дали ќе заврне и ќе течи од ќерамиди.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро е што дојдовме до нула, порано бевме во голем минус ;)
Се осети како лузер признај :icon_lol: Е битушанец, битушанец стар пријателе вакви муабети се прават во штаб, таму сите климаат со главата и си се самозадоволуваат на вакви компарации. Знам дека почнува предизиборна кампања али те молам поштеди не нас постарите од овие патетични приказни. Ние најдобро знаеме како било и како е сега. Не треба да ни кажуваш дека сме во нула, јасно ни е како бел ден.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Да спомениците чинат толку колку шо напиша

Туризмот се развива така шо прво ќе направиш инфраструктура за да истите дојдат - железница, автопати, аеродроми, санитарна инфраструктура значи база па потоа се друго. Секој град секој средима си има одредена интересна содржина, но ти требаш да дојдиш до неа. Ако зборуваме за Скопје - конференциски туризам, Струмица карневал, Ресен езерски и рурален, Берово планински и рурален.....нема многу филозофија.

Задоволство на локалците велиш? Па зарем задоволството не е поголемо доколку имаш нови и чисти улици, нормална елементарна инфраструктура? Или задоволството тебе ти е поголемо доколку го имаш споменикот на Прометеј во дворот а улицата ти е полна со дупки?

Па шо дека парите инвеститорот ќе ги изнеси во Швајцарија нема сите да ги изнеси - платите на вработени, такси и даноци, добавувачи пак 70% од парите кои што ќе ги заработи ќе останат во Македонија и ако си ги изнеси однадвор - негови се ќе прај со нив шо сака да прај, си ги има заработено. И ти ако заработуваш со твоите заработени пари прајш шо сакаш да прајш нели?

Како патриотизмот да го развива? Со врби и со споменици? Со празни стомаци и без работа? Па ниту војската не војува доколку нема парче леб.
Со парите од спомениците ќе се изградат 7 км автопат. И кај ќе има поголем ќар, од 200,000 нови туристи во Скопје секоја година или од 200,000 странци кои ќе транзитираат низ Македонскиот автопат од 7 км за да стигнат до Грција? Малку треба да ја уклучиме и логиката. Холанѓаните кои авионски доаѓаа само до Охрид, сега гледам редовна маршута им е и Скопје, чисто ги интересира гледам споменикот на Аце и Чудото од Св. Димитрија. Ако од една тура од 150 туристи, секој барем јаде и пие во Скопје, ќе потроши дневно минимум 10 евра.

Не сум видел дека некој е неухранет во МКД и дека трпи за леб.

За отварање нови работни места, во капитализмов власта единствено што може да направи е да ја подобри бизнис климата и да ги направи условите за водење бизнис најдобро што може, со ниски даноци и придонеси. Тоа веќе е направено, а дали Македонија ќе биде интересна бизнис дестинација, дали некој ќе сака да инвестира во држава без морско пристаниште и далеку од главниот западноевропски пазар, времето ќе покаже. Еве во Србија сите инвестиции идат само во северна Војводина, а ништо на југ. Не можам да сватам како сите очекуваат државата да отвара општествени фирми/фабрики, кога со законот за трансформација на општествените претпријатија од 1993 г. не може повеќе да опстојуваат такви претпријатијата.

--- надополнето: 16 јуни 2012 во 10:04 ---
Се осети како лузер признај :icon_lol: Е битушанец, битушанец стар пријателе вакви муабети се прават во штаб, таму сите климаат со главата и си се самозадоволуваат на вакви компарации. Знам дека почнува предизиборна кампања али те молам поштеди не нас постарите од овие патетични приказни. Ние најдобро знаеме како било и како е сега. Не треба да ни кажуваш дека сме во нула, јасно ни е како бел ден.
Јас всушност не сум член ниту на една партија, ниту некогаш сум бил. Немам личен интерес од ниту една политичка партија, меѓутоа секогаш ќе гласам за помалото зло, ако ме разбираш ;)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Да ти објаснам јас во две реченици како кајгана експерт што е разликата на јавниот долг помеѓу Македонија и земја членка на ЕУ.

Македонија е Трпе кој работи во Железара за плата од 15.000 денари, Трпе ќе земе кредит од 2000 евра и ќе го отплаќа на 3 години. Трпе со кредитот купува дома вазни, прави хортикултура двор, се пијанчи по кафани и си купува гардероба, но куќата му капи кога ќе заврне дожд и децата со се Трпана ќе му се удават ако не ги поднареди ќерамидите. Кога Трпе ќе побара нов кредит банката не му дава од причина што проценува дека Трпе нема да може да го врати со плата ос 15.000 ден.
Трпе навистина не е многу задолжен, но никој не му дава втор кредит, или пак му го дава со лоши услови како Океј Кредитот во Стопанска Банка.

Додека Германија е пак Минчо Јорданов, тој се задолжува еден милион евра но истиот инвестира во неговата фабрика да купи машини и да вработи Трпевци кој ќе работат по 15.000 ден. месечно.
Ако Минчо не му тргне бизнисот со новите машини, ќе земе уште еден кредит и ќе инвестира во нови производи. Банките немаат проблем да му дадат кредит на Минчо од причина што има капитал и репутација.
Минчо е много позадолжен од Трпе технички гледано, но децата на Минчо патуваат на одмори во Шпанија, играат тенис и не се плашат дали ќе заврне и ќе течи од ќерамиди.
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom