Научни чуда во Ку`ран

Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
оф топик(пошто не станува збор за чудо)

Значи станува збор за науката и пред се' степенот на техничко-технолошки развој. Да, точно е тоа што го кажуваш ,ама не е уникатно за Исламот и поважно, не е извлечено од Ку'ранот. Хемијата,физиката,механиката, статика, медицината се тоа постоело уште пред појавата на Исламот и за време на Исламот постои и ако некогаш го снема Исламот пак ќе постои. Проблемот во Европа во конкретниот прериод е догматскиот пристап кон одредена збирка приказни а.к.а. Библија и имплементацијата на истата од Црквата, која демонизира се што не е во неа и на најразлични начини се обидува да докаже дека вистината се наоѓа во неа и самата таа е вистината. Нешто слично како во темава само што Библијата е заменета со Ку'ранот.
Prijatele,
ona sto go pridonel Islamot i Muslimanite,unikatno e za niv i toa kako i zgora na toa i izvleceno e od Kur'anot.
Problemot na konkretniot period vo Evropa e dogmatskiot pristap kon prikaznite. Arapite bea vo pogolem sram pred Islamot.Tamu zivi gi zakopuvale zenskite deca smetajki deka ne se vredni. So doagjanjeto na Islamot,na Muhammed a.s,Objavata (Kur'anot),se smeni i svetot kon podobro. Pa koj e pricinata ? Omer r.a (vtoriot praveden halifa) bese toj koj si zakopal zensko dete (pred islamot) a toj e toj koj vladeese so svetot koga go spozna islamot. Od kade ovolkava promena ?
Postoelo seto toa i pred Islamot,eve co cetiri poraki ceriri pati velam. Kako sto postoele i togas Bozji pratenici a.s koi nie ne gi negirame. I togas postoese objava koja Allah dz.s im ja objavil i na prethodnite narodi (Zebur,Tevrat i Indzil) i nie veruvame deka i tie bea Allahovi objavi koi,praktikuvajki gi lugeto,se razvile,kako sto se razvi i Islamot praktikuvajki go lugeto Kur'anot.
Ako Islamot ne bese posledna religija i Kur'anot posledna Bozja objava,seta taa nauka koja vodese na podobro,ke se pretvorese vo zlo,pa slednata povtorno toa ke go obnovese.
No,posto Islamot e posledna religija i Kur'anot posledna Bozja objava,povtorno na Islamot i Muslimanite im preostanuva da ja vratat radosta kaj lugeto. Tehnologijata da se upotrebuva za Hair namesto sto se zloupotrebuva. Medicinata da stane medicina a ne biznis. Da se lecat lugeto so lekovite a ne da se oboluvaat uste poveke. Korist da imaat lugeto od bankite a ne bankite od lugeto. Vladarot da raboti za narodot a ne narodot za vladarot. Glasot tvoj da bide pricina da se skine od vlast onoj koj ne si ja znae rabotata. Nie da se slusame,mali i obicni dusi,koi rabotaat za onie koi utre nad glava ni se kacuvaat. Pravdata nazad samo Islamot i Muslimanite ke ja vratat nazad,bidejki nema nov zakon (verski) i nema nova religija posle nea.A dokolku ne bi bila posledna,site onie blagodeti koi isceznaa,ke gi vratese noviot pratenik i novata religija a idnite generacii ke raspravaa deka toa postoelo uste porano.
I bidete po konkretni,sto za vas pretstavuva Naucno Cudo ?
Vi pisuvame deka vo toa vreme,koga Islaot cvetase,cvetase i svetot po naucno pole,muslimanite se bavea so astronomija,biologija,medicina,geografija i se sto ja opfaka naukata i napreduvaa vo toa. No toa e off topik,ne e cudo.
Vi pisuvame za cuda,za Istra i Miradz,koga Muhammed a.s od Mekka za edna vecer dopatuva vo Erusalim i od tuka,od mesdzidul Aksa na Miradz preku sidretul munteha,do sedmoto nebo. Vi pisuvame za trupot drven koj zaplakal i prozboruval. Vi pisuvame za kamencinjata koi izgovarale sehadet vo racete na Muhammed a.s vi zboruvame za oblakot koj go pratel i senka mu pravel,vi pisuvame za drvoto koe mu se priblizilo,vi pisuvame za kerametite na evliite posle nego,koi gi postignale so vera vo Boga,kako odenje po voda,levitiranje i mnogu drugi nat prirodni raboti....
no i toa e off topik,bidejki tuka nema nauka.
 
M

Muranyi

Гостин
Vi pisuvame za cuda,za Istra i Miradz,koga Muhammed a.s od Mekka za edna vecer dopatuva vo Erusalim i od tuka,od mesdzidul Aksa na Miradz preku sidretul munteha,do sedmoto nebo. Vi pisuvame za trupot drven koj zaplakal i prozboruval. Vi pisuvame za kamencinjata koi izgovarale sehadet vo racete na Muhammed a.s vi zboruvame za oblakot koj go pratel i senka mu pravel,vi pisuvame za drvoto koe mu se priblizilo,vi pisuvame za kerametite na evliite posle nego,koi gi postignale so vera vo Boga,kako odenje po voda,levitiranje i mnogu drugi nat prirodni raboti....
no i toa e off topik,bidejki tuka nema nauka.
Тоа е легенда,т.е.народна приказна.Арапите не се први кои во своите приказни на животните,растенијата и предметите им придавале човечки особини.Ова не е ништо поразлично.Скоро кај секој народ ќе најдеш такви приказни,кои им се раскажувале на децата пред спиење,како змијата прозборела,дрвото заплакало од болка,каменчињата пееле песнички,облачињата му држеле сенка на човекот и му правеле друштво.Сето тоа е поради неукост,човекот така ја перцепирал и на таков начин ја доживувал природата,оти толку знаел.
И кога луѓето ќе пораснат,обично имаат можност да научат дека се работи за персонификација и ономатопеја,но за жал има и деца кои не оделе на предавања на училиште па потоа се резилат пред други и тврдат дека дрвото и каменот имале секс.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Sekako.... ne ke napisete nesto drugo. Pred malku napisav. Temata e naucni cuda. Koga pisuvame za naukata,vo red bilo,ama tuka nemalo nikakvo cudo. Koga pisuvame za cudata,vo red bilo seto toa,ama kade e tuka naukata.
Kazete sto e za vas naucno cudo ?
 
B

Black Guard

Гостин
Пишува ли нешто во куранот за мултиуниверзум??

Еве научниците открија навистина чудни податоци кои можеби и се(не мора да значи) доказ за постоење на повеќе универзуми.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Human,za toj period vi dadov ilijadnici dokumentarni filmovi na koi zboruvaat engleski i germanski istoricari,ne muslimani.
Po tret pat vo tri postovi vi kazuvam deka i pred Islamot,vo anticka grcija i rim,postoela i nauka i civilizacija,no pred da dojde Islamot,taa nauka i civilizacija ja nemalo,bila izgubena,da mi prostis,govnata koi gi serele vo evropa,vnatre vo sobata vo koja ziveat,samo niz prozor pred kukite gi frlale. Naj mnogu ginele od zarazni bolesti. Kralicata se banjala 2 pati godisno,pa kade se kmetovite ?! Islamot ja obnovi naukata i civilizacijata i kulturata. Evropa pocna da gradi na temelite koi gi postavi Islamot,vnesuvajki im spletki vnatre i razdor. Vo toa vreme,koga edna crkva so 5 knigi se smetase za bogata vo evropa,Bagdad imase ulici celi so biblioteki. Imase kanalizacija,imase vodovod,ulicni osvetluvanja itn. Se zanimavaa so astronomija,so medicina so izucuvanje....
Eve edna dokumentarna emisija od drzavnata germanska televizija RTL 2 na emisijata narecena "svetot na cudata"
http://www.youtube.com/watch?v=J-qVXDmuQfo&feature=related

Ova ti e dokumentarna emisija,obrabotena od evropski istoricari za imperijata na Islamot,od pocetokot pa do raspadot:
http://www.youtube.com/watch?v=yX3UHNhQ1Zk

Eve gi lugeto koi pridonele:
http://www.youtube.com/watch?v=w09IhM2BiD0&feature=related
Pa potrudi se i sam,pobaraj za Istorijata na Islamska Spanija,Andaluzia itn...
Друже, Европјаните не го превзеле тоа од исламот! Уличната канализација во Европа се сменила долго време после исламските златни времиња, каде патем, отворена канализација постоела и таму. Како што некаде постои и денес, особено во денешните исламски држави.
Понатаму, ако исламот ја обновил културата, науката и цивилизацијата (што е сосем погрешно - секоја земја има своја култура, секоја земја е цивилизација, читај за Франките кои постоеле паралелно со ислам. златно доба), каде подоцна ја загубил?

Никој, ама никој не го негира златното доба на исламот, но тоа не преставува некој битен скок за напредокот на човештвото, како што е научната револуција во Европа во 16 и 17 век, чија последица потоа се годините на просветлување, чија директна последица е индустриската револуција - неверојатно подобрување на човечкиот животен стандард.
 
B

Black Guard

Гостин
r. Vo toa vreme,koga edna crkva so 5 knigi se smetase za bogata vo evropa,Bagdad imase ulici celi so biblioteki. Imase kanalizacija,imase vodovod,ulicni osvetluvanja itn.
.
А векови претходно египќаните дури и канали за земјоделието правеле настрана александриската библиотека,па за да потоа евреите поучат нешто од нив си прават света книга,христијаните ја преземаат и модификуваат а подоцна и муслиманите,без сомнение египќаните биле нај напредни па дури после евреите преземаат од нив па потоа ние христијани и муслимани.

Se zanimavaa so astronomija,so medicina so izucuvanje....
Астрономија-се шалиш сигурно,медицина се практикувало сегде додека многумина сметаат дека коренот на генетиката го утврдиле евреите бидејќи нели обрезувале па така ја препозннале хемофилијата т.е неможноста на крвта да коагулира па децата умирале,ставиле прст на глава и им текнало дека има нешто наследно.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
172
Поени од реакции
26
Кафето, чековите и три различни јадења на оброк се само дел од муслиманските изуми кои целосно го имаат променето секојдневниот живот на светско населние.
1. Според легендата Арапот Калид кој ги одгледувал своите кози во регионот Кафа во Јужна Етиопија, приметил дека стоката е посебно жива откако ќе ги изеде плодовите од едно растение. Први луѓе за кои документирано се знае дека пиеле кафе се муслиманиските верници од Јемен, на кои кафето им помагало да останат будни за време на цело вечерните молитви.
До крајот на 15 век, кафето стигнува во Мека и Турција. Во 1645 со извозот на кафе во Венеција, тоа премиерно се претставува пред европската публика. Арапскиот збор qahwa се претопува во турскиот збор kahve од што излегуваат италијанското caffe и англиското coffeе.
2. Старите Грци сметале дека нашите очи пуштаат зраци, нешто како ласери, и на тој начин ние можеме да гледаме. Во 10 век, муслиманскиот математичар Ибн ал-Хаитхам открива дека светлината всушност влегува во нашите очи а не излегува. Тој го измислил првиот фотоапарат (камера) без леќи, откако забележал како светлината влегува низ затворени ролетни. Колку била помала дупката толку била подобра сликата, по неколку обиди тој ја создал Camera Oscura (oд арапскиот збор qamara - кој значи темна или приватна соба). Ал-Хаитхам е заслужен и за преминувањето на физиката од филозофска во експериментална активност.
3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија.

4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови.

Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име.


5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун.
Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.

--- надополнето: 16 јуни 2012 во 00:08 ---
Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Одлично, нема да барам дали се ова е точно, нема потреба за сега. Реално ова се последици од научниот труд на луѓето, технички-технолошко усовршување и нивна практична примена. Ова не се чуда од Ку'ранот.
 
V

Vollstandig

Гостин
Да не го цитирам тој дел, не дека не е така, или дека голем број пронајдоци не стигнале од кај арапите, али , истите тие работи не биле запишани во куранот како рецепт,туку она што во куранот Мухамед ги тера да се дружат со учени луѓе и да ја негуваат науката. За разлика од средновековната инквизиција во европа каде, баш е обратното не смеат да бидат научници, и ги палат на клада ако ги откријат,исламот им дава за право да откриваат нови пронајдоци.После 17-ти век,едвај почнуваат да го отфрлаат рисјанството и да почнат малце од малце да напреднуваат.

Шо значи, религијата не ти ги дава сите овие изуми, нити ти ги одзема, туку ако си верник, можи да ти дај поддршка, да маткаш да прајш нешто, па ако ти фаќа кликерот, и да измислиш некој пронајдок.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија
ај наведи еден муслиман кој освоил некој турнир во шах?
.





5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун.
Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци
јас мислев дека некој јапанац го има излислено бањањето под туш,ама изглеа не било така



Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен.
Старно како ја открил:?дај линк ...
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
45
Поени од реакции
83
4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови.

Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име.


Баш овој Ер-баба ми се виде интересен па си реков да проверам што направил. Еве: http://en.wikipedia.org/wiki/Abbas_Ibn_Firnas

Абдалот се наредил со пердуви од орел и се фрлил од минарето по што треснал долу. Муслим-Ер стил.[/quote]
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Баш овој Ер-баба ми се виде интересен па си реков да проверам што направил. Еве: http://en.wikipedia.org/wiki/Abbas_Ibn_Firnas

Абдалот се наредил со пердуви од орел и се фрлил од минарето по што треснал долу. Муслим-Ер стил.
Заебан тип бил овој Ибн Фирнас. Малку се знае дека он е исто така изумител и на специјалниот заштитен премаз за дрво фирнајс. Е сеа не се знае тачно од кои сури или ајети во Кур`анот потекнуваат идеите за орелските пердуви и фирнајсот. Али дека овие два успешни изума се научни чуда кои потекнуваат од таа книга нема двојба.​
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Заебан тип бил овој Ибн Фирнас. Малку се знае дека он е исто така изумител и на специјалниот заштитен премаз за дрво фирнајс. Е сеа не се знае тачно од кои сури или ајети во Кур`анот потекнуваат идеите за орелските пердуви и фирнајсот. Али дека овие два успешни изума се научни чуда кои потекнуваат од таа книга нема двојба.​
:pos:
Овој Ер-Баба што го спомнува Шабан, гарант го има измислено Ер-Лакот за паркет.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
172
Поени од реакции
26
Ублажување на болката: медицинско откритие
Ставањето на парче добра изџвакана урма (или некое друго достапно слатко овошје) во устата на новороденчето е длабоко вкоренет обичај кај родителите муслимани. Мулиманите тоа го прават следејќи ја праксата на Пратеникот Мухаммед, с.а.в.с., верувајќи дека е пратен како што Куранот вели, како спас и милост за човештвото. Начинот на кој овој обичај настанал не наведува на заклучок дека во него постои посебна вредност. Се работи за тоа да – во чест на вредноста и уживањето во следењето на суннетот (праксата на Пратеникот, с.а.в.с.) – ставањето на ’шеќерни работи’ во устата на новороденчето дефинитивно го намалува чуството на болка и срцевиот пулс.

Интересно е научно – медицинското истражување, објавено во весникот ''British Medical Journal'' (бр. 6993, 10. јуни 1995.), кое ја докажало без било каков сомнеж, користа од давање на шеќер на новороденчињата за да се редуцира чуството на било каква болна процедура како што е боцкањето во петата за земање на примерок на крв или пред обрежувањето.
Нора Хаоуари, Кристофер Вуд, Жилиан Грифитс и Малком Левен извршиле истражување под назив "The analgesic (pain killing) effect of sucrose in full term infants: a randomised controlled'' на Постанаталното одделение на Општата болница Леед во Англија. 60 здрави деца во гестациски период од 37 до 42 недела и постнаталниот период од 1 до 6 дена, биле рандомизирани за примање на 2мл од четирите раствори: 12,5% сахароза, 25% сахароза, 50% сахароза и стерилна вода (контролна група)

Првата група од 30 деца примила шеќерен сируп пред рутинската анализа на крв (боцкање во петата, што обично е болно) која се извршува поради откривањето на жолтица. Останатите 30 деца добиле само стерилна вода како контролна група. Ставањето на 2мл од 25% или 50% раствор од сахароза на јазикот пред боцкањето на петата значајно го намалил периодот на плач во однос на децата кои добиле само вода. Исто така, нивниот срцев пулс е вратил во нормала многу побрзо. Појакиот шеќерен раствор имал поголем ефект, плачот додатно се редуцирал со зголемување на концентрацијата на сахороза. Од тоа може да е заклучи дека сахарозата (шеќерот) ставен на јазикот може да се употреби како корисна и сигурна формула на аналгетик за новороденчињата.
Блесс и Хофмејер, исто така, покажале дека 12% раствор од сахароза значајно го намалување траењето на плач кај новороденчињата подложени на боцкање во петата или обрежување. Ова истражување е прикажано во весникот ''The Independent'' (петок 9. јуни 1995.), како и во статија во весникот ''British Medical Journal''.

Праксата на Пратеникот, с.а.в.с., е забележана во збирките од негови изреки и зборови, од кои најценети се двете сахих збирки на Бухари и Муслим. Ебу Берда пренесува од Ебу Муса, кој рекол: “Мојата сопруга роди син па го однесов кај Пратеникот, с.а.в.с. Му даде име Ибрахим и му даде една урма.Постојат повеќе извесстувања за бројни случки како што е ова.

Урмата содржи голем процент на шеќер (70-80%). Таа има и фруктоза и гликоза, кои имаат висока калориска вредност. Лесно и бргу се вари, и е доста корисна за мозокот. Урмата содржи 2, 2 % протеини, витамин А, витамин Б1, киселина, Б2 витамин против пелагреис, во неа има траги од минерали потребни за организмот, како и калиум, натриум, калциум, железо, манган и бакар. Утврдено е дека калиумот, чиј што процент е доста висок, има големо дејство во состојбата на крварење, на пример при породувањето и обрежувањето.
Може да се забележи дека суннетот, исто така, ја препорачува урмата при прекинување на постот во Рамазан. Урмите би требало да се изедат, ако е возможно пред акшам намазот – тоа медицински и нутритивно најдобар начин и суннет.

Огромната вредност на урмата, исто така, е спомната и во прекрасниот дел од Куранот: “Затреси го палминото дрво, ќе истури по тебе урми свежи, па јади и пиј и биди весела!“ (Мерјем, 25-26) Ова кажување на Семилосниот Створител е за Мерјема, а.с., во времето на раѓањето на Иса, а.с., благословениот Аллахов Пратеник. Тоа било рецепт за лесен и брз пораѓај.

Како и во примерите кои накратко ги спомнавме, се верува дека понатамошните истражувања ќе донесат потврда за оние кои сеуште се сомневаат во вистинската вредност, вистина и мудрост на Куранот и суннетот.
“Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина. А зарем не е доволно тоа што Господарот твој е Сведок за сè?“ (Фусилат, 53)
Бидејќи авторите на медицинските истражувања спомнаа дека имаат намера да експрементираат со нови шеќери или слатки супстанции, им препорачуваме да пробат со урмите во ублажувањето на болките кај новороденчињата.
--- надополнето: 16 јуни 2012 во 12:47 ---
Ashifa roghan e kalonji (масло од Црно семе), бидејќи како што Пратеникот Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, ни го пренесе значењето на кalonji како лек за сите болести освен смртта. Најпрвин да ја видиме хранливата вредноста на кalonji.
Хранливата вредност (кalonji – масло од Црно семе):
Протеини 208 mg/g

Тијамин 15 mg/g
Рибофлавин 1 mg/g
Пиридоксин 5 mg/g
Нијацин 57 mg/g
Фолацин 610 mg/g
Калциум 1,859 mg/g
Железо 105 mg/g
Бакар 18 mg/g
Цинк 60 mg/g
Фосфор 5,265 mg/g

И денес во многу западно европски земји направени се повеќе студии и истражувања. Тие докажуваат дека маслото Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбмена вредност, минерали, амино киселини, со голема способност за подржување на системот за имунитет како и лекување на многу болести. Луѓето запомнија дека Црното семе има лек за сите болести, но заборавија дека мораат постојано да го употребуваат. Денес, современите научни истражувања го потврдија она што Пратеникот Мухаммед го рекол пред 14 века, дека црното семе е златен рудник на здравје. Денешните сознанија тврдат дека Црното семе може да излекува и фатални болести, како што се РАКОТ И СИДАТА.
100 % чистото масло од црното семе го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта и го штити телото од сите видови болести. Го поддржува метаболизмот, го подобрува варењето и го намалува нивото на шеќерот во крвта. Особено е корисен против бронхитис, кашлица, киселени, тврда столица, болки во грбот, нервозни тензии, крвен притисок, помал број на сперматозоиди, ревматизам, артритис, првут, сува кожа, опаѓање на косата, сите видови алергии и различни проблеми поврзани со кожата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom