Раст на невработеноста

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Сите мерки ги разбирам, освен инфлацијата како би отворила слободни работни места ме интересира?
Aко цените пораснат ќе се зголеми бруто домашниот производ. А ако се зголеми бруто домашниот производ тогаш се намалува невработеноста.
 
еве и му веруваме на заводот дека се 298,000 невработени некој рече некои се избришани................не е точно тие сами не дошле да се пријават значи не барат работа (колку мајки знам на другари шо не се пријавуват, Читај домакинки исто е и кај албанците екстремно изразено) така да тие веке преминале во НЕактивно населени значи не се смета во работспособно.....а процентот на невработеноста се вади од работоспособноти кое кај нас е под Милион.............линкот е на stat.gov.mk извите у моемнто се брзам............а точно е има и на црно вработени............тие се еве да не претераме окуларно 50-75 Илијади.............

најсимптоматично е тоа шо и оние шо се вработени какви плати земаат...........кога знаеме дека дури 170,000 од 600,000 земат плати под 12,000..........и за ова имав слика од Нова македонија...........ке а најдам ветувам..............:D
--- надополнето: 22 април 2012 во 10:46 ---
http://i1056.photobucket.com/albums...71107973_1063819559_32109334_1496881830_n.jpg

воила
 
Aко цените пораснат ќе се зголеми бруто домашниот производ. А ако се зголеми бруто домашниот производ тогаш се намалува невработеноста.

Под инфлација политичарите мислат на инфлација на цените. Традиционално, инфлација значи зголемување на количеството на монетарни единици односно пари во циркулација.

Лесно е да направиш инфлација на цените преку монетарна инфлација. Ама со тоа вредноста на валутата паѓа и БДПто не се менува.

За другите мерки си во право.
 
Aко цените пораснат ќе се зголеми бруто домашниот производ. А ако се зголеми бруто домашниот производ тогаш се намалува невработеноста.

Акјо цените се зголемат ќе се зголеми Бруто домашниот производ на погребалните претпријатија, затоа што можеби досега нема ама ќе почнат од глад да умираат луѓето.
 
што е „окуларно“?
 
добра заебанција..............од ОКО......приближно....ма не бе мое мислење...........хахахаха:D
аааааа, одокативно, што би рекле комшиите од север.
се збунАв пошто окуларно е у принцип легитимен збор; окуларен притисок, на пример
 
Под инфлација политичарите мислат на инфлација на цените. Традиционално, инфлација значи зголемување на количеството на монетарни единици односно пари во циркулација.

Лесно е да направиш инфлација на цените преку монетарна инфлација. Ама со тоа вредноста на валутата паѓа и БДПто не се менува.

За другите мерки си во право.
Инфлацијата доведува до зголема вработност но, платите се со намалена куповна моќ. Баш тој е механизмот релативна девалвација на трудот и стимулирање на извозот на продукти и туризам.
За време на Хиперинфлацијата во Вајмарска Германија имало 100% вработеност. Но, хиперинфлација не е решение за невработеност
 
Да, ке има зголемена вработеност, меѓутоа како што самиот кажа, куповната моќ паѓа. Тој пристап не е многу поинаков од вработувањата во државни институции и фирми. И едното и другото е присилна редистрибуција.
 
Дека на краток рок може со инфлација да се намали невработеноста може. Можеби требаше погоре да напишам дека тоа важи на краток рок.
Проблемот е во тоа што после неколку години невработеноста пак ќе се врати на претходното високо ниво, но останува високата инфлација. По намалувањето на инфлацијата ќе има уште повеќе невработени.
Повеќе пишува тука
http://en.wikipedia.org/wiki/Phillips_curve
 
Aко цените пораснат ќе се зголеми бруто домашниот производ. А ако се зголеми бруто домашниот производ тогаш се намалува невработеноста.

Инфлационен удар на мал рок ја придвижува економијата, на некој процент до 5%. Ако таа инфлација загази на таа економска почва повеќе од 3 месеци од вработеност нема да остане ни В. Инфлацијата е состојба со која никој не си игра, лесна е да се предизвика тешка е да се сопре бидејќи има „подбуцнувачко“ дејство. Нелогично ми е некој да зголемува вработеност со инфлација, тоа е како рацете да си ги пикнеш во врела вода.
 
Промовирани два нови проекти за намалување на невработеноста

22.04.2012 - 15:52 |
По 92 илјади денари годишно за секое ново вработување. Малите и средни претпријатија ќе добиваат стимулации од Владата за намалување на невработеноста.
vrab_95307.png

Една компанија ќе може да аплицира за најмногу 5 вработувања или вкупно од дражавата годишно ќе добива по 460 илјади денари. За програмата издвоени се над 8 милиони денари а до крајот на годината само со оваа мерка се очекува да бидат вработени дури 90 лица. :facepalm::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Над 3 илјади невработени лица пак ќе може да го надополнат своето познавање на англискиот јазик, работа со компјутер, претприемништво и комуникација. Мерката, обука за општи вештини е отворена за сите што ќе пополнат апликација до 25 април.
Со шестиот по ред оперативен план предвидено е да бидат вработени околу 6 илјади лица за што Државата има обезбедено над 500 милиони денари.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/promovirani-dva-novi-proekti-za-namaluvanje-na-nevrabotenosta
 
Mи се чини дека предлагате „ истрошени “ модели.
„ Ќе направиме добра бизнис клима - па ќе дојдат инвеститори - па ќе се зголеми вработеноста или ќе се дадат субвенции ... или стимулации и ништо... или ќе се намалат даноци или... ќе ги избришеме невработените од евиденција...
Се е тоа веќе видено и докажано е дека не дава резултат.
Ниту јас немам одговор, но одговор мора да постои... Само треба да се пронајде.
 
Лошо судство, корупција, заштитени картели и монополи, недоверба кај народот, партиска поврзаност, се се тоа проблеми кои силно се одразуваат на малите и средни претпријатија.

На народот му се даваат стимуланси да проба да се избутка во некоја партија. Не можеш во вакви услови да очекуваш напредок во приватиот сектор. Само спореди ги платите во приватниот и во јавниот сектор и се ке ти стане јасно. Не знам во која тема се дискутираше за буџетарите и нивниот удар на приватниот сектор.

Пред некој месец имаше некаква акција од владата да им се даде здравствено осигурување на сите невработени и тоа на неопределено време, а на моите не им признаваат платена сметка од 4500 евра, без разлика што ја имам сметката дома, зашто некој ретардиран кретен не ја укуцал у компјутер.

Моделите не се истрошени туку не се ни испробани. Не знам до кога само ке цицаат.
 
Расте невработеноста , се намалува и вработеноста

Пред малце ДЗС ги објави податоците за првите 3 месеца од 2012та.

Во првиот квартал од 2012та невработени биле 297.351 активни лица.
Во истиот период од 2011та невработени беа 294.641.

Што е раст на невработеноста за околу 2.700 лица.

=

Вработени во првиот квартал од 2012та биле 643.668 лица.
Во исиот период од 2011та вработени биле 649.575 лица.

Пад на вработените лица за околу 6.000

===

Невработеноста зголемена од 31,2% на 31,6%.

Вработеноста намалена од 39,3% на 38,6%

37.774 невработени се со високо образование.

Све надолу и надолу идеме. Уште се чудиме зошто сите сакаат полицајци да бидат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom