Mи се чини дека предлагате „ истрошени “ модели.
„ Ќе направиме добра бизнис клима - па ќе дојдат инвеститори - па ќе се зголеми вработеноста или ќе се дадат субвенции ... или стимулации и ништо... или ќе се намалат даноци или... ќе ги избришеме невработените од евиденција...
Се е тоа веќе видено и докажано е дека не дава резултат.
Ниту јас немам одговор, но одговор мора да постои... Само треба да се пронајде.
Лошо судство, корупција, заштитени картели и монополи, недоверба кај народот, партиска поврзаност, се се тоа проблеми кои силно се одразуваат на малите и средни претпријатија.
На народот му се даваат стимуланси да проба да се избутка во некоја партија. Не можеш во вакви услови да очекуваш напредок во приватиот сектор. Само спореди ги платите во приватниот и во јавниот сектор и се ке ти стане јасно. Не знам во која тема се дискутираше за буџетарите и нивниот удар на приватниот сектор.
Пред некој месец имаше некаква акција од владата да им се даде здравствено осигурување на сите невработени и тоа на неопределено време, а на моите не им признаваат платена сметка од 4500 евра, без разлика што ја имам сметката дома, зашто некој ретардиран кретен не ја укуцал у компјутер.
Моделите не се истрошени туку не се ни испробани. Не знам до кога само ке цицаат.