Немам јас ништо против твојата иронија, само мислам дека во случајов беше непотребно ироничен со цел да ми припишеш ставови кои јас никаде не ги изнесов. Јас пишав едно, а ти се убаци со некој неповрзан ироничен муабет за тоа како ти не си бил воинствен и како, за разлика, од атеистите не си имал софистицирана стратетија за борба против оние што палат цркви. Искрено, неам поим од кај го извади муабетов, јас такво нешто не сум тврдела, сосема друга ми беше поентата.
Воопшто не спомнав ни вистински христијани, ни соодветен христијански одговор.
Само бев револтирана поради двоструките критериуми и посочив дека би било фер одговорот без разлика, дали е соодветен и христијански, да биде ист и за атеисти и за муслимани.
Што се однесува до прашањето што би требало да направи еден вистински христијанин, јас лично мислам дека сите, без разлика на верската определба, треба да ги решаваат проблемите по институционален пат, никако со млатење и рушење. И не, не мислам дека ако некој молчи е пичица, али како што веќе напоменав, ако веќе молчи, нека им молчи на сите, а не едни да тепа, а на други да им молчи.
Смешно и апсурдно е што се прави скандал од еден обичен безопасен билборд, а вистинскиот проблем, т.е радикалниот ислам се минимизира и се пика под тепих.
Билбордот беше експресно симнат, но кога станува збор за провокации од муслимани, институциите не реагираат со истата експедитивност, или поточно воопшто и не се реагира. Колку што јас знам, никој од оние што урлаа заканувачки пароли на протестите не сносеше никакви правни последици.
Фамозниот билборд можеби беше навредлив за дел од верниците, но едно е сигурно - авторот на тој билборд или било кој атеист нема да претепа или убие никого.