- Член од
- 21 мај 2012
- Мислења
- 296
- Поени од реакции
- 59
Прво не се работи за тројство, туку за Св. Троица, кое и тоа како е библиско учење, кое и патристички на Вселенските Собори, систематски низ историјата во Црквата во зависност од филосовско-егзистенцијалните прилики е јасно разработено.
Црквата во својата теологија во тријадологијата, еклисиологијата, христологијата... експлицитно го предава и актуелизира ова прашање, се разбира за оној кој сака да осознае, бидејќи преку ова учење човекот може да ја разбере својата онтологија, егзистенција во есхатонот.
Слепото прифаќање зависи лично од самиот човек, без разлика дали е од Исламот, Христијанство, Јудеизмот..., бидејќи Бог не се наметнува, туку го запазува слободниот пристап како најголем Божествен дар.
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 21:40 ---
Затоа што Самиот Бог се објавува како Еден во три Лица, а човекот самиот со својата логика, интелектуален капацитет неможе да го поими, опфати, фати, свати, ограничи, дефинира..., затоа Бог е Тој што екстатички, личносно корелира, стапува во личен однос кон човекот и му ги открива Божјите Вистини...
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 22:45 ---
Исус е Бог, но и Вистински Човек со сите човечки особини, освен гревот (бидејќи од Љубов снисходи да стане човек, што за Бог не е проблем да прави што сака), со молитвата кон Отецот, ни дава пример како ние луѓето да се обраќаме кон Создателот, а при тоа е потенциран слободниот, љубовен однос како меѓу Лицата на Св. Троица така и на човекот кон Бог.
Бог намерно зема облик на Човек(зарем за Бог е тоа проблем или невозможно?!) за да стане Видлив, Достапен, Непосреден..., за да не соедини со Себе, бидејќи за тоа и не создал.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 1
Глава 1
22 Тогаш му рекоа: „Кој си? за да можеме да им одговориме на оние, кои нè испратија! Што велиш ти за себеси?”
23 Рече: „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат,” како што рече пророкот Исаија
a zosto pisuva vo biblata Isaja(Isus) prorok kako vo Kuranot?
a zosto pisuva vo biblata Isaja(Isus) prorok kako vo Kuranot?