Да бевме сите сѐразумни, концептот „навреда“ немаше да постои.
Според тоа, интензитетот на навредата мора да се земе референтно (а и со најдобри интереси), т.е.
да „веруваме“ дека тој што е навреден, е навреден до тој степен до кој што тој тврди дека е навреден.
(Инаку, можеме да расправаме дека навреда не постои. На пример, за секој што вели дека нешто е навредлива работа, загарантирана е егзистенција на поединец што не го навредува тоа нешто.
Следствено, не постои навреда.)
Бидејќи тие тврдат дека се навредени, зошто да не им се верува, токму сега и за овој случај ?
(Да забележиме дека тие што сега велат „нема демократија“, во ист случај, кога беше Вевчани, велеа „знаеш, тие се многу осетливи за Исламот, па овие не се уметници, како не им е срам..“ (убеден сум дека дури и да побараа егзекуција на креаторите, некои и ќе прифатеа.))
Некако, прашањето скоро само се поставува: КАКО ЗНАЕШ кој се навредува и кој колку е осетлив, и на кој, што и колку му значи ?
Но, кога беше карневалот во Вевчани, повеќето (сите?) од тие што сега велат дека „ова не е демократија“, некако имаа инклинација да застанат на странатa на т.н. „обесправените“ албанци. Зошто, не се знае. Зошто не ги употребуваа истите аргументи, дека „нема демократија“ ?
Можеби бидејќи имаше (во евиденција (пријавени, со докази)) тепачки, палења на цркви, итн. ? (што, без претерување, ќе речам дека поминаа НЕЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО)
Бидејќи таму не се бунеа, а сега се бунат, значи дека демократијата е селективна (како и тие самите, т.е. тој подол пристап..).
Или се до тој степен кукавици и субхумани нешта (не оформуваат „човек“ по дефиниција), исплашени до теоретска срж од ставот на другите (не баш од „другите“,
туку од *едни исти*, точно се знае кои едни исти (и не баш став, туку од закони на физика - гравитација, триење на тела, итн.)), па каде што начекале дека „можат“ да се занесуваат, под маската на закони итн., го прават тоа,
а каде што не можат (под исти услови и под исти закони), велат „не се мешаме“;
т.е. најподлата и најниската интерпретација на слобода на говор -- само каде што може (само каде што нема да не тепаат по автобуси).
Па, вие сте перфектен народ за секој окупатор. Сѐ посилна извесност е понизноста на овој народ.
Значи, едното е „многу се чувствителни“, другото е „нема демократија“.
А идентични работи се. А барате објективност и демократија.
Малку работи се пострашни од рамнодушност, една од тие е селективноста.
Уште повеќе, селективноста како последица од страв.
Лесно му е (а и лесен е) на тој што верува во тие што се селективни, т.е. тие кои во ист случај, различно делуваат,
а бараат во СИТЕ исти случаи, СИТЕ други ИСТО да делуваат. Ако не се случи тоа, тврдат дека „НЕМА ДЕМОКРАТИЈА“.
Ова е школски пример за лицемерие од највисок можен ред.
А проблемот е поголем од т.н. „чудо“ и „религии“, исмејување и навреди и детергенти, итн.
На работ на ова дволично однесување се крие понизноста.. тоа е огромен проблем.