Кога веќе сите си ги искажаа проблемите во врска со љубовта, да се пожалам и јас ќе ве молам за совет. веќе 2 и пол години сум заљубена во еден многу срамежлив дечко, од исти град сме и веќе се запознаваме неколку пати, одреден период имаме здраво, а потоа и тоа го загубиме се до наредното запознавање. пред некое време тој имаше девојка за која цел град зборуваше како можел да оди со неа, ама навистина нема ништо женствено на неа. сега веќе не се заедно, ама сепак заклучив дека не е баш и толку срамежлив кога можел да си фати женска. кога станува збор за мене, кога се видеме само се смешка, покажува одредени знаци, но и понатаму останува само на тоа. Ве молам за совет... јас мислам дека сепак се работи за лажна надеж!!!
Залапај го и види како ќе реагира.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 09:43 ---
Како да го освојам ?
Пред две недели во една дискотека запознав еден дечко. Дечково многу ми се бендиса, многу беше згоден и цело време бевме заедно. Ама јас требаше да заминам и колку што се сеќавам на таа ноќ ми рече неколку пати кога ќе дојдеш кај мене така нешто мислам
Ама јас му велев не знам. Е сега кога требаше да заминам не ми зеде број ?
А беше шокиран што го напуштам. Можеби очекуваше јас да му земам број. Ок, заврши ноќта. Ама сакам пак да го видам. Сега не знам дали тој сака да ме види мене. Сакав да појдам пак во истата дискотека по една недела ама испадна некој проблем можеби ќе го видев таму.
Го барав цела ндела на фејсбук и на мое голеееемо изненадување го најдов. Еве цел ден не ме прифатил уште стојам на чекање.
Е сега сакам совет што да му речам ко ќе ме прифати. Можеби згрешив што го додадов, можеби не сака пак да ме види.
Значи не знам што да правам. Како да се поставам, што да му речам,
како да го натерам да се видиме пак без да му речам да се видиме. Совет ?
Никако. Речи му дека сакаш да се видите, зашто сите други девојки тоа му го велат.
Не ти зел број зашто веќе имал неколку други на лагер што ги гонел и некоја од нив се согласила да преспие кај него. И тие се согласиле да му дадат телефон. А типката што ќе му даде телефон е секогаш подостапна од типката што ќе му даде ФБ. И јасно, не е навикнат на неуспех - тоа што ти си го „напуштила“ (така тој си умислува) е знак дека не си го почитувала фактот што тој ти се пуштал. Сега ти си му симбол на неуспех со жените и ќе гледа да те избегнува што е можно повеќе.
Дај му еден ден да те прифати на ФБ. Ако тоа не се случи, слободно почни да бараш други момци. Секој може да ти даде исто такво внимание, да биде цело време со тебе и да биде исто толку згоден. Добрата работа е што сега имаш репер за тоа како треба да изгледа и да се однесува дечко што ти се бендисува. Јасно, надградбата на тоа ќе биде и дека ќе треба да размените телефони.
Совет за следниот пат: бидејќи ти се бендисува дечко што си го видела во град и поминал со тебе само 2-3 саати најмногу, ти си во период кога ја истражуваш својата сексуалност. Во овој период, секој маж е добар и подобро да ги имаш повеќе на лагер, отколку помалку (така прави овој претходниов дечко што ти се бендисал - има повеќе девојки на лагер и ги менаџира). Затоа, давај го твојот телефон повеќе отколку што нема да го даваш и ќе имаш избор и секој пат ќе може да се наоѓаш со луѓе што ти се бендисуваат, наместо со некои случајни фаци.
Во овој период, треба да кажуваш повеќе ДА, за да ги истражиш сите можности. Кога веќе ќе го развиеш твојот вкус, ќе треба веќе да почнеш да кажуваш НЕ. Но ти моментално не си до таму; самото ќе ти се каже кога ќе треба да почнеш да ги одбиваш момците. За сега, прифаќај ги.
Поздрав и со лесно.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 09:59 ---
Досега не сум барал помош за љубовни проблеми од никој освен од моите другари али дојде време и за тоа , да пишам на темава и да побарам од вас , ја немам читано па можеби мојот проблем го има некаде наназад пак али ќе прашам проблемот е едноставен и прост секако пробав али небива па барам совет + од вас ...
Сакам да се врзам со една женска али она несака пошо предходно сум бил со нејзина другарка.. чаре некое ?
Можеби не сака со мене , а ми го кажува ова како изговор ? не ми се верува во тоа али што знам ...
А зошто сакаш да бидеш со оваа? Дали можеби баш бидејќи ѝ е другарка на претходната? Дали можеби затоа што сакаш да ги „поминеш“ сите девојки во тоа друштво, па да бидеш поголем фраер?
Прво преиспитај се што е тоа што те привлекува кај оваа новава. Кога ќе ти стане јасно, кажи ѝ го тоа. Ако нема никакви допирни точки со другарка ѝ, објасни ѝ темелно и потоа остави ја да се одлучи. Можеби ќе ѝ треба извесно време, но ти определи колку време сакаш да ја чекаш.
Доколку не се огласи во зададеното време, почни да бараш друга. Штом си во состојба да се занесеш по другарка на твојата бивша девојка, ти не си зрел за врска и се залетуваш по секое женско што ти е во близина, без дискриминации. Затоа и следната девјка што ќе ја сретнеш, без замарања од околината, ќе ти биде подеднакво привлечна, па ќе може полесно да бидеш со неа.
Поздрав и со лесно.