Сиромаштијата и образованието

Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
28
Корелацијата меѓу едното и другото anyone?

Македонија како систем функционира на ниво кога на 10 годишњаци ќе им дадеш да си играат држава.
Си правам во главата слика од мене кога сум бил на 10 годишна возраст... хммммммммммммммммммммммм...
4 одд, бев на екскурзија во Источна Македонија видов тешки срања таму, ми дадоа џепарац од дома си купив за јадење, не ишишаа ќељави спиевме по шатори :) во автобус ги мачкав со паста оние кои ќе заспијат, играв фудбал се радував кога ќе постигнев гол... која бараба сум бил само...

Незнаењето е ропство, тоа е ропство од највисок степен, спептик сум дека оваа магична машина кармички програмирана уште од турско време ќе има мајстор кој ќе ја декодира.
Многу тука ќе се согласат со мене дека народот ни е неписмен иземајќи се себе си.
Bottom line не ми е целта да изигравам зналац и да мудрувам... туку да набациме бреинсторминг за причините на губитничкиот менталитет, да ги разгледаме можните патеки по кои оваа кола без кочници се движи.

п.с прочитав на форумов дека имало 10 илјади апликанти за отворените 300 позиции во МВР, кој е филингот да сакаш да носиш капа со натпис РМ(резервен мозок) и народ да прави вицеви на твоја сметка, ние сме дефинитивно мртва држава. :)
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
неписмен народ не сме него сме себичен сите сакаме пари уживанција и плодови на туѓ грб кога сме седнале да дискутираме за објективни работи кога сме си помогнале во тешки моменти и дали знаеме што сакаме.

Со исклучок на Леандра мислам дека многу од членовите летаат по форумот е сега дали се хормони у прашање или е нешто друго останува времето да каже.

Да грците се ѓубре од народ ама и ние не сме нешто поарни нормално со исклучоци ајде сега на спање

Има една изрека запознај ја државата и ќе ја сакаш уште повеќе и без геј поплаки како рано наутро не ни се дигал и така натака ќе решаваме ако сакаме да живееме подобро и овие со кечињата исто така
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Себичност, не постои себичност или егоизам, туку тоа ти се вика по ново кажано индивидуализам, самиот систем Капиталистички го прави тоа, без разлика дали ние луѓето тоа го сакаме или не, секој човек прво си се грижи и си го гледа својот живот(читај г’з), потоа животот(г’зот) на најблиските и тука завршува се.
Зашто работиш, за да заработиш, зашто заработуваш, за да се прехраниш т.е. да преживееш ти и твоите најблиски, другите околу тебе функционираат на потполно ист начин и.т.н. значи секој сам за себе и секако за своите најблиски, неможам јас да се грижам и да мислам за тебе или пак ти да се грижиш и мислиш на мене, јас си се грижам и си мислам за себеси и за моето семејство, ти си мислиш и си се грижиш за теб и за твоето семејство, каде тука себичност и егоизам, животниот инстинкт го поседува секој човек, нагон за преживување, исхрана и продолжување на видот !
А тоа дека сме неписмен народ, не не сме неписмен или глуп народ, туку нашиов народ има една голема маана, а тоа е несака да учи, несака да чита, несака нови работи и знаења, несака промени .......... под промени не мислам на револуции, војни... такви ретроградни работи, туку на демократски промени ............ но за такви промени да направиш во едно општество потребен е интелект, а кај нас интелектуалците се демонизираат, а и онака се малубројни(зборам за вистинските интелектуалци, начитани, прошетани, се виделе...), не зборам за квази-интелектуалците кои ги има подоста, но од квази-интелектуалци фајде нема.
Кај нас имаш 20 год. биполарно изпартизирано општество, каде што секој си тера по свое и секако со/кон своите.
Кај нас имаш младина(лица до 30 год.) кои се дури така да се изразам и екстремно либерални, а од друга страна имаш луѓе(мнозинството/повозрасните) кои грото се со ретроградни сфаќања(народњачко-социјалистички менталитет), сума-сумарум ни вам, ни там, ако не по врат по шија !
Кај нас имаш турлитава, како прво повеќето луѓе не ни знаат што значи поимот демократија, тоа за нив е научна фантастика, кај нас имаш едни кои гледаат кон Београд, други кои гледаат кон Софија, трети кон Приштина и Тирана... кај нас имаш и такви кои сеуште не ги симнале црвените петокраки од чело и кои сеуште се колнат и се поклонуваат на Тито, други имаш кои го носат и се крстат во златното двоопашесто лавче, а во поново време се појавија и такви кои почнаа да се поклонуваат и да се крстат во некои антички херои, војсководци, коњаници... имаш и едно малцинство кое е по религија Муслиманско, а се колне и поклонува на еден средновековен Христијански коњаник кој се борел токму против тие кои го носеле Исламот на овие простори ...... кога ќе видиш работата турли тава, море шопска салата !
 
Ако луѓето вака размислувале пред 1000 години немало ние денеска да еволуираме и да имаме систем а сега имаме ништо живот без мото ти е ко 7 на лото така викаа старите на времето.

Реков дека сме мрзливи и не сакаме промени и не сме општествено одговорни и пази сега некој си дегенерик од Холандија нас ќе ни кажува како Охриѓани требало да се смеат и бидат фини а тој у Холандија убива деца или е некој тежок педофил.

Ме сфаќаш не сме ние ништо поназад само сакаме да бидат другите назад и тука некаде доаѓа до сиромаштија .Погледни ги само нашите соседи и какво мислење имаат за нас и ние за нив.

И тука некое девојче ќе се омажи за некој Американец или Англичанец и цел живот ќе и остане лузна за Македонија.

Значи ние не правиме систем само уништуваме друго беше Југославија имаше колку толку ред и пари за сите ама го уништивме и тоа сега сме ептен индивидуалци.
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
За да знаеш нешто да направиш, некој треба да ти покаже. Така функционира секој принцип пред да се вработиме на некоја позиција.
Сметам дека овие 20 години на ТВ екраните и медиумите се слават погрешните личности кои што очигледно немаат капацитет да не одведат подалеку од своето ''село''.
Не дека треба да го даваме Живко Мукаетов и неговиот Алкалоид 24/7 на ТВ како успешен пример за гигант надвор од домашните граници, туку барам само да има малце повеќе место за бизнисмени од нивен калибар како примери за тоа што значи денешен развој, а помалце Ацо Македонски, Даме Груев или Бекстејџ.
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Можеби не бевме мрзеливи во 19-те години кога македонците работеа да си го издржат своите семејства , македонци кои одеа на печалба во соседни држави да работат од "Рани зори до мрак" , кои ја баравме егзистенцијата во грнчарството , земјоделството и така натаму , но што се случува сега како да се сменија работи од работливи во мрзеливи , денес ем се "преоптоваруваш" и се "жалиш" тешко овој , нема доволно пари за издржување бла бла бла триста глупости , а можете да ги замислите македонци кои не се жалеа кога работеа во мизерни услови за некакви златници , грошови во 19-ти век.
Македонци спијат пред компјутер си го трошат слободно време , зошто не излезат да работат нешто попаметно и асална работа него да мрчи пред ПЦ ?! - Наравно ќе "немаш" пари
Единствени кои работат и имаат пари тоа се албанци - од млади години работат , можат да работат повеќе работи истовремено ( копање , продавање дрва , обработување земјиште , продавање млеко , чување животни - продавање животни ) се работат ами се , што да им кажеш тоа ќе го направат .... Но сега е 21-ви век , многу работи се променија до сега , можеби ќе бев посреќен ако се родив во 19-ти век , да имав некоја улога да ме памти човештвото
За образование еден збор - катастрофа , порано немавме средства да учиме , одевме во разрушени куќи да учиме да му направиме да му биде полесно на македонците од интелегентни луѓе , кои беа учени , порано имавме поезија , драми , новели , читавме убави лектири ( кои денес за жал никој не памти од македонска традиција/култура )
Денес да не зборувам какво е во образовани , како на лесен начин поминуваш од година во година - катастрофа , само остави книга пред клупа и читај и ете ти 2-јка , тројка , абе мизерија ....
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Така албанците се мадафака ако треба ќе продава и цигари и се но ќе го научи животот на мали години дека тешко се доаѓа до пари и бесни коли треба да ги заработиш е сега малце и они претеруваат со дрога и оружје па на млади години завршуваат во некој австриски затвор кај и да е очекувам и Али да го вратат у Швицарска малце да се одмори.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Корелацијата меѓу едното и другото anyone?

Македонија како систем функционира на ниво кога на 10 годишњаци ќе им дадеш да си играат држава.
Си правам во главата слика од мене кога сум бил на 10 годишна возраст... хммммммммммммммммммммммм...
4 одд, бев на екскурзија во Источна Македонија видов тешки срања таму, ми дадоа џепарац од дома си купив за јадење, не ишишаа ќељави спиевме по шатори :) во автобус ги мачкав со паста оние кои ќе заспијат, играв фудбал се радував кога ќе постигнев гол... која бараба сум бил само...

Незнаењето е ропство, тоа е ропство од највисок степен, спептик сум дека оваа магична машина кармички програмирана уште од турско време ќе има мајстор кој ќе ја декодира.
Многу тука ќе се согласат со мене дека народот ни е неписмен иземајќи се себе си.
Bottom line не ми е целта да изигравам зналац и да мудрувам... туку да набациме бреинсторминг за причините на губитничкиот менталитет, да ги разгледаме можните патеки по кои оваа кола без кочници се движи.

п.с прочитав на форумов дека имало 10 илјади апликанти за отворените 300 позиции во МВР, кој е филингот да сакаш да носиш капа со натпис РМ(резервен мозок) и народ да прави вицеви на твоја сметка, ние сме дефинитивно мртва држава. :)
Во потполност се сложувам со тебе...
Како прво има премногу проста раја во државава и тоа е факт немојте да негирате
Како второ,почнете со малолетниците (овие хулигани,пиење,пушење,ножеви,тепачки и да не набројувам повеќе си знаете...) значи нормален и паметен човек не го праи тоа,и тие се прости,глупи и не интелигентни со усклучок на некои кои што ги има во се помал број за жал,лесно потпаѓаат под туѓо влијание...Толку за малолетничкиот простотилук да не објаснувам повеќе ќе ме сфатите погрешно.
Друга работа која ги прави глупи и прости е тоа што владата и незнам кој други (не сум против владата!!) им наметнуваат погрешна слика на луѓето,работи кои во нашава земја се невозможни,тоа може да се каже за Германија,Америка и тн.„Знаењето е сила знаењето е моќ“-ова до некаде држи да речеме и сега младите сите економски,менаџмент,право и тн,и они мислат дека туку така се заработува и дека туку така се прават пари,и туку така се наоѓа работа,и тие после не сакаат да работат нешто пониско од тоа за што се квалификувани,туку мислат дека „завршив факултет и сега одма ќе работам тоа што сакам“,е затоа после Македонија е на прво место по невработеност,стручните работи се повеќе се занемаруваат а како што сме тргнале вака сите „менаџери“ ќе дојде време кога ќе биде скапо да ви наместат плочки дома...Да не излегувам со бројки зошто поголемиот дел од вас нема да го интересираат.Нашиов народ е многу лесен за манипулирање и трпи се и сешто,сега што да правиме тоа е...А иначе neo_geo111 те поштувам за темава и ми се допаѓаат твоите ставови во врска со ова...
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 16:58 ---
Така албанците се мадафака ако треба ќе продава и цигари и се но ќе го научи животот на мали години дека тешко се доаѓа до пари и бесни коли треба да ги заработиш е сега малце и они претеруваат со дрога и оружје па на млади години завршуваат во некој австриски затвор кај и да е очекувам и Али да го вратат у Швицарска малце да се одмори.
Епа ај тогаш владава да искочи со кампања „Осмели се прошверцај дрога“ и сите ќе бидат парајлии,криминалци,сељаци и тн!!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Во потполност се сложувам со тебе...
Како прво има премногу проста раја во државава и тоа е факт немојте да негирате
Како второ,почнете со малолетниците (овие хулигани,пиење,пушење,ножеви,тепачки и да не набројувам повеќе си знаете...) значи нормален и паметен човек не го праи тоа,и тие се прости,глупи и не интелигентни со усклучок на некои кои што ги има во се помал број за жал,лесно потпаѓаат под туѓо влијание...Толку за малолетничкиот простотилук да не објаснувам повеќе ќе ме сфатите погрешно.
Друга работа која ги прави глупи и прости е тоа што владата и незнам кој други (не сум против владата!!) им наметнуваат погрешна слика на луѓето,работи кои во нашава земја се невозможни,тоа може да се каже за Германија,Америка и тн.„Знаењето е сила знаењето е моќ“-ова до некаде држи да речеме и сега младите сите економски,менаџмент,право и тн,и они мислат дека туку така се заработува и дека туку така се прават пари,и туку така се наоѓа работа,и тие после не сакаат да работат нешто пониско од тоа за што се квалификувани,туку мислат дека „завршив факултет и сега одма ќе работам тоа што сакам“,е затоа после Македонија е на прво место по невработеност,стручните работи се повеќе се занемаруваат а како што сме тргнале вака сите „менаџери“ ќе дојде време кога ќе биде скапо да ви наместат плочки дома...Да не излегувам со бројки зошто поголемиот дел од вас нема да го интересираат.Нашиов народ е многу лесен за манипулирање и трпи се и сешто,сега што да правиме тоа е...А иначе neo_geo111 те поштувам за темава и ми се допаѓаат твоите ставови во врска со ова...
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 16:58 ---

Епа ај тогаш владава да искочи со кампања „Осмели се прошверцај дрога“ и сите ќе бидат парајлии,криминалци,сељаци и тн!!
Да се слагаме сите дека има ите-како голем процент на проста раја во државава, но зошто одма младите ги спомнуваш демек они се криви за се, а всушност најмалку се криви ................ и не ги генерализирај сите млади, не се сите младинци хулигани, насилници, тепачи, кримоси, алкоси, наркоси и сл. иако за жал има и такви подоста, но сепак не се сите такви ........... тие што се такви(какви што си ги опишал) се најчесто деца запоставени, без доволна и соодветна грижа и домашно воспитание од родителите т.е. од дисфункционални семејства, нормалните семејства поретко произведуваат таква сорта на деца !
А за останатиот дел од твојот пост потполно се сложувам !
Ај што сме како земја задња рупа на свирало во секој поглед уште па и се промовираат глупи политики(знаењето е сила, знаењето е моќ), да точно убаво е човек да е образован, да знае, да не е табула-раза, но што фајде од сето тоа, што фајде ако на факс се запишале преку 90% од матурантите ............. ќе завршат факсови за неколку години и што потоа, работа по струка одма+висока плата ... е тоа мало морген, такво нешто ни на запад не е возможно, а камо ли тука .................... а неверувам дека некој кој завршил факс(доколку неможе да се вработи по струката) некогаш би фатил метла, крпа, копач, чекан, лопата, ашов и сл. а и не верувам дека некој кој завршил факс би отишол утре да работи за 100/200 евриња ............. замисли кај нас многумина си замишљаат дека ако зеле некаква диплома треба да седат на фотеља во канцеларија, заедно со лаптопче, клима... и секако плата со повеќе нули ........... е токму поради таквите сфаќања во иднина уште повеќе ќе имаме невработени лица и тоа најголемиот процент на невработени лица во иднина нема да бидат лица со основно или средно, туку токму лица со високо образование. Дури приметувам дека денеска и ретко кој со средно обр. седи дома, тој со средно обично работи било што, не пребира многу, а повеќето што ги познавам невработени се лица со високо обаразование, кои со години неможат да си најдат работа по струка(зборам конкретно за лица до 30 год.) ! Ајт на здравје ..
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Зошто темата да не биде следнава лицемерието и нетрпеливоста меѓу Македонците ние самите се негираме колку ли теми треба да напишеме за да дојдеме . Од дволичноста ми е преку тасе .
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Зошто темата да не биде следнава лицемерието и нетрпеливоста меѓу Македонците ние самите се негираме колку ли теми треба да напишеме за да дојдеме . Од дволичноста ми е преку тасе .
Две работи најмногу мрзам во животот, а тоа се генерализирањето на работите, строго сум против било каков тип на генерализации, вината(за било што) треба секогаш да се бара индивидуално, а не групно, бидејќи во секое стадо има секакви овци и црни и бели и шарени, генерализирања по цели групи на луѓе ептен мрзам, грешките и вината нека си се бараат индивидуално ........ а како второ многу мрзам правдање и префрлање на топката(вината) во туѓи раце ........... овие две работи од увек сум ги мразел ............... а и двете работи ги има наголемо во домашниот МК менталитет.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Да се слагаме сите дека има ите-како голем процент на проста раја во државава, но зошто одма младите ги спомнуваш демек они се криви за се, а всушност најмалку се криви ................ и не ги генерализирај сите млади, не се сите младинци хулигани, насилници, тепачи, кримоси, алкоси, наркоси и сл. иако за жал има и такви подоста, но сепак не се сите такви ........... тие што се такви(какви што си ги опишал) се најчесто деца запоставени, без доволна и соодветна грижа и домашно воспитание од родителите т.е. од дисфункционални семејства, нормалните семејства поретко произведуваат таква сорта на деца !
А за останатиот дел од твојот пост потполно се сложувам !
Ај што сме како земја задња рупа на свирало во секој поглед уште па и се промовираат глупи политики(знаењето е сила, знаењето е моќ), да точно убаво е човек да е образован, да знае, да не е табула-раза, но што фајде од сето тоа, што фајде ако на факс се запишале преку 90% од матурантите ............. ќе завршат факсови за неколку години и што потоа, работа по струка одма+висока плата ... е тоа мало морген, такво нешто ни на запад не е возможно, а камо ли тука .................... а неверувам дека некој кој завршил факс(доколку неможе да се вработи по струката) некогаш би фатил метла, крпа, копач, чекан, лопата, ашов и сл. а и не верувам дека некој кој завршил факс би отишол утре да работи за 100/200 евриња ............. замисли кај нас многумина си замишљаат дека ако зеле некаква диплома треба да седат на фотеља во канцеларија, заедно со лаптопче, клима... и секако плата со повеќе нули ........... е токму поради таквите сфаќања во иднина уште повеќе ќе имаме невработени лица и тоа најголемиот процент на невработени лица во иднина нема да бидат лица со основно или средно, туку токму лица со високо образование. Дури приметувам дека денеска и ретко кој со средно обр. седи дома, тој со средно обично работи било што, не пребира многу, а повеќето што ги познавам невработени се лица со високо обаразование, кои со години неможат да си најдат работа по струка(зборам конкретно за лица до 30 год.) ! Ајт на здравје ..
Ова за малолетниците пишав во постот дека не се сите исти но дека е се помал бројот на тие „нормалните“,еве гледаш како се делат посебно тука во Скопје незнам како е по другите градови,тука живеам можам да кажам,незнам МЗТ ЦПБ и така натаму и децата едноставно се изживуваат на утакмиците се провоцираат се тепаат,еве на пример пред месец дена мој другар чекал автобус пред Орце гимназијата и тројца дечки ишишани до кожа му се нафрлиле на некое дете што носело маица МЗТ генерално многу деца пијат пушат,во вакви навијачки групи членуваат...И според тебе се запуштени од дома и дека дома состојбата не им е како што треба,тогаш ги има многу бе брат.ТИЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА ОПШТЕСТВОТО!!! И не го реков тоа дека децата се криви за нашиот експериментален систем со туѓа корист,криви се оние кои незнаат и не пробуваат барем малце да го доведат во ред овој систем , туку само гледаат фотеља и што поише да лапнат епа со тоа држава не се праи...
 
Да, но сепак невозможно е Грујо или Бранко да ги скомандаат децата/младината, секое дете(ОК скоро секое) си има родител/родители тие се тие кои треба да водат грижа за децата и тоа на секој план, еве на пр. јас кога сум бил во тие години тинејџерски и јас сум имал бубачки во главата ми се шетало нон-стоп(ден-ноќ), ми се пиело и.т.н. ама сепак родителите ми се строги и ми воделе ите-како грижа и никогаш не сум ги заебувал, ако речам дека ќе дојдам во толку и толку саат, ретко да сум ја пречекорел таа граница, сум шетал на тие години со врсниците(претежно од маало), да и честопати сме пиеле, ама никогаш ама баш никогаш ниту некого сум допрел со прст, ниту пак некој друг мене ме допрел.
Проблемот е во тоа што повеќето родители на сегашниве тинејџ-деца се по либерални, по меки па после ќе се чудат од кај нивното дете со шише во раката или пак недај-боже во најлош случај со дрога !
Сепак проблемот примарно е до родителите(несоодветна грижа и воспитание), а секундарно е виновен и системот/општеството .............. сепак родителот ако го бива и ако е строг(умерено-строг и принципиелен) тешко дека од тоа негово дете ќе испадне уличар, хулиган, багабонт, алкос, наркос, кримос... не за џабе се рекло: стравот лозјето го чува !
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
п.с прочитав на форумов дека имало 10 илјади апликанти за отворените 300 позиции во МВР, кој е филингот да сакаш да носиш капа со натпис РМ(резервен мозок) и народ да прави вицеви на твоја сметка, ние сме дефинитивно мртва држава. :)
Што има тука да се филозофира...нема филинг... се работи за опстанок... нема работа а треба да се јаде... а и се знае, државната служба носи поголема сигурност неголи да аргатуваш кај некој „газда“... тоа ти е тоа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom