Затоа те сакам
Ај јас да пробам да ги скоцкам карактеристиките и да видам што ќе испадне.
Мора да има смисла за хумор до перфекција, значи несакам лити фрази и со сила глупирања. Да збори кратко и јасно без да ја влече приказната до заспивање. Да знае да се смее и на своја сметка, да чита меѓу редови, да не треба да повторувам. Пожелно е да ми чита мисли и да знае со еден збор што сакам да кажам. Несакам јавна бламажа, несакам неконтролирани испади, ниту да се препукува со мене за работи кој се решаваат во четири ѕида. Сакам да биде внимателен, да знае кога е доста, некогаш да премолчи, некогаш да повиши глас. Несакам да ми ги брои пијачките ниту да ми дели совети околу тоа, несакам да ме ограничува ниту да ме гуши. Речиси секогаш паѓам на игнор, така да несакам прв да ми пристапува, несакам лигушење и симнување ѕвезди, сакам да знае што сака. Несакам ни да изиграва неосвоива тврдина сакам да биде приземен и реален. Мора да има сопствен буџет, свои пријатели и лични интереси кој секогаш треба да ги остварува. Несакам да ме гледа како мајка му, да биде либерален, отворен и амбициозен. Мора да напредува, да остварува и да создава. Мора да сака деца, да знае да се постави пред фамилија, да не збори за она што не е негово, ниту да кажува десет варијанти како треба да биде за работи кој не се поврзани со него. Не смее речениците да ги запонува со јас, да изиграва паметњаковиќ и да замара со неговата работа.
Ако планира да се шнура на страна нека го прави тоа без остатоци и траги, зошто е најдобро да не дознаам. Да не ме влече со неговите другари и со нивните досадни девојки кој на маса зборат за нокти и пијат швепс, а најголемо достигнување им е две бели машини во денот. Мора да се прилагодува, да не избрзува ниту да се лути на ситници. Мора да биде изживеан, прошетан и образован. Да знае со секого да дискутира од простак до научник, да знае сам да се снајде и секогаш прв да помогне. Во никој случај романтичен и поет. Да прати спорт и да си има своја занимација во текот на денот. Во сексот треба да е совршен и да не ми трља над глава како било со бившите зошто не ме интересира. Може да биде љубоморен до одредена граница, да не прави драми, да не ми чачка по лични ствари, да знае добро да паркира, а не е лошо и да има врски во мвр за да ми ги кине казните. Да држи до својот став, да не ми попушта оти на глава ќе му се качам. Мора да знае да се понаша во кафана, добро да изгледа и хигиената да му биде на високо ниво. Пожелно е да е пушач за да не ми труби за цигари, да пие и да биде гурман, да знае да направи скара, да не досаѓа подај ова подај она и тоа да му причинува задоволство, а не мачење. Да биде добар другар и да си има поштовање кон постари. Да не чека од мене секој пат организации, да знае да ја запали колата и да рече тргаме. Да знае да ужива, да кулира и да има план во животот. Мора да има цврст карактер, да биде постојан, да има став за работите. Не како некоја вртелешка во 5 минути десет работи да менува. Не е пожелно да чува кучиња и мачки, да не плаче пред мене и да биде маж. Да не ме тегне на фамилијарни собири со стрини и тетки, пожелно е сам да живее на 30 години да не морам да ги гледам неговите со првото утринско кафе. Да знае да се извини кога ќе згреши и да прими извинување. Да биде насмеан и позитивен, да не мрчи на секое и да ми ја зема улогата. И најважно од се е да има здрав желудник за да може да ме поднесува долго време, зошто не си одам со години.