Во борба против комарците,бубашвабите и останатите штеточини

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
пред некој ден еден авион прскаше против комарци во велес

и тоа во 5 сабајле
мислам дека ми се паркираше во детска соба од шо леташе ниско
 
Гледам одамна не е дискутирано на оваа тема, ама сепак се надевам дека некој ќе го прочита ова и ќе ми помогне да најдам решение.
Ги имам оние ѓубриња од мравкишта, мали црвенкасти, се појавуваат од кај ти душа сака, од ѕид, од гипс картон, од паркет, а бе од се и сешто.
Нив ги нарекуваат фараон мравки или фараонски мравки, ѓубрињата ги имам исклучиво во кујната и во шпајзот, во лето ми се појавуваат и во собата, од доста оправдана причина бидејќи, денешната соба порано ми беше трпезарија која излегуваше на тераса. Прво ја заградив терасата до половина пред едно 8 години, и се си имав под контрола, бидејќи ќе излезев на терасата, ќе посипав со тој Нео Питроид прашокот и за 2-3 дена ги снемуваше. Сега ова летово што измина ја заградив терасата до крај, па наместо да го малтерисаат ѕидот, ставија термоизолација од стаклена волна покриена со гипс картон. А исто така и рамките на прозорците се дрвени, и овие ѓубрињава си влегуваат кога и како им душа сака.
Ме изненадува тоа што во последно време ги гледам и во тоалетот и во купатилото кои се во две одделени простории.
Тој Нео Питроид прашокот помага, ама ѓубрињава ќе се преселат на некое друго место во просторијата, ако сум ставил од прашокот во креденецот со чинии, чашки и шолји за кафе, ѓубрињата најкомотно ќе се преселат во садоперата, или кај бојлерчето или на некое друго место.
Преку глава ми дојде од тоа постојано да ги бркам со Нео Питроид прашокот, проблемот е во тоа што премногу се чувствителни на прашокот и веднаш умираат, не успеваат да го донесат во дувлото за да се испотрујат сите таму. И да исчистам и да ставам повторно од прашокот, ѓубрињата нема да поминат таму, туку најкомотно ќе се преселат на некое друго место во просторијата.

На Интернет читнав дека имало некаков добар отров кој можел да се подготви од борска киселина и нешто благо што мравкиштата го јадат.

Да не е некој запознаен со ова, или пак имал ли искуство со ваков метод ?

Па овие ѓубрињава ми дојдоа преку глава.
 
У претходниот стан кај што бев имаше бубашваби цела амрија и мислам дека и главната команда и базата и беа у стано.Проба 300 чуда и на крај верувале или не ми успеа со лушпи од компири..Ставете на места кој се потенцијални извори под када на пример и слични отвори и би требало да ги снема или да се намалат.
 
Лек за швабе:

2 компира средна големина
1 јајце
малце млеко
1 кесе Борова киселина

Компирите и јајцето се варат, се пасираат се додава Боровата киселина и малце млеко. Се замесува и се распределува низ станот. Киселината не е штетна за човек. На лебарките маме мамино им ебава.
 
Дечки дај кажете кое електрично апаратче против комарци е најефикасно?
Раид, Питроид или на Баер? Фала многу :pipi:
 
Дечки дај кажете кое електрично апаратче против комарци е најефикасно?
Раид, Питроид или на Баер? Фала многу :pipi:
Јас повеке од 6-7 годоно го користам Раид и многу е ефикасен и тоа со сапунчињата мислам дека е поефиксен од течноста
 
Ме разбудија овие авиониве што прскаат ... нека ми слетаат во двор да ги ебам ...
 
Бубашвабата е инсект/животно кое со изечена глава може да живее и 5 дена се додека не умре од потреба на храна и вода..

Е ај едно интересно решение одмене..
Земате квасец,шише и топла вода..го сецкате квасецот ситно,водата ја ставате во шишето и потоа квасецот го ставате во шишето,квасецот со сврзување испушта јаглерод диоксид што ги привлекува комарците и мувите..ставете го во некој крај на собата и мирна работа..не ви досаѓаат вас му досаѓаат на шишето иначе малце ке мириса но испрскајте со спреј,мирис за попријатен мирис а јаглерод диоксидот повторно ке ги привлекува комарците..

Иначе повише користам еден како спреј со пријатен мирис "buffy" тато од софија го купува,ептен е ефективен :)
 
Гледам одамна не е дискутирано на оваа тема, ама сепак се надевам дека некој ќе го прочита ова и ќе ми помогне да најдам решение.
Ги имам оние ѓубриња од мравкишта, мали црвенкасти, се појавуваат од кај ти душа сака, од ѕид, од гипс картон, од паркет, а бе од се и сешто.
Нив ги нарекуваат фараон мравки или фараонски мравки, ѓубрињата ги имам исклучиво во кујната и во шпајзот, во лето ми се појавуваат и во собата, од доста оправдана причина бидејќи, денешната соба порано ми беше трпезарија која излегуваше на тераса. Прво ја заградив терасата до половина пред едно 8 години, и се си имав под контрола, бидејќи ќе излезев на терасата, ќе посипав со тој Нео Питроид прашокот и за 2-3 дена ги снемуваше. Сега ова летово што измина ја заградив терасата до крај, па наместо да го малтерисаат ѕидот, ставија термоизолација од стаклена волна покриена со гипс картон. А исто така и рамките на прозорците се дрвени, и овие ѓубрињава си влегуваат кога и како им душа сака.
Ме изненадува тоа што во последно време ги гледам и во тоалетот и во купатилото кои се во две одделени простории.
Тој Нео Питроид прашокот помага, ама ѓубрињава ќе се преселат на некое друго место во просторијата, ако сум ставил од прашокот во креденецот со чинии, чашки и шолји за кафе, ѓубрињата најкомотно ќе се преселат во садоперата, или кај бојлерчето или на некое друго место.
Преку глава ми дојде од тоа постојано да ги бркам со Нео Питроид прашокот, проблемот е во тоа што премногу се чувствителни на прашокот и веднаш умираат, не успеваат да го донесат во дувлото за да се испотрујат сите таму. И да исчистам и да ставам повторно од прашокот, ѓубрињата нема да поминат таму, туку најкомотно ќе се преселат на некое друго место во просторијата.

На Интернет читнав дека имало некаков добар отров кој можел да се подготви од борска киселина и нешто благо што мравкиштата го јадат.

Да не е некој запознаен со ова, или пак имал ли искуство со ваков метод ?

Па овие ѓубрињава ми дојдоа преку глава.
Старо мислење, ама како ги реши овие :D?
 
Старо мислење, ама како ги реши овие :D?

Нео питроидот помогна, ама мораш да го наросуваш насекаде каде што поминуваат ѓубрињата.

Исто така купив ациди борици прашок од аптека, го подготвив со пченкарно брашно, јајце и шеќер - во првата тура и млеко ставив, ама не ги привлекува многу, па затоа во втората тура не ставив млеко. Колачињата беа малку прегусти, некои се залепија за подот, но не ми сметаше, откако ги снема ѓубрињата направив генералка и ги извадив.

Исто така едно лето имав наезда на штурци во гаражата, а за нив во земјоделска аптека ми препорачаа Хлороцирин, но премногу е јак и не го препорачувам, миризбата е прејака и штетен е како за околината, така и за луѓето, морав со маска да го прскам. Агро Јуником го увезува, но го има во отприлика повеќето земјоделски аптеки. Две до три капки во боца за прскање од 1 литар, ја полниш со вода до врв и прскаш таму каде што поминуваат ѓубрињата, но не го препорачувам, премногу е јак и опасен како за околината така и за луѓето.

Во пракса Нео питроидот и колачињата со ациди борици прашок го решија проблемот со мравките, Хлороциринот ми заврши работа против штурците во гаражата.
 
Back
На врв Bottom