- Член од
- 24 август 2011
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 807
Некако сепак мислам дека имам право.. Ај сега да го оставиме лицемерието на страна, ако ти имаш семеен бизнис заснован врз некој таен рецепт да речеме, со кој си го прехрануваш семејството - дали ќе го кажуваш тој таен рецепт на сите? Дали ќе им го ускратиш удобниот живот на твоите најмили? Треба да сфатиш дека има некои работи кои едноставно не се кажуваат. Јас моите методи ги споделувам со два-тројца кои ми се блиски затоа што им верувам, ама да се објави пред 50к луѓе, мислам дека јасно ти е оти методот веднаш ќе стане saturated и ниту ти, ниту било кој од тие 50к веќе нема да може солидно да заработува со тој метод.Види, првичното мислење ти е топ, информативно и убаво објаснето но мислам дека немаш право да го кажуваш тоа што го цитирав поради тоа што го пишав.
Дури и се мислев лајк да ти клаа
Треба значи да ги разграничиме поимите "себичност" и "заштита на сопствените интереси". Јас радо споделив десетици методи за заработка на Емагаре кои се прилично сигурни и носат добри профити. Ако ги комбинираш тие методи, може грдни пари да извадиш од интернет. Јас мислам дека тоа е знак за несебичност. Тие методи не ги користам бидејќи сум фокусиран full-time на Fiverr и не би можел да постигнам на сите страни, само би ја засрал работата, па си мислам - ако јас не можам да го искористам, нека го искористи некој друг на кого му е потребно.
Тоа со пејпал што бидна, сеуште си го држам своето мислење, не требаше баш на тој начин да се објави. Сигурен сум дека ќе се согласиш со мене во едно - дека огромен дел од луѓето се несовесен џган кој само умее да уништува. Јас сум за тоа да се сподели информацијата, но со оние кои навистина ќе ја искористат за нешто полезно, а не да прават по 50 акаунти кои ионака нема да ги искористат, па после колективно да го јадеме стапот поради грст такви кретени. Се слагаш со ова?
Едит:
@Топче
Да, дневниот лимит не може да се симне ако си од МК, но годишниот може. Начинот е полесен од што мислиш, што се вика - пред нос ти е и кога ќе го откриеш ќе се изнасмееш на себеси како не ти текнало порано. Прочитај ги TOS на пејпал внимателно и мислам дека ќе ти падне жетонот