Заработка на интернет (официјална тема)

Член од
20 мај 2011
Мислења
71
Поени од реакции
66
На што е ова кај се заработува олку ?
Ова ти е CPA (Cost Per Action) за да влезеш ти треба добро изготвена апликација, малце потешко се влегува но ако си добар со маркетингот овде се $$$ има луге што вадат во еден ден една Македонска просечна плата (добро де некои вадат дури и по 3-4 :cuc:) . Затоа не трошете си го времето на PPC сајтовите и таквите како Microworkers земете читнете некој туториал за YouTube маркетинг, SEO etc. и пробајте си ја среката во светот на маркетингот :)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Во времиња каде што парите се потешко се печалат, интернетот е некако нов, неистражен пазар за Македонецот. Најголем дел што се занимаваат со заработка на интернет се одлучуваат за пирамидални шеми како што е кликање на реклами и слично, но секој што го пробал тоа знае дека нема баш многу пари во тој бизнис. Треба да се скинеш од кликање за 30 долари месечно. Повеќе ќе потрошиш на нови мауси и на струја од што ќе заработиш.

Една работа ги поврзува сите луѓе што сакаат да заработат на интернет, а тоа е познавањето на Англискиот јазик. Ако добро го познаваш јазикот, можеш многу лесно да направиш солидни пари на интернет пишувајќи статии. Да напоменам дека ова не е за мрзливи луѓе, овој метод бара многу посветеност, чесност и работа и ако мислиш дека ова е шема со која лежејќи ќе си печалиш, жалам што ќе те разочарам но таков метод постои само во бајките. Најдоброто во овој метод е што колку работиш, толку ќе заработиш. На пример, за 200еу месечно ќе ти требаат 3-4 часа дневно, но ако посветиш полни 8-9 часа дневно можеш да ја дуплираш таа сума многу лесно.

Еве што ќе ти треба...
- Акаунт на Fiverr.com
- Microsoft Word
- Желба за заработка

Процес:
Прво се регистрираш на Fiverr.com. Тоа е сајт каде што можеш да продаваш било какви услуги за 5 долари, ни помалку ни повеќе. Од тие 5 долари, тие задржуваат 1 долар, што значи твоја чиста заработка е 4 долари. Услугите кои би ги нудел таму се викаат Гигови. Тоа е нешто како оглас, ставаш наслов, слика, опис на услугата, рок на достава и слично. Милиони луѓе после го гледаат твојот гиг и ако е примамлив ќе го купат. Веднаш при купувањето на нив парите им се земаат. Потоа клиентот ти остава упатства (кои ти претходно си ги побарал) и кога ќе ги добиеш упатствата, имаш определен рок (исто така ти си го поставил рокот) да ја доставиш услугата. Ако не ја доставиш во овој определен период, клиентот ќе има опција да ја откаже нарачката...

Следен чекор е да ја исполниш нарачката и да ја доставиш преку нивниот систем. Лесно е, бебе може да го направи тоа. Потоа клиентот го разгледува доставениот материјал и го оценува. Ако му се допадне, ја означува нарачката како успешна, и со тоа парите се твои. Како и кај секој сервис, парите се задржуваат 15-тина дена, по што ќе можеш да ги повлечеш но бидејќи ќе имаш секојдневно нарачки, ова не е проблем. Ќе имаш константен прилив на пари. Секако, ако клиентот не ја маркира нарачката во рок од 3 дена (пример, не се логирал или е смотан и не може да се одлучи) таа автоматски ќе биде маркирана во твоја полза.

Е сега кога веќе имаш акаунт, ќе си направиш гиг. Твојата услуга треба да биде поврзана со пишување на статии, насловот треба да биде примамлив а описот јасен и концизен, без печатни грешки. Ќе можеш исто да го поставиш рокот на достава. Е тука почнуваат тајните.

Види вака, тоа што никој не сака да ти го каже е рокот на достава и цената на зборот. Ако си нов, ќе сакаш да понудиш повеќе вредност за помалку пари. Пример, јас сум веќе добро етаблиран продавач и за 5 долари моите клиенти добиваат статија од 500 зборови, а рокот на достава е 10 дена. Имам преку 100 позитивни фидбек поени, така да можам да си дозволам малку луксуз. Ти како нов продавач ќе сакаш за истите пари да понудиш повеќе, за да привлечеш повеќе клиенти во старт. Пример, ќе понудиш 600 зборови со рок на достава од 3-4 дена.

Една битна работа мораш да запомниш - пишувањето на статии не е лесна работа. Ако добиеш повеќе од 5 нарачки, суспендирај го гигот дур не ги доставиш тие. Задоцнети нарачки се фатални по твојата репутација.

Е сега кога го имаш гигот, се што треба да направиш е да почекаш. Тоа што никој не сака да го каже но е очигледно, е дека статиите и генерално пишаната содржина е секогаш барана на интернетот. Константно има потреба од тоа и секој што умее квалитетно да пишува ќе има работа со ова. Некои нови продавачи ја добиваат првата нарачка веќе по неколку дена, додека пак други чекаат и по 2 недели дур системот да ги стави на првата страна, но едно е сигурно - ако твојот гиг звучи примамливо, нарачката ќе стигне сигурно порано или подоцна. Кога ќе стигне, џитни се одма на работа.

Клиентот ќе ти даде тема за статијата. Некогаш овие теми ќе ти бидат непознати. Пример некни еден бараше да му пишувам статија за некоја си брана што ја правеле дабари во северна каролина, во некој си национален парк. Ќе си помислиш, "од кај знам јас за овие работи бе, јас сум автомеханичар".. Но, се што треба да направиш е да пребараш на гугл. Прочитај 2-3 статии на таа тема и потоа почни да пишуваш, црпејќи ги информациите од тие прочитани статии. Пишувај со твои зборови, не копирај. Ова е критично. Сите клиенти ги проверуваат статиите преку copyscape и ако откријат дека си копирал, ќе ти остават негативен фидбек и твојата кариера тука ќе биде завршена. Воедно, ако си ветил 600 зборови, напиши 650 а потоа при достава нагласи му дека си направил overdelivery. Демек, добил повеќе од што платил бидејќи ти се допаднал како клиент, бла бла... Ти текнува, како кога ти даваат попуст во продавница некоја, па се осеќаш како ВИП. Клиентите паѓаат многу на овој трик. Тебе те кошта 50 зборови само, ама затоа ќе го добиеш како редовен муштерија.

Microsoft word го спомнав затоа што има бројач на зборови и spell check, но можеш и друга програма да користиш што ги има овие две функции.

Како што почнува да врви работата, ќе можеш полека да си ја качуваш "цената" со тоа што ќе го намалиш бројот на зборови и ќе го зголемиш рокот на достава. Подоцна ќе добиеш и шанса да понудиш Extras што ќе чинат поскапо. Пример, стандардниот гиг за 5 долари носи статија од 500 зборови со достава од 10 дена, додека пак за екстра 10 долари (вкупно 15) ќе му ја направиш статијата по итна постапка за 2 дена. Јес дека овие Extras нема баш многу често да ти се продаваат, ама секој бонус е добар.

Знам дека 4 долари ти звучи како мала сума, но дај да погледнеме реално - за една статија не ти треба повеќе од 30 минути, сосе истражување и пишување. Ако денес потрошиш два саати за да напишеш 3 статии (сосе пауза од пола саат) ќе заработиш 600 денари, а тоа е една одлична дневница која ќе ти носи 300еу месечно. Два саати дневно. Седејќи на компјутер. Ај сега кажи ми колку саати дневно трошиш смрдејќи бескорисно на фејсбук или кантер.

Нарачки не се проблем, колку повеќе фидбек добиваш толку повеќе нарачките ќе стигаат. Јас конкретно сум приморан да го суспендирам гигот од премногу нарачки, а така ќе биде и кај тебе ако си чесен и вреден работник. Значи, не е проблем дали има клиенти - проблем е дали имаш доволно воља да им ги земеш парите. Ако си доволно посветен, ќе има доволно работа за по 7-8 нарачки дневно да доставуваш, што може да резултира во плата од околу 40,000 денари месечно.

Секако, како и во секој бизнис, и тука ќе имаш нечесни клиенти. Некои од нив ќе глумат примадони и нема да бидат демек задоволни од статиите. Сега, ако 30% од клиентите не се задоволни, твоја вина е ама ако 1 во 10 е незадоволен, ич немај си гајле, измамник е. Сепак, запомни дека тој те држи за муда во моментов бидејќи може да ти остави негативен фидбек и во еден брз потег да те уништи. Ако е нешто незадоволен и јаде трици, веднаш и без многу полемизирање понуди му full refund. Тој секако ќе прифати но со refund-от ќе загуби право да ти остави фидбек и ти ќе бидеш безбеден. Верувај, на сите ни се случува да се справуваме со такви, тоа е дел од бизнисот така да немој да се чувствуваш лошо и немој многу да се обидуваш да ги убедиш дека си во право. Твојата кариера тука вреди многу повеќе од неговите мочани 4 долари.

За вадење на парите ќе ти треба сега за сега пејпал, но ако немаш пејпал може да си најдеш другарче/познаник што има пејпал кој ќе ти ги повлече парите. Не прават никакви проблеми, повлекувањето се прави за 2 минути, не бараат лични карти, пасоши, сметки ниту пак од пиле млеко, копита од еднорози, женски оргазми и други митолошки битија...

Се на се, ова е метод кој што сите можете да го користите и сепак да не си бидете конкуренција еден на друг, туку баш напротив - колеги. Има огромен недостаток на уникатна содржина на интернетот и ако си способен да пишуваш статии, те чекаат огромни пари на интернет.

Ти посакувам среќа и многу заработка, па ако ме видиш некаде, почасти пиво.

Извор:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако денес потрошиш два саати за да напишеш 3 статии (сосе пауза од пола саат) ќе заработиш 600 денари, а тоа е една одлична дневница која ќе ти носи 300еу месечно. Два саати дневно. Седејќи на компјутер. Ај сега кажи ми колку саати дневно трошиш смрдејќи бескорисно на фејсбук или кантер.

Извор:

ЕПИК! (y)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Изгледа интересно. Се мислам да си купам некое видео од девојкава за 5 долари, или да си го испишам името на стомачето... :))

Сериозно? Интересен начин на заработка.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
^Одма ти фаќа око интересни а? Може и ова :icon_lol:

Иначе пишување артикли е само еден од илјадниците начини на заработка на фивер како што гледате има секакви гигови :D
Think out of the box и може да вадите добри пари.

Како и да е само од фивер неможеш да вадиш две плати како што спомена членот погоре (тоа би му дошло негде над 30 000 денари или 700+ долари)
Башка единствен начин да префрлаш пари (ако не го смениле од пред 2 години) е пејпал а таму имаш лимит за вадење така да и да вадиш 30000 месечно ќе можеш да го правиш тоа само 5 месеци.

Ко држава утепани сме што немаме пејпал, убеден сум дека економската ситуација кај младите драстично ќе се промени доколку се воведе пејпал кај нас.
 
Навистина не може да се вадат две плати? Ај ѕир тука...
http://fiverr.com/youtube_tube/add-facebook-likes-facebook-fans-1225-likes-within-24-hours-to-your-facebook-fan-page

Типов има 70+ нарачки во queue што значи дека во најмала рака го чекаат 14000 денари на сметка само од оваа група, само од овој гиг. Да не збориме за другите гигови и па ако му купат Extras. Бидејќи има 4 дена да ги испорача а од искуство ти кажувам дека ги испорачува за 24 саати, безбедно е да се претпостави дека добива во просек по 30 нарачки на ден. Тоа значи дека во НАЈЛОШ МОЖЕН СЛУЧАЈ тој заработува 6000 денари на ден или 3000 евра месечно. Тоа е само од еден гиг, без extras, во лош ден, пази. Да не збориме кога ќе му тргне па ќе опичат 100-200 нарачки дневно. Има и такви денови, а во просек 30% од нарачките се со Extras доколку цената ти е разумна.

Понатаму, ако играш фер со пејпал, ќе ти постават лимит на 500еу дневно, не месечно. Имаш уште еден годишен лимит кој може лесно да се ресетира.
 
Не ми кажувај за некој друг, ја можам да ти пратам линк од некој сајт кај што некој заработува 20 000 евра месечно тоа не значи дека секој може да ги прави, кажи ми ТИ лично дали заработуваш две македноски плати месечно, секој месец од пишување артикли?

Не ми кажувај прикаски и за пејпал, нема тука фер играње, со самото тоа што ти го отвараш акаунтот со тоа што се пишуваш дека си од словенија ти не играш фер.
Играл или не играл фер со пејпал ти имаш 500 евра дневен лимит со самото отварање на акаунтот, а не го добиваш тоа "ако играш фер".
Годишниот лимит може да се ресетира само ако испратш копија од словенска лична карта и сметки или незнам што бараа.

Ако ти имаш такви документи 99% од луѓето тука немаат.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
У што сме дрски денес..

Да, заработувам 2 месечни плати ако една месечна плата ја сметаме за 12,000. Заработката ми варира 100еу +/-, зависи како врви работата. 40-тина проценти од тој приход ми е од пишување статии. Останатото доаѓа од други гигови поврзани со web securitу услуги.

А ако 500еу дневен лимит ти е премал и ако си способен да вадиш повеќе, сигурен сум дека пејпал ќе ти биде најмала грижа.

Ама ај сепак, штознам јас, шупак сум. Де напиши ти некој од твоите методи, не биди себичен, сподели со Македончето. Јас барем нешто им дадов, што ќе им дадеш ти?
 
Пак не ме разбра, ништо не правиш со 500 евра дневен лимит кога годишниот ти е 2500. Нема начин да го заобиколиш тоа освен преку фалсификување.
Муабетот ми е дека не треба да пишеш дека ќе прават 40 000 денари месечно не ги "влечи" со тоа поубаво пиши 12 000 само нека е реално.

Иначе браво за тоа што си се потрудил да напишеш ;)
само џабе е кој имал желба да заработи до сеа сам ќе нашол 10 сајтови за заработка, повеќето мислат дека со ништо можеш да напраиш пари
 
Всушност, има начин да се отстрани годишниот лимит и тоа без фалсификувања и на целосно легален начин кој не се коси со правилата на Пејпал. Дневниот лимит е траен за повеќето корисници, се отстранува само во посебни случаи кога корисникот има потреба од поголем прилив/одлив и може да ги оправда средствата. Конкретно за МК, сеуште нема начин да се тргне дневниот лимит но ако имаш западноевропски или американски документи, и ова се решава.

И пак не знам зошто да не ги "влечам" кога јас самиот заработувам во просек од 20к до 30к од Fiverr a другарче кое е исто така член на Кајгана вади редовно над 30к, со SEO услуги. Јас нит им барам пари нит нудам муда за бубрези тука, кој сака нека проба и нека се увери самиот. Кој не сака, нека си клика за $0,001, што да ви правам.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
не биди себичен, сподели со Македончето
Кажа оној кој знаеше за пејпал трик а не го сподели со другите и го користеше да им наплатува услуги на други Македончиња.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Кажа оној кој знаеше за пејпал трик а не го сподели со другите и го користеше да им наплатува услуги на други Македончиња.
Споделувам тоа што не ми оди на штета. Примети горе дека спомнав оти нудам и други услуги? Не ги опишувам во детали оти во моментов сум монопол за нив. Драги сте ми, но не до толку драги да ви го дадам последниот залак леб. Конкретно со статииве јас не можам да постигнам да испорачувам (затоа го суспендирав гигот) и не гледам во вас конкуренција. Затоа го споделив методов.

Ама да, доцна сфатив дека е лошо да се подаде рака овде. Тука доаѓаат луѓе само да мрчат и да јадат трици. Скраја да е некој да направи некое добро дело, тоа од ден во ден станува табу.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
Види, првичното мислење ти е топ, информативно и убаво објаснето но мислам дека немаш право да го кажуваш тоа што го цитирав поради тоа што го пишав.

Дури и се мислев лајк да ти клаа
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Конкретно за МК, сеуште нема начин да се тргне дневниот лимит но ако имаш западноевропски или американски документи, и ова се решава.
Да си ми жив и здрав ова е тоа што ти го зборам од прееска. Значи со МК документи си лимитиран.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom