T
Tetro
Гостин
Печалбарска треска во Македонија. Каде еден - таму сите!
Не постојат официјални податоци за тоа колку македонски граѓани се иселиле во последните неколку години, но искуствата на терен потврдуваат дека ова станува сериозен проблем. Секој еден има по неколку лични приказни за актуализирање на печалбарството, но на треската никој не реагира
Печалбарска треска и се случува на Македонија. Во потрага по достоинствен и подобар живот, младите, но и повозрасното работоспособно население ја напушта државата и спасот од сиромаштијата го бара во европските земји, но и преку барата. Младите образовани луѓе кои завршиле факултет прифаќаат каква било физичка работа во странство за да дојдат до одредени финансии, со кои не ретко ги издржуваат и нивните семејства кои остануваат овде.
Не постојат официјални податоци за тоа колку наши луѓе се иселиле во последните неколку години, но искуствата на терен потврдуваат дека ова станува сериозен проблем. Но, постојат официјални податоци за парите кои ги испраќаат печалбарите во земјава, чиј износ постојано расте. Според последните податоци од Народната банка на Македонија, во првите три месеци печалбарите испратиле 330,7 милиони евра, што е раст од 24% во однос на истиот период лани, кога испратиле 266 милиони евра.
„Завршив факултет, но не можев да се вработам, а камоли да размислував да основам семејство или да си купам стан. Затоа, со девојка ми се одлучивме да заминеме во Америка, каде што најдов работа како келнер, а таа како готвачка во кујна во ресторан. Освен од плата, заработуваме и ако дополнително подработиме нешто во ресторанот, но и од бакшиш. Овде работливоста се цени, па доколку газдата види дека се трудиш и работиш повеќе од зададените работни задачи, те наградува“, вели еден наш соговорник кој го контактиравме по имејл, а сакаше да остане анонимен поради семејството овде. Ни кажа дека дел од заработувачката ја испраќа и дома, за да го издржува семејството.
И покрај тоа што борбата за работни места во САД, исто така, е тешка и многу покомплицирана од порано, многу од Македонците битката со сиромаштијата, сепак, одлучуваат да ја водат таму.
„Светската економска криза си го зема својот данок. Ако пред 10 години моите родители работа најдоа за само 10 дена, моменталните шанси на обичен гастербајтер кој оди без ништо во САД се речиси никакви. Секое работно место денес во САД се цени како злато, така што природно е да е поголема конкуренцијата и предност да имаат домашните работници“, вели пратеникот Павле Саздов, кој доаѓа од регионот на Северна Америка.
Сузана Јанковска, која живее во Њу Џерси кај нејзината сестра, а се исели пред една година, вели дека ќерка и ја воспитувала и ја насочувала образованието да го продолжи надвор од државата. Како ученик со натпросечна интелигенција, образовниот систем не и понудил одговор за нејзините потреби за нови знаења, но и понуда за вработување откако ќе заврши.
„Ќерка ми доби стипендија на универзитет во Фортвејн, каде што студира бизнис и менаџмент. Цел живот ја подготвував образованието да го продолжи надвор од државата. За време на основното и средното училиште се среќававме со такви ситуации што еден интелигентен човек можат само да го фрустрираат, а не да му помогнат да се насочи правилно. Државата се уште нема одговор што со натпросечно интелигентните деца. Образовниот систем не нуди никакви посебни програми за нив“, вели Јанковска.
Таа пак, по долгогодишна голгота низ македонските фирми, во кои само била сведок на ситуации во кои успешните и работливите биле маргинализирани, а оние што вределе како работници едноставно не успевале, одлучила да си замине.
„Долги години бев без работа. И покрај квалификациите кои ги имав како работник, речиси во секоја фирма се соочував со истите проблеми. Неспособност на менаџментот да ги препознае добрите работници, кои притоа се демотивираат со слаба плата, но и со некои недолични односи на работното место“, објаснува Јанковска.
КАДЕ ЕДЕН , ТАМУ И СИТЕ
Уништеното локално стопанство и неможноста да се најде работа предизвика иселенички бран, кој го зафати целиот источнопланински дел од Македонија, кој важи за најсиромашен. Поради големата невработеност, илјадници семејства шансата за подобар живот ја побараа во Европа. Од почетокот на 90-тите години до денес италијанското гратче Канели стана најпосакувана дестинација за печалбарите од Виница. Неофицијалните податоци зборуваат дека од овој град, лоциран во источниот дел на земјава, последниве години во Италија, Словенија и во Црна Гора во потрага по подобар живот заминале дури 500 млади семејства.
Младите што заминуваат на печалба ги издржуваат постарите. Последица на ова иселување е што просекот на наталитетот е под 2,1 промили и од оваа бела чума страдаат општините Виница, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Зрновци.
„Заминав пред пет години во Италија. Откако добро се снајдов, ги повлеков и двајцата браќа со семејствата. А и сите мои другари се отидени низ Италија. Во Виница можев да работам само како таксист или во кафуле. Овде во близината на Милано работам во една градежна компанија. Возам кран и работам по 12 часа. Работата е тешка, но е добро платена, околу 5.000 евра. Знам зошто работам. Кога дојдов не планирав толку да останам. Но, добрата заработувачка и средениот систем ме задржаа да останам овде“, вели Ангел Николов од Виница.
Тој додава дека со секое доаѓање во Македонија се повеќе се разорачарува. Наместо да се подобри, ситуацијата станува се полоша.
„Секое лето сум дома. И наместо стандардот на моите сограѓани да биде подобар, тие тонат во се поголема сиромаштија. Не знам дали вие што живеете овде сфаќате дека вашите соседи се гладни“, додава Николов.
Ако сиромаштијата во источниот регион заминува во европските земји, кумановци и луѓето од околината спасот го побараа во работа на бази во Авганистан. Потпишуваа договори на една година, но ги продолжуваа на пет до шест години. Тоа пак, подразбираше заработка од околу 300.000 долари, со која си ги средија станбените прашања, а некои од нив основаа и свои бизниси.
Се претпоставува дека моментално 3.000 кумановци се на работа во Авганистан. Можност да заработуваат од работа во американските бази Македонците имаат уште две години, до 2014 година. Потоа ќе имаат можност да заминат во Африка, каде што ќе работат за истите компании за кои работат и во Авганистан. Познавачите на состојбите велат дека иако платите се далеку помали од оние кога биле на почеток, сепак, излезот од кризата наместо во мирна држава, го бараат во воено подрачје.
Македонците на печалба ги има и во арапските земји, иако заработувачката е далеку помала од таа во Авганистан, САД, Европа и изнесува околу 1.000 долари месечно.