На што најмногу штедите/трошите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Возам точак или пешки сум нон-стоп, значи никогаш не се качувам со такси.

Во лето си полнам шишина со вода и ги оставам на сонце за да ми се стоплат за потоа да можам со топла вода да се истуширам, секој ден нормално !

Штедам на подароци, немам девојка, single сум, девојка = екстра трошоци така да .

На училиште не купувам за јадење, строго само дома си јадам.

Си имам своја бавча, нема потреба да купувам домати, краставици и друго.

Не пушам, не пијам, не се дрогирам - кога ќе видиш заштедувам многу пари!

Филмови, игри или било што никогаш не сум купил оригинал - за тоа имам интернер ! Pirate yaaarr'r!

Се на се, кога ќе видиш јас сум стипца ама не е тоа така, јас ги ценам тешко заработените пари .

Поздрав ! :)
 
Tакси .............. таксито отсекогаш било луксуз друже, не за џабе постои автобускиот превоз, на кој сепак цените му се прикладни за наш џеб, е сега ОК е да имаш автомобил, ама па бензинот ептен поскапе и автомобилот само за поитни потреби, инаку или пеш или со автобус, таксито е ѓаол-ипол(што би рекле)со право !
А што се однесува за другите работи што си ги напишал .............. (y)
 
Кога ке решам да штедам,тогаш заштедувам многу на принцип со ги укрупнувам парите во 1000 xD и жал ми е да ги ситнам (пример не идам за нешто ситница да трошам 1000) Иначе чувам зајци и чат пат по некој продавам по 1000 у просек месечно а давам годишно само за јачмен по 100 тина кила тоа е 1400 денари ,детелина имам в нива .... се на се мислам оти сум штедливо дете :-) ,освен некогаш кога ке уживам со некој си 200 денара купам пица,вива благо итн ...Најубаво се штеди на вода ,стај 3-4 туби од 5 литри со вода на сонце и после бањај се со нив ,така ако прај цело семејство многу ке се намалат сметките за струја...
 
Такси, цигари, кафе, алкохол, на жени ...небитни срања не знам да штедам знам да живеам!
 
Знаете како рекле старите: колку чергата, толку и нозете ............. и штеди додека имаш, зашто кога ќе немаш и да сакаш да штедиш ќе нема од што да заштедиш !
Врти-сучи и навистина е така како што рекле и сеуште викаат старите ............... добро е да се штеди, кад-тад во животот се случуваат и лоши ситуации и заштедените пари(колку толку) ќе ти се најдат како џокер за спас !
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 21:21 ---
На се штедам освен на интернет и кондоми...

Кондоми ............... јас сум сингл и не ми се ни потребни кондоми ............. значи плус штедња !
 
Штедам најмногу на такси, наместо да одам со такси си одам пешки, потоа за цигари(не сум пушач), алкохол не трошам освен така кога ќе се најде едно до две пива во месецот, не купувам многу луксузни(брендирани) облеки, имам само 2-3 брендирани работи и ги чувам како очите во главата, значи се што е убаво може и да се најде за ефтина цена, потоа не трошам многу пари за квалитетна храна во школо кога сум втора смена си јадам дома. не трошам многу за телефон, месечна сметка ми е 100-200 денари.
 
најмногу штедам на вода, а најмногу трошам на сапуни :ROFLMAO:
 
Штедам најмногу на такси, наместо да одам со такси си одам пешки, потоа за цигари(не сум пушач), алкохол не трошам освен така кога ќе се најде едно до две пива во месецот, не купувам многу луксузни(брендирани) облеки, имам само 2-3 брендирани работи и ги чувам како очите во главата, значи се што е убаво може и да се најде за ефтина цена, потоа не трошам многу пари за квалитетна храна во школо кога сум втора смена си јадам дома. не трошам многу за телефон, месечна сметка ми е 100-200 денари.

Добар си друже, само уште малце треба да се поправиш и имаш 10ка од мене(оцена) ............ за мобилниот тие 100-200 ден. за три месеца, а не за еден ............ алкохолот(пивцата) батали ги ............. а сето друго што си напишал ти е супер, браво ! (y)
 
Остај го човекот да се полуксузира малце, иначе ќе стане ко Лазар Бараков од Мокрино и чајот мрсен ќе му биде, саде вода ќе пие.
 
За штедење ќе речам дека е многу паметно да се штеди, но треба и да се има плата која е деволно висока за човек да заштеди. Економистите на форумов сигурно ќе се сложат со мене дека штедењето е всушност најлуксузниот производ. Зошто? Затоа што ти треба најпрво да јадеш, да купиш облека и да ги дадеш парите на се она што ти е неопходно да функционираш како човек, а потоа ако остане нешто да штедиш. Исто така штедењето е многу добро за развојот на една држава и можете да си го сфатите и како еден патриотски чин и придонесување кон развојот на Македонија (освен ако не штедите под перница дома. Под перница не се важи).
Знаејќи дека населението е старо и наталитетот е мал, на Македонија како и на многу други држави им се спремаат демографски промени. Тоа значи дека ние младите кога ќе подостариме може нема да имаме пензии. Ќе може да се пензионираат само тие што сами успеале да си заштедат. Па така е паметно да се штеди за пензија ако се може. Истотака знаејќи колку несигурни се работните места испаѓа дека еден просечен човек една третина од работниот век ќе биде невработен па така паметно е една третина од платата да се штеди за црни времиња. А тоа е многу тешко ако е мала платата.
Но животот носи и други ризици меѓу кои е голем и здравствениот ризик. Затоа треба да се имаат и пари на страна за такво нешто. Треба да се имаат и троа пари за некои истотака непредвидливи ризици кои ги носи животот, а за кои не ни можеме да помислиме.
Ако ги собереме сите горни трошкови излегува дека треба скоро цела плата (ако воопшто ја има) да ја штеди човек и да живее со најмногу една десетина од платата. А тоа е невозможно.
Иако е невозможно со една просечна плата да се заштеди довлно да се покријат сите ризици кои горе ги набројав сепак сметам дека е добро да се штеди бидејќи сепак важи правилото болје ишта него ништа. Во црни денови секој денар е добредојден.
А јас колку можам се трудам да штедам и провувам што помалку да трошам, ама не ми оди од рака некако :)
 
Алал нека ви е.
И јас штедам, ама споредено со вас, трошам тродупло поише :)
 
Секогаш се трудам што е можно повеќе да заштедам. Моја девиза е не, е богат тој што многу има, туку тој што малку троши.
Најголема домашна заштеда ми е што пред четири години го откажав парното , па наместо да плаќам за парно 70000 за една грејна сезона, сега трошам околу 20000 за струја, а со три клими се греам 24 часа и тоа на температура од 26 С.
На сите им препорачувам на овој начин да си заштедат.
 
За штедење ќе речам дека е многу паметно да се штеди, но треба и да се има плата која е деволно висока за човек да заштеди. Економистите на форумов сигурно ќе се сложат со мене дека штедењето е всушност најлуксузниот производ. Зошто? Затоа што ти треба најпрво да јадеш, да купиш облека и да ги дадеш парите на се она што ти е неопходно да функционираш како човек, а потоа ако остане нешто да штедиш. Исто така штедењето е многу добро за развојот на една држава и можете да си го сфатите и како еден патриотски чин и придонесување кон развојот на Македонија (освен ако не штедите под перница дома. Под перница не се важи).
Знаејќи дека населението е старо и наталитетот е мал, на Македонија како и на многу други држави им се спремаат демографски промени. Тоа значи дека ние младите кога ќе подостариме може нема да имаме пензии. Ќе може да се пензионираат само тие што сами успеале да си заштедат. Па така е паметно да се штеди за пензија ако се може. Истотака знаејќи колку несигурни се работните места испаѓа дека еден просечен човек една третина од работниот век ќе биде невработен па така паметно е една третина од платата да се штеди за црни времиња. А тоа е многу тешко ако е мала платата.
Но животот носи и други ризици меѓу кои е голем и здравствениот ризик. Затоа треба да се имаат и пари на страна за такво нешто. Треба да се имаат и троа пари за некои истотака непредвидливи ризици кои ги носи животот, а за кои не ни можеме да помислиме.
Ако ги собереме сите горни трошкови излегува дека треба скоро цела плата (ако воопшто ја има) да ја штеди човек и да живее со најмногу една десетина од платата. А тоа е невозможно.
Иако е невозможно со една просечна плата да се заштеди довлно да се покријат сите ризици кои горе ги набројав сепак сметам дека е добро да се штеди бидејќи сепак важи правилото болје ишта него ништа. Во црни денови секој денар е добредојден.
А јас колку можам се трудам да штедам и провувам што помалку да трошам, ама не ми оди од рака некако :)

Се е ОК што си напишал, само како тоа мислиш погрешно било да се чуваат заштедените пари под перница ! А каде треба да се чуваат, да не е посигурно по банките и штедилниците, како да не, ризикот е секаде горе-доле ист, а сепак дома ти се при рака во секое време нели за недај боже, секакви работи се случуваат во животот, пожелно е да се има одредена сума на пари во кеш во секое време при рака, за недај боже !
Инаку викаш не ти одело при рака многу штедењето, подобро да ти оди, за твое добро ........ ние младите генерации нема во иднина(кога ќе остареме) да земаме пензии такви ствари, така да железото се кове додека е вруќо .......... уште од младост човек треба да мисли за понатака, недај боже може човек да остане без работа, или пак здравствени проблеми и.т.н. парите се ите-како потребни, а заштедата во такви црни моменти ќе ви се најде како џокер !
Инаку доколку веќе сте започнале да штедите тогаш мој совет кој навистина е успешен е немојте да штедите во денари туку во странски банкноти(евра пред се, но и немора баш во евра...) и тоа секогаш чувајте ги парите во банкноти на пр. од по 100, 200 или 500 евра, никако во банкноти од по 10, 20 или 50 евра, бидејќи ќе се излажете и ќе ги раситните и потрошите, исто така пак ако штедите во денари тогаш само во иљадарки или 5 иљадарки, никако во стотки или петстотки !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom