L
.Lost Angel.
Гостин
Првиот вистински летен ден годинава, скопјани тешко го доживеаја. Сите бараа сенка или вода за разладување, а се чини дека најмладите најмногу уживаа во тоа. Во центарот на Скопје, тие се разладуваа во водата од фонтаната на Алкесндар Македонски. Утре нè очекуваат уште повисоки температури со прво ниво на предупредување или жолта фаза, кои ќе ја зафатат територијата на целата држава.
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура во одделни региони ќе достигне до 38 степени. Од Министерството потсетуваат дека остануваат да важат основните препораки за заштита на населението, како што се избегнување на директна сончева изложеност, престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се консумира лесна храна и течности, одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
На работодавците им се препорачува преземање превентивни мерки за вработените лица, кај одредени ризични производни и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници и почитување на законските прописи од оваа област.
Фото: Радован Вујовиќ