Панинг

  • Креатор на темата Креатор на темата ErT
  • Време на започнување Време на започнување
Ах на бегање си го фатил, а и мноооооогу светлина имало тој ден.
Како и е да, сосема коректна фотографија. Без НД филтер тоа е :)
 
сигурно за да се постигне подобар ефект мора да се изнаштракаш едно 20 пати а може и повеќе
 
Со вежбање се постигнува рутина и све по ред.

Ретко фотографирам панинг, ова е фотографирано на 03.09.2011 имаше ноќна трка со велосипеди низ Скопје.

Прва рака
trka_IMG_4527.jpg


Втора рака
trka_IMG_4535.jpg

Фотографиите воопшто не се модифицирани во фотошоп освен рисајз и вотермарк.

ИСО 1600
Експозиција 1/20
Бленда 4
 
значи треба да биде позадината размрдана а човекот во движене (додека вози велосипед,кола..) да се гледа чисто и јасно да не е размрдан ова со велосипедистиве не е толку добро направена ,али со вежбање сигурно се постигнува добар резултат,јас никогаш не сум пробал да напраам Панинг
 
За добар панинг, одбираш 1 објект кој се движи и го следиш. Ако имаш повеќе објекти, како кај мене велосипедистите, само еден ќе излезе ко што треба, другите ќе бидат матни, исто како и позадината, што не мора да значи дека е лошо :)
 
Фотки од Авто-мото-митингот(ако можи така да се наречи) во Прилеп.Количината фатени на бегање во "пенинг" :)

305886_10150351114459800_574994799_7844667_139430548_n.jpg


296400_10150351117329800_574994799_7844686_832369688_n.jpg
 
Другаров сакаше уште еднаш со друг точак (кој што се продава :) ).

 
More panning spam... овој пат со опрема :) (фали кацига -.-)



И еве една од друг агол (доста потешко беше да фатам оштра слика)

 
претерано добри слики ,а мора да си во близина или може да се слика панинг и од прозор ? тапа сум од фотографирање затоа и прашувам сеуште сум почетник во фотографирање :D
 
претерано добри слики ,а мора да си во близина или може да се слика панинг и од прозор ? тапа сум од фотографирање затоа и прашувам сеуште сум почетник во фотографирање :D

Фала :)

Зад прозор? Ќе имаш проблеми со фокусирањето, излези на балкон :)
Не знам што апарат имаш, али за ова ќе треба да имаш рачна контрола на брзината на сликање. Исто така за најдобри резултати ќе треба да имаш континуирано фокусирање (Continuous Focus Mode) и да фокусираш во објектот цело време додека се движи. Препорачливо е и Burst Mode (го задржуваш прстот на копчето за сликање и апаратот слика постојано).

Доколку имаш ДСЛР, ќе ги имаш сите овие функции што ги наведов. Намести на Shutter Speed Priority, 1/80 секунди брзина на сликање, и земи некој(а) другар(ка) да вози точак/ролери/кола :)

Можеш и да гуглаш Panning Techniques за повеќе информации.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom