Друштво,јас како православен христијанин и голем ПОЧИТУВАЧ на останатите религии ги имам поставено овие прашања на повеке места но немам добиено одговор:
1.Од каде Ви е идејата дека постои само еден Бог?-односно зашто мојот Бог го поистоветувате со вашиот-Алах
2.Кој им го дал тоа право на муслиманите да ги менуваат исконските христијански имиња на Исус Христос во Иса,на св.Богородица во Мејрема,на Мојсеј во Муса?-како Вие би се чуствувале ние да ви ги преименуваме нпр.Алах во Александар или Мухамед во Методија!
Можда малку прашањава ми се надвор од тукашниот муабет
но ај...
Tи сигурно не си христијанин ради вера, ами христијанин ради традиција. Си се родил во таква фамилија и се осеќаш како да си добил награда.
Доколку би ја прочитал БИБЛИЈАТА ТВОЈА, ќе знаеше дека спорев аврамските религии ,рисјанството му доаѓа како второ издание. Сигурно кога те интересира, би зел Куран да прочиташ и ќе забележиш дека “твојот бог“ и “нивниот“ бог, се ФАКТИЧКИ ИСТИ БОГ.
Христијанството е еврејска религија и еврејско издание, додека Исламот се појавува кај арапите.
Евреите господ го викаат: ЕЛОАХ, додека Арапите го викаат АЛЛАХ. (тоа е назив за ГОСПОД а не име).
1.Од каде Ви е идејата дека постои само еден Бог?-односно зашто мојот Бог го поистоветувате со вашиот-Алах
Доколку си ти ХРИСТИЈАНИН и ти би се држел до идејата дека ПОСТОИ ЕДЕН БОГ,затоа што и твојата религија е монотеистичка - еднобожна.
И тој твој бог, и нивни, е исти бог како што ти објаснав погоре. Муслиманите сметаат дека после тората, библијата, куранот е последна божја објава. Не ја негираат претходната религија туку сметаат дека ова е последен божји закон по кој треба да се водат.Затоа и се поистоветуваат со истиот “твој бог“ што го нарекуваш, како јеховините сведоци што ти зборат за христос.
2.Кој им го дал тоа право на муслиманите да ги менуваат исконските христијански имиња на Исус Христос во Иса,на св.Богородица во Мејрема,на Мојсеј во Муса?-како Вие би се чуствувале ние да ви ги преименуваме нпр.Алах во Александар или Мухамед во Методија!
Никој не им дал право, ама ниту тебе ти дал некој право да речиш оти ги имаат правилните имиња.
Сигурно не си чул за различна транскрипција на исто име. Луѓето си играле расипан телефон во старо време, па за името во македонија ЈОВАН имаш повеќе верзии: ЏОН, ЈОХАН, ЈОВАН, ЈОАН.
(Jovan, Johan, John)
Така да, името што му го даваш на твојот спасител фактички потекнува од грчка транскрипција “Исус христос“.
Имаш и други верзии, соломон = сулејман на арапска верзија.Не очекувај овие македонските верзии на имиња од светци, дека ќе бидат исти со еврејските,односно оригиналните!