- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.795
- Поени од реакции
- 8.818
можам ама нема да разбереш
ќе се обидам...дали емоциите и желбите се исто што и мислите?
Сите три се различни категории. Не можеш да ги ставиш емоциите и желбите во иста група.
Од сите три, емоциите се најтешки за дефинирање, и постојат мал милион дефиниции.
Ќе користам нет затоа што литературата ми е по дома, а кога дефинирам нешто не сакам да користам лични дефиниции (од причина што не сум компетентна) па ги користам оние со кои се согласувам и кои се и мое мислење.
Па вака:
Според Лазарус, за да доживееш некоја емоција, прво мора да мислиш на истата. Искуството те води до таму да ги создаваш емоциите како пријатни или непријатни. Ние се раѓаме без чувство на страв, на пример, а го стекнуваме отприлика пред првата година од животот. Стравот е емоција, и е научена емоција - во ,опасни, ситуации, се плашиме.
Пример: можеме да замавнуваме кон 6 месечно бебе со раката, но тоа нема да се исплаши, може дури и да се насмее. Но ако еднаш го удриме, веројатно следниот пат при иста гестикулација тоа ќе заплаче.
Луѓето не се плашат ,,природно,, од темница. Малото бебе сосема добро ќе спие во темница, но малото дете веројатно ќе се плаши. Во приказните често се употребува темницата како ситуација во која има вештерки, вампири итн.
Мајчината љубов е научена. Поверојатно е дека мајката ќе биде повнимателна и подобра со своето бебе, ако нејзината мајка била грижлива.
Итн, итн, итн.
Илустрирано (според сфаќањата на Лазарус)
Потребите и желбите спаѓаат во истата група - наречена мотивација. Потребите и желбите се неделливи. Две страни на иста паричка. Потребата е недостаток од нешто, а желбата се обидите за негово достигнување, добивање.
Имено, мотивацијата е тоа што го определува нашето однесување. Според мене, Маслов ја дава најдобрата теорија за мотивацијата, а тука ќе ја ставам само пирамидата на потребите
Повеќе околу тоа можеш да прочиташ на линкот. Накратко - ако не ти се исполнети потребите од првото ниво, немаш желба за оние од наредно. Се додека си гладен, не се замараш со љубов. За да се замараш со љубов, мора да бидеш сит. Откако ќе се најадеш, ќе добиеш желба за да створиш безбедни услови за живот.
Имаше добра компарација меѓу шоуто Survivor и скалата на Маслов, кога ќе ја најдам ќе го ставам линкот.
И на крајот, мислите.
Мислењето е (сознаен) процес кој го комбинира минатото со сегашното, со цел да се создадат најповолни услови за себе, и да се избегнат негативните ситуации. Мислењето е најдирекно поврзано со искуството, и со планирање на иднината.
Како во другата тема, кој пат е правилен - оној кој ќе ни го олесни животот.
Сепак, емоциите, мислите, потребите и желбите, произлегуваат од ЕДИНСТВЕНИОТ психички живот на човекот. Жал ми е, ама емоциите не се наоѓаат во срцето. А психичкиот живот е детерминиран од физиолошките случувања во организмот, под дејство на околината.
Така што, изворот на сите нив, не е различен. Ист е
Се извинувам на долгиот одговор (и времето на неговото креирање) мн полесно ми е да се снајдам со книги, него со интернет
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 01:52 ---
Не сум психијатар. Научи ја разликата. Нема ништо лошо во информираноста.женско е бе, живее со илузија дека како психијтар може да натера машко вистински да ја сака, знаеш да му смени емоции
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 01:55 ---
Па на пример, кога ќе навлезеш во умствените работи, брзо сфаќаш дека се детерминирани од природните нагони. И одма сфаќаш уствари, дека религиозноста не соодветствува на природните нагони на човекот.Ахам, нешто ко Фројд во женска форма
Барем тие треба да бидат понавлезени во умствените работи и над работите, али ајде то е то.
Ајнштајн пак бил јако бате али чудно, верувал во Бог, исто и Кант, Паскал, Њутн, нз шо ги забодело, ваљда не биле мангупчиња ко Фројд и Ничевци. То е.......
Ако Ајнштајн верувал во нешто, не значи дека по дифолт е вистина. И на крајот, никој од нив не го докажувал постоењето на бог, ниту пак дошле до проверлив научен заклучок за неговото постоење. Па, your argument is invalid.