Moжам да ти најдам примери каде сеуште се гради..не е точно дека се изумрени..нејќам да кажам дека се гради многу,ама има примери низ свет дека се гради баш во тие стилови...а точно е дека масовно се гради во модерен ( стакло,челик) стил.
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 11:57 ---
Пријателе , се слагам дека денеска е стил на модернизам,т.е. стакло,берон и челик..ама си ги видел ли рендерите кои беа на конкурс..еве пример за музејот рендерите ака современ стил,кои не беа избрани..според мене беа..незнам некој несвојствен стил,тотално неприкладен за тој простор на централно градско подрачје и поред Камени мост,стар векови..
Поентата ми е дека немаше да се згреши ни со модерно,ама се ми се чини дека тоа модерно ќе беше ака оној ''транзициски'' модерен стил,а во Скопје го има доста,градено пред 10 - 20 години,со евтини материјали и евтино стакло,без никаква убавина и естетика..еве ти класичен пример како ја упропастија објектот кај што порано била Народн банка.. лупнаа евтин мермер за надгробна плоча,евтино стакло и како капак на се на врвот летечки тањир..Дарт Ведер стил,ама ич не прикладен за плоштад и за центар на еден град,главен град... таков објкет во западните метрополи се гради во радиус 10 км подалеку од централно подрачје.. и капијава што си ја ставил во Париз е во областа Дефанс..незнам колку десетици километри е одалечен од центарот на Париз..
И на крај краева не е страшно што неколку згради се барок или класицизам..еве низ Скопје има многу празен простор,каде што можат да се градат современи стаклени облакодери..паркингот кај Холидеј Ин,Карпош,Аеродром,нова железничка ..Маџир маало,кое и така плаче за рушење..тој дел би бил совршено убав со модерни зданија..