Охрид

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Само Груевски и Аце никој неможит да ги сменит бај да веј Чичко Аце ти си Ѕвер !! Не стварно си ;)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Фустаните од хартија го донесоа светот на модата во Охрид
Охриѓани вчеравечер имаа можност да ја почуствуваат магијата на модата и одблиску да проследат модна ревија како во познатите модни метрополи. Дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, вчера блескаше како модните писти од светски модни куќи, а ученичките на гимназијата со своите фустани од хартија наликуваа на познатите манекенки од модните списанија. Вака накратко може да се опише несекојдневната модна ревија , на која беа претставени околу 45 модни креации изработени од хартија.

Ревијата на фустани од хартија, која годинава се одржува по втор пат е дело на самите ученички, кои помогнати од професорката Катерина Слатиноска направиле вистинска уметност од хартија.

-Хартијата и лепилото зедовме како основни матерјали кои ги употребивме. Креациите се идеја на самите ученички и во истите вложивме заеднички труд, а за подготовка на ревијата потрошивме околу два месеца. Пораката на ревијата е дека со било каков материјал може да создадеме уметност, вели професорката Слатиноска. Таа се надева дека оваа ревија ќе стане традиционална и дека ќе се одржува секоја година.

Девојките кои учествуваа на модната ревија, која беше пропратена со светлосни ефекти и видео бим, рекоа дека се чувстуваат како да се на вистинска модна писта.

- Во подготовка на ревијата заедно со професорката вложивме многу труд и време. За изработка на мојот модел ми требаше три до четири часа, во кои морав да стојам исправено. За да го изработам овој фустан потрошив околу три до четири списанија, вели Сара Коваческа, кој носеше кратко шарено фустанче.

Ученичката Надја Ќосеска, која носеше голем раскошен невестински фустан, рече дека се чувстува како невеста од хартија.

-На минатата ревија носев кратко фустанче, но сега сакав да носам пораскошна креација и затоа се решив за невестински фустан. За подготовка на фустанот потрошив околу 3 дена, но околу него многу ми помогнаа професорката и неколку мои другарки, вели Ќосеска.

Од моделите кои парадираа на ревијата имаше најразлични видови на креции, во најразлични бои и дезени и според гледачите, секоја беше убава на свој начин.

OhridNews​
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

OhridNews
copy > paste :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom