Какви муабети се извртеа во темава...
Златни коњи може, ама не може да се среди достоинствено вечното почивалиште на Тоше, кој за разлика од коњите, со гордост и со мерак зборуваше за Македонија и денес цел Балкан го сака Тоше. Во сред Србија, во преполна Арена, 20.000 во еден глас ја пееја Тајно моја на македонски јазик, ден денес се ежам максимално... Цела бивша Југославија очигледно не мислела дека “ова веќе е претерано“, затоа што РТС, пази национална телевизија на Србија на еден толку достоинствен начин му го одбележаа поменот, а тука речиси немаше ништо. Тој беше амбасадор на Македонија, жареше и палеше со гласот, а тука уште викате неговите треба да се грижат за тоа. Тој е дел од културата на Македонија. Неговите родители уште не можат да си дојдат на себе, они да граделе... Родителите еј!!! Родителите!!! Ги ставате нив у муабетов??!!!
Толку хуманитарни концерти направи, еден лош збор не кажа за никој и сега не требало више за него да се замараме, а? Толку дечиња беспомошни направи среќни, али не, државата не треба да се замара со тоа!!!! Државата треба да се грижи за културните наследства (а тој остави наследство)!! Кога ќе спомнеш Македонија на Балканот, прва позитивна асоцијација (модерна, не зборам за јадење и пиење и народните песни) се Тоше и Леб и Сол. А на вас ви било “преку глава“??????????????!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Што ви е преку глава? Јас одамна немам ни чуено, ни видено нешто конкретно да се прави за Тоше. А не ви е преку глава од “tribute to Bob Marley“, што секоја година идете у парк? Не дека сум против тоа, само сакам да ја повлечам паралелата. За странските музичари може да се паѓа у трансои и со години да им се прави tribute, а некоја мала почит за човек кој беше сакан на Балканот е досадно и “дојдено преку глава“.
Пошто нели он не е Американец или Енглез или што и да е...
Стварно еј, какви муабети, се разочарав од ова што го прочитав во темава...
Би рекла дека не сакам да живеам на планетава повеќе, ама шо ве вртам, си ја сакам каква е, таква е.
П.С И за некој претходно што успеа и тука да вмеша партии. Тоше беше човек кој ги сакаше сите и мразеше поделби ПО БИЛО КОЈА ОСНОВА... Ама едноставно колку краткогледи може да бидат некои луѓе, тоа е жално.