Нема пари за гробот на Тоше?

  • Креатор на темата Креатор на темата macko i
  • Време на започнување Време на започнување
Вие сигурно не знаете колку кошта да закопаш човек во Бутел. И не знаете дека до толку е језиво што имаат монопол за изградбата на надгробни плочи! И уште милион работи. Да знаевте немаше да ве нервира толку ова.
Јасно е кои и се приоритети на владата, него, кои се вашите приоритети?
 
Не забегвите луѓе смирете се...
Не е хумано да се дискутира за парите на Тоше и неговата фамилија.
Дискутираме за проект/план/буџет - кој сега се брише и непостои со ребалансот.
Тоа е чуствителна тема... многу луѓе би биле погодени и разочарани. Светот би не гледал со други очи.
Не оди тоа така. Се филува тортата, се договара државата со фамилијата и фондациите, да се пронајде алтернатива, без да излезе ваков наслов во медиум.
Мислам, не чини.. Тоше беше голем човек.
Несакам да се препуцаваме, ама пример, Тоше направи многу хуманитарни концерти.. Иако лесно можеше да ги види Бора Бора, Акапулко и компанија.. тој се одлучи на многу подобра (лична) сатисфакција. Да биде среќен за себе, и уште посреќен што усреќил и други! :cuc:
Зато, не брчете одма. Не е во ред ова..
Најава/Одјава за да може барокот да цути без проблем :tapp:
 
Незнам дали домашните ги фатил инает, или што, али досеа не му изградиле ни едно обично гробно место , со плоча и крај на муабетот. Факт е дека државата му вети изградба на спомен плочата, али така остана и ништо не бидна од муабетот, се додека не го избришале од листата за донации. Ипак, 16 000 еура за владата не се лоши. Пелените на прометеј толку коштаа.
 
Мислам дека треба да се затвори темата, сепак невкусно е да се дискутира, кој требало , кога требало и како требало ....
 
Мене ми се повраќа од лицемерието во причава.

Кога иде период за организирање концерти по повод роденденот или смртта негова, ватевр, тогаш веднаш се се може, затоа што тука лежи пара.
Да се изгради меморијален дом можеше и да лупнат карта да се наплаќа такоџе. Ама надгробната плоча не им носи никаков ќар, па затоа не ја ни прават.
А да не почнам нити да зборувам дека ова е трошок ништо во споредба со тоа на што се се испофрлаа пари.
Нема оправдување кој требал,а кој не требал, смрди корне на лицемерие.
 
Какви муабети се извртеа во темава...:facepalm: Златни коњи може, ама не може да се среди достоинствено вечното почивалиште на Тоше, кој за разлика од коњите, со гордост и со мерак зборуваше за Македонија и денес цел Балкан го сака Тоше. Во сред Србија, во преполна Арена, 20.000 во еден глас ја пееја Тајно моја на македонски јазик, ден денес се ежам максимално... Цела бивша Југославија очигледно не мислела дека “ова веќе е претерано“, затоа што РТС, пази национална телевизија на Србија на еден толку достоинствен начин му го одбележаа поменот, а тука речиси немаше ништо. Тој беше амбасадор на Македонија, жареше и палеше со гласот, а тука уште викате неговите треба да се грижат за тоа. Тој е дел од културата на Македонија. Неговите родители уште не можат да си дојдат на себе, они да граделе... Родителите еј!!! Родителите!!! Ги ставате нив у муабетов??!!!:eek: Толку хуманитарни концерти направи, еден лош збор не кажа за никој и сега не требало више за него да се замараме, а? Толку дечиња беспомошни направи среќни, али не, државата не треба да се замара со тоа!!!! Државата треба да се грижи за културните наследства (а тој остави наследство)!! Кога ќе спомнеш Македонија на Балканот, прва позитивна асоцијација (модерна, не зборам за јадење и пиење и народните песни) се Тоше и Леб и Сол. А на вас ви било “преку глава“??????????????!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Што ви е преку глава? Јас одамна немам ни чуено, ни видено нешто конкретно да се прави за Тоше. А не ви е преку глава од “tribute to Bob Marley“, што секоја година идете у парк? Не дека сум против тоа, само сакам да ја повлечам паралелата. За странските музичари може да се паѓа у трансои и со години да им се прави tribute, а некоја мала почит за човек кој беше сакан на Балканот е досадно и “дојдено преку глава“.o_O Пошто нели он не е Американец или Енглез или што и да е...

Стварно еј, какви муабети, се разочарав од ова што го прочитав во темава...:unsure:

Би рекла дека не сакам да живеам на планетава повеќе, ама шо ве вртам, си ја сакам каква е, таква е.

П.С И за некој претходно што успеа и тука да вмеша партии. Тоше беше човек кој ги сакаше сите и мразеше поделби ПО БИЛО КОЈА ОСНОВА... Ама едноставно колку краткогледи може да бидат некои луѓе, тоа е жално.
 
Kako што пренесува Вест
СОБРАНИЕТО СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ГО ИЗБРИША СПОМЕНИКОТ ЗА МЕГАЅВЕЗДАТА.
Државата нема пари да го гради споменикот на Тоше Проески во Крушево.
Со ребалансот на Буџетот, Парламентот ја избриша ставката со која беа предвидени еден милион денари за изградба на споменик на гробот на трагично загинатата мегаѕвезда.
Во октомври се навршуваат пет години од смртта на мегаѕвездата.
Тоше сe уште нема надгробна плоча, а гробното место е покриено со земја и крст.
Добро колку си ги цениме ние нашиве луѓе? Зарем ова треба да се случува кога е во прашање најголемиот хуманист и мегаѕвезтата која направи повеќе од сите политичари заеднао за цела Македонија? Лицемерно и страмно е ова!
А спомен куќата зошто е?Наплаќаат карта за влез+внатре има бутици на секој ќош кои пола и повеќе роба ја даваат без фискална,а има и еден кафич или некој си прави бизниси на туѓа сметка/слава.
 
Од ова политика не треба да се прави.
Јас лично мислам дека државата има многу направено за Тоше.
Се направи прекрасна спомен куќа во Скопје во некоја населба имаше фонтана или парк Тоше Проески.
Наместо споменици и врби на пример и самиот Тоше би се согласил подобро парите да се дадат на детето што бара пари за трансплатација на срце.
 
Ново Лисиче. Улица и фонтана на истата улица и двете го носат името.

Него, мора 16,000 евра да биде плочата?
 
А спомен куќата зошто е?Наплаќаат карта за влез+внатре има бутици на секој ќош кои пола и повеќе роба ја даваат без фискална,а има и еден кафич или некој си прави бизниси на туѓа сметка/слава.
Не сум била досега, стварно внатре има бутици? :eek:
 
Мене ми се повраќа од лицемерието во причава.

Кога иде период за организирање концерти по повод роденденот или смртта негова, ватевр, тогаш веднаш се се може, затоа што тука лежи пара.
Да се изгради меморијален дом можеше и да лупнат карта да се наплаќа такоџе. Ама надгробната плоча не им носи никаков ќар, па затоа не ја ни прават.
А да не почнам нити да зборувам дека ова е трошок ништо во споредба со тоа на што се се испофрлаа пари.
Нема оправдување кој требал,а кој не требал, смрди корне на лицемерие.

Зошто тогаш не се направи и на Гоце Арнаудов, Васка Илиева, Ѓорги Колозов, Јонче Христовски ако гледаме така или они не беа заслужни за некои работи во државава ? Истите беа многу по-познати од Тоше кој доби многу повеќе популарност по смртта.
Ете се направи спомен куќа јас стварно незнам што очекувате, патем има фондација парите од картите кај се ?
Изгледа завршиле тие во нечиј џеб и добар бизнис им е ликот и делото на Тоше .. патем не спорам за неговата добрина ..

Подобро парите нека се дадат ете на човекот што 30.000 евра живот ќе му значат, верувам и Тоше би се согласил со тоа.
 
Зошто тогаш не се направи и на Гоце Арнаудов, Васка Илиева, Ѓорги Колозов, Јонче Христовски ако гледаме така или они не беа заслужни за некои работи во државава ? Истите беа многу по-познати од Тоше кој доби многу повеќе популарност по смртта.

Ете се направи спомен куќа јас стварно незнам што очекувате, патем има фондација парите од картите кај се ?
Изгледа завршиле тие во нечиј џеб и добар бизнис им е ликот и делото на Тоше .. патем не спорам за неговата добрина ..
Е кај се де?
Сигурно Тоше не ги украде.
Не за друго, срамота е. Идат таму и од други држави го посетуваат гробот, зарем треба да гледаат колку мува не не лази? Толку пари на глупости се плеснаа, од ова ли дојде да се куси?
 
Човек како што беше Тоше еднаш се раѓа во државава.
Да не ги зборувам хуманитарните акции за деца без родители, уплатените донирани суми во образованието, во детските клиники и сл.
Да не зборувам и за музиката и песните што ги имаше...
Благодарение на албумот „Божилак“ многу луѓе и деца научија да ги пеат старите Македонски изворни песни кои дотогаш не ги ни знаеа.
Тоше не беше човек што бараше нешто за возврат. Тој сакаше само да бидеме насмеани, хумани, да зрачиме со позитивна енергија, да бидеме зближени и да уживаме во неговата музика.
Што се однесува до куќата на неговите родители, не беше ништо посебно. Обична куќичка како и сите останати во Крушево.
Владата прави споменици да. Мислите дека 4 коња во
Жена-Парк и девојка-ангел повеќе вредат од споменикот на Тоше?
За златни коњи има пари а за споменик нема? Има пари за објект на влада во барок стил а нема за споменик?
Жалосно стварно, нека ни прости Господ како нација, а нека им прости и на поединците кои му скориваат коски и кои плукаат на неговиот спомен.
Срамота и греота е луѓе!
 
Леле,абе не е волку ова страшно.Барем мене не ме потресе.Вмровциве не сакаа да му дадат кога беше жив,а не па сега.:cuc:

Да си бидеме реални Тоше беше сдсмовец,а вмровциве не сакаат комуњари.Така да ова нивното не ме изненадува.

Ако отидат да се шетаат и да си го клатат патлакот по светот како што прават сега,тешко дека и за нас обичните граѓани ќе има.:mad:

А куќата лично БЦ ја изгради :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom