Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Ако е менискус ќе те сецнат малце (30мин операција), терапија (2 месеци), повеќе секс и пливање. Од доктор препорачано. Ти посакувам да не е ништо сериозно сепак.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Не е вода..Докторот рече дека е крв,која се собрала во коленото, од повреден лигамент или мускул..Во секој случај ако се потребни вежби ќе се изнапливам летово,и онака сум си охриѓанче (A)
од свежа повреда настанува крварење и се формира оток......стара повреда бери лимфа на местото и отокот е од вода,пошто кај тебе е свежо сигурно е крв,а за да го празнат треба стварно да е натечено како балон,инаку заради превентива од некоја инфекција не е добро само да се боцка,ами природно да си оттечи.......нога у вис и ладни облоги
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Не знам дали има тема баш за ова,знам дека многу барав и не најдов случај сличен на мојот.Значи,пред недела дена се повредив при играње фудбал.Не можев да газам на коленото,и одма заминав на болница.Ми ставија лонгета,и ми рекоа да мирувам,и после 3 дена да одам на контрола.Отидов,и докторот ми вика се сомневам на лигаментот ова она,дојди си ти на ехо утре,и ќе видиме.Отидов и на ехо утредента и имав излив на коленото и од него не можеа да го видат ни колатералниот лигамент,ни менискусот,и ме пуштија на магнетна резонанца..Си закажав ја за оваа недела во систина,ама имам оток бре на коленото.А ич не ме боли ни при мрдање,си заздраве...Е сеа ако бил повреден менискусот требало да правам артроскопија..Дали некој е запознаен со повреда на менискус,или имал сличен случај нека пише...Многу се плашам:place:
Пред 2 години СКРОЗ исто и јас. Исто од фудбал, нешто лигаменти и ми се наду коленото. Баш беше 1-13 јули така нешто пред да одам на одмор. Вака сега:

Треба да мируваш ептен. Ја за да одам на одмор не мрдав од кревет. Значи буквално да не стануваш од кревет освен до вц. На ПЦ по 5-10 минути можеш да седиш и тоа 2-3 пати на ден само. ТВ ќе си пуштит само ништо друго.

Сеа ти кажи ми дали сакаш за неколку месеци да ти помине или одма? Ако за подолго време, тогаш ќе мораш да мируваш ПОСТОЈАНО! Никако надвор и глупости.

А, ако сакаш одма иди само на доктор дирекно инекција во колено ќе ти стават (искрено боли, го видов господ по хавајки тие неколку минути) и за секунда ти го снемува отокот и немаш крв во коленото. После ќе треба да мируваш само 1 ден и тоа не цел и после си раат.

Мене ми ја ставија инекцијата ден пред одмор да одам. Бев глупав зашто не отидов порано да ми ја стават. После лонгетата пак ми ја вратија и со неа бев во авион. Слетав и ми ја извадија. После уживанција ми беше. Сакам да кажам одма ми се намали болката, дури не ја ни имав. Само ќе си ставиш стегач за поцврста да ти биде, пошто сепак ќе ти биде олабавена.

Мене и ден денес, ногата ми е лабава и го носам стегачот за фудбал и спортови и кога трчам.

Биди ми поздравен и САМО МИРУВАЈ! Ништо друго. Строго мирувај

Валда ова ти е проблемот :)
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Гајле да немаш, на мене ми беше лом коленото, менискус оштетен, лигаменти скинати, изместена таа капачката (паднав од карики јас)..Стигнав до Софија тогаш, овде немаше МР, или пак се чекаше многу, помал бев не се сеќавам. Како и да е, краток зафат и терапија неколку месеци имав, сега немам гајле. Понекогаш на промена на време ме боли другото колено а ова не. Можам од место да скокнам на маса (вертикално) иако сум околу 90кг. Еве денес возев велосипед околу 20км по нагорнина и никаков проблем немам. Најважно е да не се плашиш и паничиш, како и да имаш добра воља. Ти посакувам поскоро оздравување.
П.С. Штом немаш болки - супер си, ја се онесвестив од болка кога ме допре докторот тука да види што е работата...

Едит:
Ккако што кажаа погоре... и јас ја добив таа инекција мислам 2-3 пати. Боли но се исплати.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Пошто ти е прва повреда гарант е крв односно излив. Е сега тоа ако е навистина многу се вади со шприц. Јас би прашал дали можеш да го движиш коленото. Кога јас се повредив ми беше блокира последната 1/3 при затворање од вкупниот лак на колентото. Излесе дека парче од менискусот се скинало и влегло под кашањето. Бев на операција со три мали реза и артроскопија чинам с евикаше. Како со пинцета го извадија парчето, мирвав цело лето зошто операцијата ми беше во мај месец. Како што кажаа погоре. сега на промена на време боли понекогаш а боли и другото затоа што тоа со време се оптеретува а ова демек го пазиш... Само ум во глава и внимавај... Инаку јас прво пред да ми пукни менискусот се имав повредено некои 2-3 месеци , односно свиткав колено при доскок на баскет. Не обрнав некое големо внимание зошто немаше оток само мали болки. кои поминаа по 2-3 дена. Е арно ама после останав заглавен во кревет кога се заебав скрос... ако е само мало истегнување прави што ќе ти кажат и мирувај односно не оптеретувај/скокај/пуцај некое време и обавезно физикални вежби за закајнување на мускилатурата околу... после тоа како нов но не влегувај во ризични движање без размислување...
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Исто и јас имав пред 4 год. нешто слична повреда. Види дали кога слегуваш по степеници те боли коленото, кај мене исто на магнетната покажа дека имам излив на крв внатре, чашката од коленото ми излегуваше од место и излезе на крај дека ми е скинат лигаментот па ми правеја операција а менискускот ми беше нечепнат. :) Иначе ништо страшно после после операцијата, 2 недели дома, па уште 1 недела надвор ако сакаш со штаки и после слободен си за одење али не и за трчање нормално барем 2-3 месеца. Jaс ја правев операцијата во ноември негде и можев да трчам во Мај а потполно заздравен во Јули.
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6

Да..Го виткам коленото скроз,речиси и без болка..Но со оглед на тоа што сум женско некако и се потресувам со тоа одмарање 2 месеца,и неносење штикли.А излив имам да,но не е за пункција..Баш и ради него на ехо не можеа да го видат целосно медијалниот менискус и колатералниот лигамент.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
SuchaBitch можеш да ми кажеш колку пари ти рекоја/ти наплатија за магнетна резонанца? И јас ги истегнав лигаментиве на фудбал, па докторов ми рече на одам да се снимам...
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
SuchaBitch можеш да ми кажеш колку пари ти рекоја/ти наплатија за магнетна резонанца? И јас ги истегнав лигаментиве на фудбал, па докторов ми рече на одам да се снимам...
Во систина платив 15000
Во државна е 7500 денари,со сини картони плаќаш само 700 денари партиципација,но листите на чекање се огромни значи.Ми кажаа дека ќе можам да се снимам дууури на 27 октомври.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Во систина платив 15000
Во државна е 7500 денари,со сини картони плаќаш само 700 денари партиципација,но листите на чекање се огромни значи.Ми кажаа дека ќе можам да се снимам дууури на 27 октомври.
многу бе 15 :eek:

резултати ??
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
многу бе 15 :eek:

резултати ??
Мислам дека се плаќа скоро 16000 но другарка ми работи таму па ми среди илјадарка помалце :notworthy:
Инаку резултатите не беа нешо најсјајни,чашката изместена,имаше некоја течност,менискусот повреден,и тоа лигаментот..Најверојатно ќе треба артроскопија и тоа е тоа..Сеа ме интересира дали некој знае отприлика колку време треба мирување после таа артроскопија :)
 
не сум стручно лице,ама има доста читано за оваа проблематика.......ако не е скинат менискусот да прави проблеми (отоци,крцкања,пукања во коленото како и укочување или неможност да се свитка коленото докрај) да не се отвора коленото,истото важи и за лигаментите(ги имаш неколку а ти не знаеш кој ти е повреден и дали станува збор за истегнување или кинење,кинење чисто сумњам пошто не ќе можеше да издржиш од болки и ќе бараше што побрзо да ти го збрцаат скалпелот!)

сакам да те предупредам да извлечиш неколку мислења,а не само од еден доктор кој ќе побрза да ти ги собери парите........порано старите ова го лечеа со лист од зелка завиткан во чорап,сега некои знаат и да претераат само колку да извлечат пари од пациентот !

ако нема ништо скинато и не прави проблеми,се препорачува мирување додека не зацели истегнатото,а после тоа физикална вежба за квадрицепсот кои ќе ги најдеш на ЈуТуб видеа колку ти душа сака

ваше е да одлучите како ќе постапите.....
 
Tи благодарам многу,сепак немам болка,но резултатите друго кажуваат,и со оглед на тоа дека немам намера да го прележам цело лето,ако артроскопијата гарантира побрзо заздравување,би се оперирала,ако не,ќе пробам со тие појасите на доктор Левин..Може ќе успеам да се спасам.
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
Исто и јас имав пред 4 год. нешто слична повреда. Види дали кога слегуваш по степеници те боли коленото, кај мене исто на магнетната покажа дека имам излив на крв внатре, чашката од коленото ми излегуваше од место и излезе на крај дека ми е скинат лигаментот па ми правеја операција а менискускот ми беше нечепнат. :) Иначе ништо страшно после после операцијата, 2 недели дома, па уште 1 недела надвор ако сакаш со штаки и после слободен си за одење али не и за трчање нормално барем 2-3 месеца. Jaс ја правев операцијата во ноември негде и можев да трчам во Мај а потполно заздравен во Јули.
Артроскопи,а?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom