Гледам не има повеќе со проблеми со колената, што се однесува до мене можам да напашам една трогателна приказна за моите колена.
Ко бев мал, некаде 12-13 години, бев прилично талтентиран за фудбал, тоа ми беше пасија и живеев за тоа, честопати ми велеа иди тренирај имаш огромен потенцијал(локални тренери шо беа) но јас не, не планирав да бидам професионален фудбалер, но еден ден ми свитна у главата дека сакам да бидам про и решив да вежбам напорно кај мене во маала на теренчето, и така еден ден вежбајќи при нафрлување од корнер да лупнам волеј се лизнав и паднав коленото, почувствував ужасни болки, едвај одев, а кога паднав ми требаа 3 минути да се присоберам и да станам.
Потоа продолжив со напорно вежбање и немав никакви болки, но коленото ми се подува ко балон, и си мислев вау сум го развил коленово вежбајќи, мора да продолжам у исто темпо(wtf? xD) и така вежбав скоро цела година.
Еден ден, еден доктор дојде кај нас на гости, на татко ми близок пријател и случајно ме загледа во левото колено и коа го фати само кажа детево има вода во колено под хитно на пукција, оф леле се извадив целиов од памет.
Отидов на пукција, ми ја извадија водата, водата беше чиста, немаше ниту крв ниту ништо, и ми ставија завои и ми рекоа цела недела да не мрдам од кревет, го сторив тоа, и помина цела недела ги вадам завоите коленото пак балон, се извадив од памет, пак бев на пукција, после една недела пак исто, рековме со татко ми идеве по болници да собираме мислења,.
Тука почнува онаа приказна ко на А1, лутавме по ходниците барајќи стручни мислења од доктори, и од секој доктор добивме различна дијагноза, никој точно не знаеше што е проблемот.
Правев и магнетна резонанца, ме снимаа и уште што ти не, коленото ми беше скроз здраво, лигаментите во ред, менискускот во ред, се беше у најдобар ред, и сите се чудеа во што би било проблемот.
И така се изнаслушав со татко ми разни дијагнози и не знаевме што да правиме, мојот проблем со коленото траеше скоро 3 години, не цели, и на 16 ме излечи еден дедо со космичка енергија и од тогаш коленото ми е тип-топ.
Инаку да напоменам дека имав проблеми кога се мењаше времето, имаше периоди кога плачев, кога неможев да спијам од болка во коленото, но со помош на тој дедо сето тоа исчезна.
Јас вера во нашиве доктори изгубив, навистина изгубив со самото тоа што предлагаа секакви сечења на мускули и уште што не знам, и немам никаква вера.
Би ви препорачал доколку имате некои такви луѓе си такви енергие отидете до нив, нема ништо да ве кошта а можеби баш тоа ќе ве излечи, верувајте делува.
Јас од тогаш верувам во се што се нарекува енергија, било каква да е.
Сега излезе нов проблем, еден ден на физичко, играјќи фудбал мислам дека беше изгледа лошо шутнав и нешто ли истегнав не знам што е, и коленото ме боли, неможам да го свиткам, а кога ќе одам ми е превише лабаво и ме фаќа паника после се што имам поминато.
Бидејќи тој дедо што ме излечи е сега починат(нека му е лесна земјата), имам намера прво да идам кај Цакан(во СК), па се надевам дека таму ќе помине се најдобро, за друго несакам да мислам.