Нема пари за гробот на Тоше?

  • Креатор на темата Креатор на темата macko i
  • Време на започнување Време на започнување

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.905
Поени од реакции
1.670
Возраст
35
Локација
Скопје
Kako што пренесува Вест
СОБРАНИЕТО СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ГО ИЗБРИША СПОМЕНИКОТ ЗА МЕГАЅВЕЗДАТА.
Државата нема пари да го гради споменикот на Тоше Проески во Крушево.
Со ребалансот на Буџетот, Парламентот ја избриша ставката со која беа предвидени еден милион денари за изградба на споменик на гробот на трагично загинатата мегаѕвезда.
Во октомври се навршуваат пет години од смртта на мегаѕвездата.
Тоше сe уште нема надгробна плоча, а гробното место е покриено со земја и крст.
Добро колку си ги цениме ние нашиве луѓе? Зарем ова треба да се случува кога е во прашање најголемиот хуманист и мегаѕвезтата која направи повеќе од сите политичари заеднао за цела Македонија? Лицемерно и страмно е ова!
 
Милион денари? Тоа се 16 илјади евра. Една шипка од оградата за мостон.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 22:22 ---
А фамилијата што му прави не умре Тоше сиромашен па да немаат за гроб да му направат.
Значи погребан е одамна човекот. Се работи за споменик.
 
Добро а каде се парите на Тоше би требало да се кај неговите. Ајде државата му направи спомен куќа па и гроб ли тоа си е нивна семејна должност.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 22:25 ---
Значи погребан е одамна човекот. Се работи за споменик.
За споменик и за надгробна плоча бидејќи е само земја и е покриена со зелен тепих ( ако имаш видено во живо како е )
 
Значи погребан е одамна човекот. Се работи за споменик.

Пишува дека нема надгроба плоча и нема крст а се чинело 1 милион денари или 16 000 евра.Неговата фамилија нема 16 000 евра?

Па најмалку х10 имаат земено неделата откако умре од продажба на албуми и донации.
 
Де бре и пари за гробот на нивното дете да бараат од државата, иако беше славна и голема личност треба тоа да му биде направено од неговите најмили не од други. А за споменик е должна државата да му изгради.
 
Нека почива во мир ама претераа веќе со него искрено, ете државата направи спомен куќа што повеќе треба јас незнам ..
 
гробот како што знам си го прави семејството...
а за споменик може кој сака, треба пари и дозвола како одат тие работи...пример некоја установ, влада, општина, донација од мајкрософт...
 
А фамилијата што му прави не умре Тоше сиромашен па да немаат за гроб да му направат.

Па треба ли на летување на Бора Бора да се оди.... :pos::pos::pos:
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 23:09 ---
Нека почива во мир ама претераа веќе со него искрено, ете државата направи спомен куќа што повеќе треба јас незнам ..

Како прво ни Елвис Присли нема толку споменици низ светот, и толку украсен гроб како на Тоше. И како второ гроб не се прави во куќарка или толку украсен. И стварно претераа, во право си.
 
Една гранка од тоа златните врби во скопје,која држава е ова бе..
 
Да не бидам погрешно сфатен и се согласувам со другиве мислејна дека државата направи спомен куќа и све и за оваа работа може и на друг начин да се покрије. Но ако сме веќе кај гробовите државата нека даде некоја пара да ги оддржава гробовите на другите значајни личности на Македонија, ете на пример на Питу Гули кој почива спроти Проески. Покрај сите посетители на гробот на Тоше ретко кој ќе му запали и на Питу свеќа, тажен поглед...
 
Добро тоа ете направија спомен куќа , но имаат пари за позлатените ангели , Птоломеј , коњите и слично а немат пари за ова е стварно е страмота! Дека не се грижиме за нашите херои тоа одамна е кажано не сум ни знаел дека Питу почива спроти Проески најискрено и за ова е виновна државата! Коа сме веќе кај ваквите гафови и нелогичности неможам да се помирам дека покрај толку споменици , школи , улици и незнам што барем една да се крстеше по Колозов...
 
Леле,абе не е волку ова страшно.Барем мене не ме потресе.Вмровциве не сакаа да му дадат кога беше жив,а не па сега.:cuc:

Да си бидеме реални Тоше беше сдсмовец,а вмровциве не сакаат комуњари.Така да ова нивното не ме изненадува.

Ако отидат да се шетаат и да си го клатат патлакот по светот како што прават сега,тешко дека и за нас обичните граѓани ќе има.:mad:
 
Какви гробови, какви споменици, има деца без покрив над главата, има деца кои немаат пари за операција која ќе им спаси живот.
Се работи за приоритети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom