Оти мислам дека погрешно ме разбираш цело време, а јас пак имам мислење за себе дека сум прост и едноставен човек.
Не се обидувам воопшто да ти наметнам стил на облекување, само кажувам мој субјективен став дека облеката која што ја преферираш не ми се допаѓа и ми изгледа грдо. Однапред кажувам дека не сум никаков моден критичар, џет сетер или пак авторитет во модата, па затоа моето мислење можеби не вреди ниту пет пари.
Од друга страна ти пак пак со стереотипи ја осудуваш околината дека истите се стадо овци кои се облекуваат според стил кој му е наметнат од конвеционалните модни креатори и Пинк Телевизија, притоа воопшто не помислуваш дека можеби останатите луѓе тоа и навистина го сакаат како ти што сакаш да се облекуваш на сликиве.