Пошто знам каква стока носи униформа, не ти идам контра.
Јас делот од „плавата “ страна што ја брука службата го знам.
И не 10, туку 1000 претставки да поднесеш. И ти и сите што
се нашле навредени или повредени, за стварно да се прочисти
МВР од некоја залутана стока, чија единствена цел е колкав
степен на фрустрација да излечи во една смена. и жал ми е што само 9 го јаделе.
најискрено, требало сите 10 да го јадат.
Да знаеш само колку го јаделе од колеги, кои ги оставаат
да им се курчат и да се понашаат, се до оној момент додека не се судрат
све легитимации. Да видиш како се веднат глави. Како се засркнуваат.
И на тие што ти се курчат, а што после веднат глава и се кријат, да им ги
скинеш јајцата.
Од друга страна, од лично искуство, знам дека
понекогаш е само куропецање (не велам за тебе) пред девојка или друштво, од некои
луѓе што случајно прочитале некој член од некој закон или по грешка
завршиле правен факултет. Леле па каков мерак иам на адвокати да знаеш.....
Куропецање од тиквари што не научиле, каде
завршуваат нивните права и почнуваат нивните обврски.
Ама се за има лек. И за твоите и за моите примери.
Јас од 1999 до сега заради тие претставки, тоалетна хартија немам купено....
А трислојна користам.
Види сега... јас разбирам дека секој си ја работи својата работа, и така треба да биде.
Но, се знае како треба да се работи работата. Постојат закони, постојат правилници...
Напишани се за да бидат почитувани и спроведени, ама токму онака како што се напишани. Од збор до збор. Секако, применети на конкретна фактичка состојба на терен.
Ако во мојата работа сум обврзан да почитувам норми во каква и да било форма, должен е секој во својата да си ги почитува, нели? Можеби денес не сум расположен, можеби сум исфрустриран... но тоа не смеам на луѓето со кои работам да го искажам.
Тоа се цивилизациски норми. Никој не ми е виновен за мои лични работи.
Мене (а и никој друг) не може, и не смее ни да помисли, полицаец, да ме натера да му се пупам на прозорецот од, инаку технички неисправен, Крајслер, за да си земам документите. Си ги земав, сето тоа беше фотографирано, една од претставките по која е постапено.
Не бива да ми наредува полицаец да седнам во возило за кое претпоставува дека сум го управувал, а е непрописно паркирано, и нема цврст доказ дека јас сум го паркирал, со цел да фотографира фактичка состојба, да послужи како доказ во прекршочна постапка.
Не смее да наредува да се постави блокатор на тркало на инаку непрописно паркирано возило, каде што ЈП за паркинг нема надлежност. Може да нареди само отстранување на возилото.
Дотука е ОК, се додека некој не му се спротистави, и тоа со право. Па што ако признае дека греши? Оттука почнуваат фрустрациите.
Да не правам муабет за онаа класичната случка каде еве демек не пишувам казна, а ми бележи податоци во некое тефтерче, а после прави финта демек одбил да прими.
Најинтересната претставка беше онаа последната која ја поднесов...
Неможам да си влезам дома со возилото, бидејќи едно комби беше паркирано точно на влезот во дворот, каде има инаку поставен знак забрането паркирање од двете страни, башка, обележан влез...
И, излегувам, гледам чие е комбито (еден познат струмички бизнисмен), одам во продавницата и културно на луѓето им велам да го тргнат комбито... чекам 15 мин. нема никој... одам пак... и нешто почнаа да се курчат, велам викам полиција...
Викам јас полиција, во меѓувреме уште двајца соседи со иста судбина како мојата, едниот неможе да влезе, другиот да излезе хехехе...
И доаѓа накурчениот г-дин орган, во доцни 40-ти години, прашува што е работата, кој викаше, викам јас викав, вака и вака е работата...и си коментираме дека за тоа треба казна, стоката не гледа каде паркира... башка што сите сме веќе помалку нервозни... зимно време беше...
И, г-нот орган почна да се дере во стилот кој сте вие да ми кажувате што треба да направам? ова она нешто... будала...
И, му викам јас, а кој си ти па да се дереш тука, ај легитимирај се... и, фала Богу, одби...
Супер... претходно ја испосликав состојбата од сите можни агли.
И, забега некаде органот, па се враќа со возачот на комбито, и онака лежерно му вели ај тргни го... и овој си влезе пропратен со псовки и тоа... а органот дури и го брани, па и се заканува дека и нас ќе не казнел за непрописно паркирање. Абе лудница.
И, така г-нот орган пропушти да преземе едно чудо службени дејствија, кои мораше да ги преземе, и на кои му укажав, на што следуваа закани дека цела полиција ќе ме казнува за ситници, бла, бла, бла... типичен пример на исфрустриран и искомплексиран сељак кој со тоа што станал полицаец си мисли дека го фатил Господ за брадата.
И, најкултурно му реков да се извини, било што било, или ќе треба да се правда пред комисија.
Он ме опцу, јас трипати повеќе...
И, си напишав се како што треба, во прилог сликите, и за месец дена отприлика ме известија дека е поведена дисциплинска постапка.
После разбрав дека добил 6 месеци по 15%. Максимално. Епа пак сега бизнисменот нека му плаќа 10 ќебапи во некоја прчварница.
Е сега, зависи што подразбираш под куропецање. Поткован правник ќе те фати, ако на ништо друго, на процедурата, каде повеќе или помалку, сите до еден грешите. Знам дека фрустрира ама... јбг... неможеш повеќе да знаеш за закони од правник. Ти само ги применуваш. Ќе ти кажат членот и фурај! Јас не се замарам да се објаснувам со полицаецот. Јас пишувам во забелешката на записникот, во изјаснувањето пред комисија (која обавезно казнува) и во тужбата пред Управен суд (кој во 90% од случаите го соборува решението, најчесто од формални причини).
Ако се замарам со полицаецот се замарам за курназење опишано погоре или слично.
Мислам дека од оние 300 кои ќе бидат примени барем 250 ќе се такви. Дај Боже да грешам.