Рекорд (Скопје) ќе стане пешачка зона?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа следнава идеја?

  • да

    Гласови: 47 64,4%
  • не

    Гласови: 17 23,3%
  • незнам

    Гласови: 9 12,3%

  • Вкупно гласачи
    73
L

.Lost Angel.

Гостин
Улицата Димитрија Чуповски во строгиот центар на Скопје ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз, објави весникот „Дневник“.
Ова е предвидено со последните измени на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ па сè до крстосницата пред Собранието. Доколку овој план се реализира, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот.
За да може улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка, најпрво треба да се прошири улицата Даме Груев со булеварско решение, според кое, таа би била широка 14 метри и би имала четири ленти.
Идејата улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара една деценија, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.
rekord-214.jpg
Слободно коментирајте :)
 
добра идеја. уште да возеа трамваи/тролејбуси наместо автобуси - вРв!
јас поддржувам...
 
Конечно, редно време беше. Најголемата концентрација на автомобили, пешаци и загадување е на Рекорд.
 
Само не ми е јасно како ќе ја прошират Даме Груев, т.е. КАДЕ ќе ја прошират?
 
Фина идеја. Колку-толку, ќе се растерети центар, а и воздухот ќе биде различен без толку возила на едно место. Уште само и автобуси да нема, перфектно(y)
 
Не се согласувам и не ми се допаѓа, затоа што сметам дека нема никаква потреба од тоа. Зошто да биде пешачка зона? Има доволно пешачки зони наоколу. Среќа барем не ме вчудоневиди оваа глупост, се навикнав веќе.
 
Улицата Димитрија Чуповски во строгиот центар на Скопје ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз, објави весникот „Дневник“.
Ова е предвидено со последните измени на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ па сè до крстосницата пред Собранието. Доколку овој план се реализира, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот.
За да може улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка, најпрво треба да се прошири улицата Даме Груев со булеварско решение, според кое, таа би била широка 14 метри и би имала четири ленти.
Идејата улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара една деценија, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.
Слободно коментирајте :)


facepalm.jpg



ако веќе се одлучат да биде пешачка зона нека ја напраат пешачка за сите а не вака само автобуси ке можеле да се оибраќаат... ем глупо ем смешно изгледа :\
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 19:04 ---
Фина идеја. Колку-толку, ќе се растерети центар, а и воздухот ќе биде различен без толку возила на едно место. Уште само и автобуси да нема, перфектно(y)
исто ти се фаќа на некој начин. возилата наместо од таму ке поминуваат на некоја друга страна... на една страна ке се намали сообраќајот на друга ке се зголеми... логички нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom