- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.986
- Поени од реакции
- 74.056
Нема врска дека годинешнава лига била најслаба.Годинешнава прва лига си беше најкатастрофална-најслаба во историјата на фудбалот во Македонија ...
Тотална незаинтересираност.
Порано барем на вести ги кажуваа резултатите и головите , сега не приметувам ни резултати дали кажуваат.
Заради незаинтересираноста од спонзори и од јавност , мораа општините да преземат иницијатива и да подржуваат фудбалски екипи.
Си гледам на Косово каква голема заинтересираност за фудбал , иако нивната федерација не е признаена , и не играат меѓународни натпревари.
На последниот натпревар пред некој ден кога Приштина славеше шампионска титула , 10.000 гледачи на трибините.
Вистината е дека години уназад квалитетот на лигата е преслаб. Годинава Вардар барем имаше неколку добри играчи, и сигурно со ваков состав ќе ги освоеше шампионатите во последниве 4-5 години без никакви проблеми...
Квалитативно минатата сезона беше убедливо најслаба. Не дека освои Шкендија па да кажете затоа се бунам, туку дека нависина беше жива мизерија. Тој состав на Шкендија пред 7-8 години би завршил во втора половина на табела, а пред 10+ години би отпаднал од лигата...
Во лигата имаше екипи кои неможеа клрај со крај да сврзат меѓу кои и Вардар и Пелистер. Скопје со ланскиот тим пред 7-8 години би примил по 7,8 гола на утакмици, а лани успеаа да дојдат до бараж...
Али ипак квалитетот на лигата е засрамувачки...
Оваа година барем имаа по некој пренос на интернет, за разлика од последниве години.
Телевизиите се тие кои треба да го кренат квалитетот, а не овде никој незнае кога има утакмици. Како што кажа едвај и резултати кажуваат...
И во Македонија имаше заинтересираност во првите госдини по осамостојувањето, слично како што е сега во Косово. Кога по неколку години ќе им помине меракот и кога традиционалните тимови ќе бидат во трета лига на сметка на кондом клубчиња од стилот на Ренова, е тогаш ќе правиме муабет за посетеноста...