- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Цените на билетите во Англија се просечно помали од оние во Италија. Баш и една од причините зошто во Италија се големи цените е затоа што клубовите на тој начин сакаат да надополнат за тоа што плаќаат кирија за стадионите. Мислам дека и во некои клубови, земаат и дел од приходите од цените, општините.Само што сакав да го кажам тоа Треба да се земат цените на билетите, просечната посетеност, бројот на натпреварите...
А и не збориме за Киево или Сиена, па да проектираме некој ненормален раст. Интер има стабилен број на навивачи кои што скоро на секој лигашки натпревар доаѓаат, во просек сигурно околу 50 000. Имаме скоро секоја година најголема или втора најголема посетеност во цела Италија. Плус Ломбардија и конкретно Милано е еден од најбогатите региони во цела Италија, можда и најбогат. Ако им дадеш добри услуги на луѓето и се задоволни,луѓето ќе доаѓаат и повеќе и повеќе ќе оставаат пари, тоа е емпириски докажано во безброј случаи.
Арсенал беше даден како пример. И тоа најдобар пример. Да постигнеш толкав раст во толку кратко време не е успех, туку е огромен успех. Ние да имаме пола од тоа ќе треб да скокаме од радост.Со какви играчи се располага,какви се амбициите на клубот...се само дел од тоа што треба да се увиди.
Лесно е да се каже ќе скокнат приходите,ама е тешко остварливо.
Во Англија има многу неизвесно првенство каде што секоја втора недела се играат по најмалку три дерби утакмици во права смисла на зборот,има појаки клубови,има појаки играчи.
Ако нејќеш да збориш за Англија, збори за Германија, за баерн за Шалке. Кога они го градеа стадионот, Германија ни имаше подобри играчи ни имаше поатрактивни натпревари од другите земји, па пак имаат раст, сигурно од 20-30 % минимум во приходи. Ќе го збориме ова и за Јувентус за некоја година.
Не се збори за остварување на нешто што го нема, туку за недоволно користење на капацитетите што ги имаме. Тие 20% посто само од различни цени за седишта и од она match-day revenue што го викаат ќе го постигнеш. Плус без да се земат во предвид кирии за побитни работи, како хотели, мали трговски и сл. Како и да го вртиш, огромна позитивност е.