L
.Lost Angel.
Гостин
Улицата Димитрија Чуповски во строгиот центар на Скопје ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз, објави весникот „Дневник“.
Ова е предвидено со последните измени на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ па сè до крстосницата пред Собранието. Доколку овој план се реализира, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот.
За да може улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка, најпрво треба да се прошири улицата Даме Груев со булеварско решение, според кое, таа би била широка 14 метри и би имала четири ленти.
Идејата улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара една деценија, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.
Слободно коментирајте