Мој пример како го спречив големото паѓање на коса... Обично тоа ми се случува периодот есен-зима... некаде до крајот на Јануари!! Така веќе 3-4 години период од 4-5 месеци многу интезивно ми паѓа косата па после пролет-лето ми се стабилизира, но не во целост. Оваа есен-зима решив да пробам да го спречам ова опаѓање на коса и тоа на многу едноставен начин. Прво драстично ја скратив косата до степен каде што може да се примети деловите каде што ми опаѓа косата (нема за што да ви е срам и да се криете... за 2 дена народот што те гледа ќе се навикне на твојот нов имиџ) после тоа користев шампон кетоконазол 2-3 недели за целосно да го одстранам првутот од скалпот и за на крај да почнам да користам Алпецин шампон против опаѓање. Со тек на времето и јас самиот се навикнав на мојот нов изглед, не мислам на опаѓањето на косата и имав изненадувачки резултати. Паѓањето на косата ми се намали (според мој проценки) за 70% и продолжив со Алпецин шампон (но сега со дупли комплекс и двоен ефект. Одстранува и првут и ја зацврстува косата). Е сега... после 9 месеци не ми ни иде на крај памет повторно да пуштам подолга коса, косата почна сама да си ја враќа густината (заради периодот пролет-лето) и ни најмалку не мислам за овој проблем!
П.С. Да напоменам дека Алпецинот само спречува интезивното паѓање на коса и не потикнува раст на косата.