Филе:
После веста која ја објавив минатата недела во ТОПКИ за Пеп, еве уште една која сметам дека наскоро ќе се реализира, а воедно тоа ќе биде и најголемиот трансфер летово во Шпанија. ДРОГБА ВО РЕАЛ МАДРИД. Моите анализи, информациски извори и претпоставки се скоро 100 отсто сигурни. И тоа доаѓа по лично барање на Моурињо! Исто како што за претходната вест напишав дека Пеп наскоро ќе го замени Ди Матео, кој пак веројатно ќе биде сменет некаде во јануари, во зависност од тоа дали Пеп ќе ја реализира катарската понуда, барем за кратко. Абрам и Пеп веќе имаат меѓусебен „усен„ договор, за кој скоро сите веќе овде знаат. А тоа дека ќе одмара 1 година и дека ќе биде во Њујорк-приказни за мали деца. Мора да се амортизира целата ситуација и емоциите на сите кои ја подржуваа целата негова работа до сега.