Ако си бил претседател на држава тогаш си го достигнал врвот, погоре од тоа е пред Свети Петар или бетер - диктатура.
Значи, претседател на држава е највисока функција која некој може да ја извршува, ако претседателот не успеал да се реализира до завршување на мандатот, тогаш тој и воопшто не бил за таму. Претседател на држава се станува со навршени ХХ години, ако ти за цел живот не си научил како да си го пласираш ставот за другите да те слушнат, тогаш не постои никаква друга функција, која може да ја преземе, преку која тој би можел да каже или да направи нешто. Откако ќе му заврши мандатот тој може да биде само советник на следните претседатели за одредени прашања кои се од клучно значење за државата.
Не ми е јасно како можеш Путин да го споредуваш со оваа багра?! Додека Путин е/беше претседател/премиер платите во Русија пораснаа дупло, за разлика од Балканов каде не можеме да престанеме да се колеме за корка леб.
Прво, на која политичка моќ мислиш кога зборуваш за Тадиќ и Црвенковски? Партиската?! Ова се двајца „лидери“ кои мора да почитуваат туѓи правила, туѓи одлуки, туѓи наредби, значи се обични извршувачи, за разлика од нив Путин е оној кој ги дава наредбите.
Спредбата помеѓу Путиновата Русија и сегашниов Балкан воопшто не ти е на место. Русија повеќе не хибернира, се разбуди од сонот. Автомобилската индустрија почнува да се враќа на голема врата, извоз на гас, изградба на патишта и други објекти од општествена важност, а не споменици на Симеон Радев, Русија под водство на Путин може да и се спротистави и на моќната Германија, онаа која ние се` уште мислиме дека е поделена со Берлинскиот ѕид. За разлика од ваквата нова Русија, ние, со Бранко, Грујо, Тадиќ, Николиќ, Јосиповиќ, ај да не ги редам сите балкански „политичари“ тонеме на секое поле.
„Младичиве“ ќе се пензионираат со бенефициран стаж, башка ќе имаат и повеќе време да организираат избори за пролетни, летни, есенски и зимски убавици.