Томислав Николиќ - нов претседател на Србија

H

HITCH

Гостин
A? A?
Само ли јас не сфатив што сакаше авторот на постов да каже? :cautious:
Алудира на тезата на Николиќ дека Македонија е Јужна бановина, Македонците се јужно Србијанци, а јазикот е србијански. Николиќ е радикал, кој тешко се помирува со македонската самостостојнот. Се очекува зачестено ословување со референцата периодов додека е претседател.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Знам дека е радикал, ама изгледа немам налетано на вакви негови изјави. Како и да е, ќе видиме каква ќе биде неговата дипломатска стратегија. Лесно е од опозиција да си радикал, мислам дека ќе ја смири топката заради притисок од меѓународната заедница.
 
H

HITCH

Гостин
Па и Путин го направи истото, иако кај него беше од законски пречки, ама сепак го направи.
Нема врска муабетов дека паѓаш од коњ на магаре. Подобро на било каков начин да бидеш вклучен во процесот на донесување одлуки (особено кога си навикнат да имаш голема политичка моќ), отколку да бидеш комплетно исклучен од целиот муабет и да ја изгубиш политичка моќ, односно истата да биде сведена на минимум и да бидеш само опозиција и да немаш право на глас. (метафорички) Вака сепак е во власта, а целта на секој политичар е да биде во власта. Многу е едноставно.
Плус премногу се млади за да ловат, пушат цигари и да се пензионираат.
Ако си бил претседател на држава тогаш си го достигнал врвот, погоре од тоа е пред Свети Петар или бетер - диктатура.

Значи, претседател на држава е највисока функција која некој може да ја извршува, ако претседателот не успеал да се реализира до завршување на мандатот, тогаш тој и воопшто не бил за таму. Претседател на држава се станува со навршени ХХ години, ако ти за цел живот не си научил како да си го пласираш ставот за другите да те слушнат, тогаш не постои никаква друга функција, која може да ја преземе, преку која тој би можел да каже или да направи нешто. Откако ќе му заврши мандатот тој може да биде само советник на следните претседатели за одредени прашања кои се од клучно значење за државата.
Не ми е јасно како можеш Путин да го споредуваш со оваа багра?! Додека Путин е/беше претседател/премиер платите во Русија пораснаа дупло, за разлика од Балканов каде не можеме да престанеме да се колеме за корка леб.
Прво, на која политичка моќ мислиш кога зборуваш за Тадиќ и Црвенковски? Партиската?! Ова се двајца „лидери“ кои мора да почитуваат туѓи правила, туѓи одлуки, туѓи наредби, значи се обични извршувачи, за разлика од нив Путин е оној кој ги дава наредбите.
Спредбата помеѓу Путиновата Русија и сегашниов Балкан воопшто не ти е на место. Русија повеќе не хибернира, се разбуди од сонот. Автомобилската индустрија почнува да се враќа на голема врата, извоз на гас, изградба на патишта и други објекти од општествена важност, а не споменици на Симеон Радев, Русија под водство на Путин може да и се спротистави и на моќната Германија, онаа која ние се` уште мислиме дека е поделена со Берлинскиот ѕид. За разлика од ваквата нова Русија, ние, со Бранко, Грујо, Тадиќ, Николиќ, Јосиповиќ, ај да не ги редам сите балкански „политичари“ тонеме на секое поле.

„Младичиве“ ќе се пензионираат со бенефициран стаж, башка ќе имаат и повеќе време да организираат избори за пролетни, летни, есенски и зимски убавици. ;)
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 22:10 ---
Знам дека е радикал, ама изгледа немам налетано на вакви негови изјави. Како и да е, ќе видиме каква ќе биде неговата дипломатска стратегија. Лесно е од опозиција да си радикал, мислам дека ќе ја смири топката заради притисок од меѓународната заедница.
Пер, а ти што мислиш дека е српски радикал? Бара изгубени територии! Знаеш зошто влегла Србија во кралството СХС? Сметала дека тоа е најдобар начин да ги поврати „изгубените“ територии. Читни нешто во историја за ова, имаш премногу информации.

Со последната реченица се сложувам. Ќе му спискаат и ќе си подвитка опашка. :icon_lol:
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 22:12 ---

Со последната реченица се сложувам, ќе му спискаат и ќе си подвитка опашка. :icon_lol:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако си бил претседател на држава тогаш си го достигнал врвот, погоре од тоа е пред Свети Петар или бетер - диктатура.

Значи, претседател на држава е највисока функција која некој може да ја извршува, ако претседателот не успеал да се реализира до завршување на мандатот, тогаш тој и воопшто не бил за таму. Претседател на држава се станува со навршени ХХ години, ако ти за цел живот не си научил како да си го пласираш ставот за другите да те слушнат, тогаш не постои никаква друга функција, која може да ја преземе, преку која тој би можел да каже или да направи нешто. Откако ќе му заврши мандатот тој може да биде само советник на следните претседатели за одредени прашања кои се од клучно значење за државата.
Не ми е јасно како можеш Путин да го споредуваш со оваа багра?! Додека Путин е/беше претседател/премиер платите во Русија пораснаа дупло, за разлика од Балканов каде не можеме да престанеме да се колеме за корка леб.
Прво, на која политичка моќ мислиш кога зборуваш за Тадиќ и Црвенковски? Партиската?! Ова се двајца „лидери“ кои мора да почитуваат туѓи правила, туѓи одлуки, туѓи наредби, значи се обични извршувачи, за разлика од нив Путин е оној кој ги дава наредбите.
Спредбата помеѓу Путиновата Русија и сегашниов Балкан воопшто не ти е на место. Русија повеќе не хибернира, се разбуди од сонот. Автомобилската индустрија почнува да се враќа на голема врата, извоз на гас, изградба на патишта и други објекти од општествена важност, а не споменици на Симеон Радев, Русија под водство на Путин може да и се спротистави и на моќната Германија, онаа која ние се` уште мислиме дека е поделена со Берлинскиот ѕид. За разлика од ваквата нова Русија, ние, со Бранко, Грујо, Тадиќ, Николиќ, Јосиповиќ, ај да не ги редам сите балкански „политичари“ тонеме на секое поле.

„Младичиве“ ќе се пензионираат со бенефициран стаж, башка ќе имаат и повеќе време да организираат избори за пролетни, летни, есенски и зимски убавици. ;)
Многу напиша, а ја утна поентата. Путин го споредив од сосема друга гледна точка, во однос на промена од претседателско во премиерско место. Што направил, не е релеватно за муабетов.
Претседателското место е најпожелно затоа што е најелитно, а е помалце политички одговорно, за разлика од премиерското. Претседател е најелитна позиција, ама и позицијата премиер не е ништо помалку битна посебно во македонскиот и српскиот политички систем. Политичарите не можат да живеат без моќ. Моќта те окупира и се што сакаш е да имаш моќ. А моќ не можеш да имаш ако не си на власт. Така што иако претседателот е повеќе посакувана функција, во нашите системи премиерот има поголема внатрешна контрола за разлика од претседателот кој има поголема надворешна контрола, односно ја држи дипломатијата и де факто има помала политичка одговорност. Затоа и сите ја сакаат претседателската функција, затоа што значи дека влегле во елитата.
Не паднал никој од нив на магаре, веруј ми. Од сосема погрешен аспект ги гледаш работите, не ги гледаш од призмата на политичарот како единка. Може добил премиерско место, ама сепак е на власт, а власта е прва, основна и главна цел на интерес на политичките партии. Значи целта е постигната.
Не е битно што направил Путин, што направиле другите, сега правиме муабет за функцијата како таква. Тоа што нив не ги бива, а народот ги бира е друг муабет.

Пер, а ти што мислиш дека е српски радикал? Бара изгубени територии! Знаеш зошто влегла Србија во кралството СХС? Сметала дека тоа е најдобар начин да ги поврати „изгубените“ територии. Читни нешто во историја за ова, имаш премногу информации.

Со последната реченица се сложувам. Ќе му спискаат и ќе си подвитка опашка. :icon_lol:
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 22:12 ---

Јас сосема друг муабет ти правам, Србија зашто влегла во СХС нема врска со денес и денешните позиции. Тоа е историја, а ова денес е реалност и тоа сегашна. Тоа што ќе прави ќе видиме... Има време, ќе видиме како ќе се покаже. Јас лично не го сметав за сериозен политичар се додека не победи на избориве, такво чувство имав дека имаат за него. Сите можат да бидат радикали се додека не дојдат на позиција. Милошевиќ имаше среќа па затоа се оддржа на власт толку време, ама во денешно време и денешен аспект, радикалите не можат да опстојат на власт ако постојано ги промовираат радикалните муабети.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.285
Поени од реакции
26.164
B

Black Guard

Гостин
Па во основа и немаше некој масакр(како на нашите војници специјалци) туку геноцид т.е систематско убивање на ќени,деца,старо младо..педерска работа.
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 03:07 ---
Нешто што ме чуди е одлуката и на Тадиќ и на Црвенковски, откако ја извршувале највисоката функција, претседател на држава, повторно да се вратат во политиката како премиери. :tapp: Човеку, се симнуваш од магаре за да одиш пешки, откако коњот веќе си го пцојсал.
.
Зошто да не??

Кога беше најтешко и гореше цела југославија а во македонија фалеше Искра за да се запали се Црвенковски се нафати да ја води државата,санкциите за СФРЈ важеа и за нас,кога ќе го додадеме и грчкото вето,губењето на ЈУ пазарот јасен е крахот на економијата и логичен..сепак...црвенковски успеа да ја одржи Македонија како држава-не за џабе го викаат државник,кога замина он отиде ОКТА и телекомот па фингираа одредени дејствија одредени структури за да перат кеш од телекомот на лице со Бугарскиот наш премиер.

Тоа дали некој политичар ќе се откаже или не е негова лична одлука.

Николиќ кутруиот е свесен дека е во тешка ситуација кога мора тек сега да почне да попушта на косово па затоа ја пали рајата-не му е лесно.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Мене едно нешто не ми е јасно.На претставувањето за победник пред партијата на Николиќ се вееше македонско знаме.Зашто???
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Мене едно нешто не ми е јасно.На претставувањето за победник пред партијата на Николиќ се вееше македонско знаме.Зашто???
Македонците од Србија, нивната партија е во коалиција со Николич, исто така ќе имаат 1 пратеник во собранието.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Слушај Луди Милојко очигледно дека имаш некоја луда замисла во себе.Тебе не ти важно дали си за Тадиќ или Николиќ тебе ти е важно да не се плука по никој србин без разлика дали е во право или не е.Не си достоен за да те цитирам затоа нема повеќе да пишувам не вреди со тебе да се збори на оваа тема.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Алудира на тезата на Николиќ дека Македонија е Јужна бановина, Македонците се јужно Србијанци, а јазикот е србијански. Николиќ е радикал, кој тешко се помирува со македонската самостостојнот. Се очекува зачестено ословување со референцата периодов додека е претседател.
Кога било ова? Што било ич не ми текнува? Ај ако може некој материјал типа видео за овие изјави на Николиќ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom