Бидете експерт за СЕ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Marlboro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Редовниот експерт на The Daily Show With Jon Stewart, после неколкугодишна кариера како стручњак за се, конечно се отвори и го понуди своето експертско мислење за тоа како се станува експерт. Стивен Колбер беше аналитичар од "општа пракса", од случувањата на Средниот Исток до претседателската гастрономија. Неговиот став за фактите е отприлика ваков: "Кој и дава право на Британика да тврди дека Панамскиот канал е изграден во 1914? Ако сакам да биде изграден во 1941, тоа е мое право."
FCAE555981D48546B40647D85329BF9C.jpg

Одберете поле кое не може да биде верификувано

Обидете се вашата експертиза да се однесува на некоја теорија во која немате конкуренција или, уште подобро, која е поврзана со Божјата волја: "Јас зборувам со Господ. Жал ми е што вие не можете." Ова вклучува и експерти за безбедност, бидејќи тие имаат одобренија за влез кои другите ги немаат. Не можеме да се сомневаме во некое тврдење за NSA кога ние не сме во NSA.

Одберете тема која всушност е тајна

Ден Браун одбра тајна тема за Кодот на Да Винчи, па сега до крајот на животот никој не може да спори со него на таа тема. Секој што ќе се обиде да ја нападне неговата теза мора да биде дел од заговорот.

Имајте свој запис во енциклопедија

Во ерата на медиумите секој можеше да биде славен на 15 минути. Во ерата на Википедија, секој може да биде експерт за пет минути. Бонус: Можете сами да си ја пополнувате вашата биографија за да изгледате попаметни.

Користете неразбирливи зборови што е можно почесто

Потребни ви се зборови кои им звучат познато на луѓето но за чии дефиниции не се сигурни. Уште подобро ако зборовите се на латински. Меѓутоа, избегнувајте зборови како парадигма. Зборот стана досаден уште во 1994-та и сите знаат дека сте преварант ако го користите.

Користете доста кратенки и акроними

Лице кое користи зборови како безбедносни операции најверојатно е образувано, но ако наместо тоа речете Opsec, вие со сигурност сте експерт. Ако го користите зборот Гитмо, тоа покажува дека сигурно сте биле таму. Ако речете "Се префрламе на Дефкон 1," тоа јасно покажува дека ги поседувате кодовите за лансирање. Вистинските експерти немаат време за дополнителни слогови.
5E59979283A9CD4E8986A63EB99FAC11.jpg

Зборувајте од задникот не од дијафрагмата

Во светот на експертите морате да имате муда. Ова значи да зборувате со самодоверба. Во Америка морате да се наметнете како сигурен извор и воопшто да не се двоумите за своите ставови.

Не се плашите да измислувате

Никогаш немојте да бидете во страв дека ќе ве откријат дека сте преварант. Експертите постојано измислуваат. Тие се квалификувани за тоа.

Не се ограничувајте на постоечкото знаење

Ако премногу се грижите дали сте тек со настаните, ќе ги испуштите огромните пространства на неоткриено знаење, кои одвај чекаат да бидат откриени. Бидете експерт за лечење со пијавици и никогаш не можете да згрешите. Може да потфрли само пијавицата.
460EB063F6149047B535CACFEA6D9D50.jpg


Добијте почесна диплома

Ова прави чуда. Се што треба е да одржите еден - два говора на некој факултет и сите ќе ви се обраќаат со Др.

Створете навика на расфрлување со имиња

"Вчера зборев со Џон Хокенбери (новинар на НБЦ и добитник на четири ЕМИ) за мојата теорија за експерти."

Бидете познат. Тоа помага.

onnet
 
Stephen Colbert е звер. Хахаха Користете доста кратенки и акроними... :)
Како и да е, он знае, he is the expert..
 
апсурд:eek:
:pos: “експерт за се’ “- смејурии
тоа му доаѓа исто -ко дали со еден инструмент- алатка можеш да направиш тотален ремонт на целата куќа
 
Освен политичарите и Свештениците нема други експерти за се-Други нема.
 
Back
На врв Bottom