Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Твоите молби не се слушаат кај овој бог :)
Моли се на друг, О Савле предавнику низаеден ;)
Ако знаеш кој го вика ова во книгата, треба да знаеш дека не е ни молба ни молитва, богче од сред село
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.134
Поени од реакции
12.116
Ако знаеш кој го вика ова во книгата, треба да знаеш дека не е ни молба ни молитва, богче од сред село
Јас не зборував за никаква книга, јас зборував за тебе, на тебе. (y)

Ајде сега оди тегави се на други форумџии и „мудрувај“ им... Може?
Или оди на кафе некаде, оди гледај филм, лови риба на Вардар пред Холидеј Инн... само не отекувај како заболено месо.
Се едно та исто од тебе... Штета.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Колку време Адам и Ева престојувале во рајот пред да бидат избркани?
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Me interesira kako hristijanstvoto ja svaka meditacijata......
 
С

Само Човек

Гостин
И сега прашање, јас да прашувам на темава:confused: хахааха

-Дали Бог е личност? Ако е да се наведе дали е машко или женско, да се опише малку за тоа како христијаните(не сите) го рабираат Бог.
- Дали сите религии кажуваат за еден ист Бог?

две прости прашања, по кој ќе има и подпрашања
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Бог се открива, т.е. се претставува како Личност, која не ја подразбира Неговата природа, која за созданијата останува неспознатлива.

Ок, сега да ги прашам христијаните (сите):
Зошто цело време се форсира машкиот принцип? Татко, син... тој седи од лево/десно, духот е како неутрален но потсетува или навестува машкост?
Дури и во законите стои жената да е ПОД мажот, да не влегува ете во црквите кај олтарот како недостојна, женските деца при крштевање и тогаш не ги шетаат позади иконостасот? Жената безусловно да е сенка на мажот... Што е таа дискриминација божја од страна на вашиот умирачки бог кој што воскреснува?
Зарем жената не е рамноправна со мажот во универзумот?
Зошто Бинах е заборавена и заменета со дух? Зошто е изгубена Шекина како што ја споменуваат некои евреи и е сметана за обичен партал во рацете на мажот?
Благодарам.
Во род се обраќаме на Бог, бидејќи Бог е личност а не предмет и тоа со целосна свест и одговорност дека сме ослободени од подлебата на машко и женско што нашиот јазик ја носи.
Така пр: Отецот, не е исто што и биолошкиот Татко и Маж. Едноставно немоќни сме потполно да го изразиме Бог.
Христос што е најважно го открива Бог како Отец. Кој нема тело и е над половоста, како што ќе бидат и луѓето во Неговота Заедница, Царство.
Исус е роден како маж, бидејќи преку маж(Адам) дојде страдањето, затоа беше потребен нов Адам.
Христос за првпат ја ослободува жената потполно исто како мажот(ап. Павле), бидејќи пред Бог нема половост, поделби... туку сите се исти.
А за женското достоинство, пример е св. Богородица, која е воспеана во христијанската химнографија како „Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите“.

Интересна е колективната свест и паметење на човештвото за Апсолутот, Бог.
Се разбира дека се работи за истиот Бог, но за различни пристапи и односи кон Истиот.
 
не ми е целта да исмеам нешто како жената. Но знам дека бог не е личност. Но ти велиш дека е. Значи ли тоа дека треба да има лични особин, како добар, лош, маж, жена, милостлив , казнува за гревови и т.н. милион има и совршеноса е лична особина.

значи токму поради ова Бог знам дека не е личност.
Знаеш источите религии го гледаат Бог како многу милослив, една религија не ми текнува името вели дека човек не може да направи толку гревови за да не им прости бог, но содом и годом покажуваат друго.Има религии кои велат дека има божица, значи бог е женско тогаш.
И сега знаеме има изумрени релии кои тврделе дека бог е ваков или онаков, но изумреле тие и што ? Умрел таквиот Бог. Како може Бог да умре? Размисли за ова. Еве да речеме исламот,дали отако ќе изумрен. Различниот пристап е океј , тоа не се оспорува, некој се моли да пристапи кон бог некој друго. Христијанин се моли на Бог, а некој се моли на божица, некој на добар, а некој и на не така добар Бог и тоа го прават у исто време.Ако го гледаме бог како личност тогаш велиме дека бог го измислил човекот. Како може бог(универзумот) да го измисли човекот кога секој ден го мириса, гледа.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
не ми е целта да исмеам нешто како жената. Но знам дека бог не е личност. Но ти велиш дека е. Значи ли тоа дека треба да има лични особин, како добар, лош, маж, жена, милостлив , казнува за гревови и т.н. милион има и совршеноса е лична особина.
Како знаеш?
Ова е тема за Христијански прашања, и јас зборувам за Христијанско учење во кое Бог се претставува како конкретна личност.
Во православното учење личноста не е индивидуална автономност, т.е. содржина на особини...,
туку идентитет кој се базира на однос.
Оттука е концептот за заедница, бидејќи личноста се изразува, постои преку другиот(друга личност). Ако си Ти, тогаш сум, т.е. постојам и Јас.
Една личност=на ниедна личност.
Така Бог, егзистира личносно, слободно преку Личностите на Отецот, Синот и Св. Дух.
Интересна е колективната свест и паметење на човештвото за Апсолутот, Бог.
значи токму поради ова Бог знам дека не е личност.
Знаеш источите религии го гледаат Бог како многу милослив, една религија не ми текнува името вели дека човек не може да направи толку гревови за да не им прости бог, но содом и годом покажуваат друго.Има религии кои велат дека има божица, значи бог е женско тогаш.
И сега знаеме има изумрени релии кои тврделе дека бог е ваков или онаков, но изумреле тие и што ? Умрел таквиот Бог. Како може Бог да умре? Размисли за ова. Еве да речеме исламот,дали отако ќе изумрен. Различниот пристап е океј , тоа не се оспорува, некој се моли да пристапи кон бог некој друго. Христијанин се моли на Бог, а некој се моли на божица, некој на добар, а некој и на не така добар Бог и тоа го прават у исто време.Ако го гледаме бог како личност тогаш велиме дека бог го измислил човекот. Како може бог(универзумот) да го измисли човекот кога секој ден го мириса, гледа.
Генерално човештвото има претстава за Виша Сила, која е креатор или пак некако влијае на нашиот живот итн.
Од ова неможе да заклучиме дали Бог е личност или не.
Затоа потенцирам во Христијанството, Бог на натприроден начин, не по силата на човечкиот интелект, разбирање..., Самиот ни се Открива како Личност.
По начинот на коментирање се гледа дека личноста ја поимаш различно од Православието, оттаму се и недоумиците кои ги пласираш.
Ако можеш срочи го поконкретно прашањето во врска со ова.
Болд: дали Бог го изедначуваш со универзумот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
-Дали Бог е личност?
Ако е да се наведе дали е машко или женско, да се опише малку за тоа како христијаните(не сите) го рабираат Бог.
Зависи кого прашуваш. За повеќето од источните религии Бог не е личност, туку безлична енергија. Во пантеистичките религии на пример Бог е СЕ. Бог си ти, Бог е дрвото, масата, па дури и изметот на кравата :)
Според христијанската објава, Бог е недвосмислено Личност. Притоа под „личност“ не се подразбира само човечко битие кое има пол (машки, женски), туку битие што има разум, свест, емоции и воља.
И ангелите исто така се личности, најверојатно бесполови согласно библиската објава.

- Дали сите религии кажуваат за еден ист Бог?
Категорично не.
Политеистичките религии јасно тврдат дека постојат повеќе богови кои што и меѓу себе не се исти (иако од иста религија), а камо ли па со боговите од другите религии.
Заедничкото за монотеистичките религии (христијанство, јудеизам, ислам итн) е тоа што веруваат во Еден Бог, Создател на се видливо и невидливо, но доколку навлезете во деталите на Божјата природа, Божјите атрибути и карактеристики, тие се разликуваат меѓу себе.
Тоа е слично како и за „објавите за Александар Македонски“. Грците веруваат дека тој бил грк, македонците веруваат дека бил македонец. Некои веруваат дека тој бил геј, други дека бил стрејт. Има повеќе историско-археолошки „објави“ за Александар, но вистината е една. Примеров не е совршен, но мислам дека ми ја сфати поентата.

Според моето убедување, човекот никогаш не би можел да го пронајде Бог (вистините за Него), доколку Бог не му се открие. Човекот истражува, но Бог му се открива.

„Тој (Бог) не е далеку од ниеден од нас.“ (Дела 17:27, Библијата)
„Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце.“ (Еремија 29:13, Библијата)
 
С

Само Човек

Гостин
Болд: дали Бог го изедначуваш со универзумот?
Го изедначувам со она што отсекогаш било тука. Се што постои е бог.Ако се покаже дека универзумот е вечен зошто да не е тоа бог или боженствениот универзум. Зарем ја исклчуваш можноста да постои вечна интелегенција во универзумот. Јас мислам дека Мојсие мислел на тоа.
Затоа и е првиот збор у библијата од она што беше .

-како знам дека не е личост , па ако е личност тогаш сите религии имаат по еден бог. Пак ќе речам ако утре изумре христијанството дали умрел и бог...
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 17:44 ---
Зависи кого прашуваш. За повеќето од источните религии Бог не е личност, туку безлична енергија. Во пантеистичките религии на пример Бог е СЕ. Бог си ти, Бог е дрвото, масата, па дури и изметот на кравата :)
Според христијанската објава, Бог е недвосмислено Личност. Притоа под „личност“ не се подразбира само човечко битие кое има пол (машки, женски), туку битие што има разум, свест, емоции и воља.
И ангелите исто така се личности, најверојатно бесполови согласно библиската објава.
дали ова значи дека бог не е во моментот со нас и дали е надвор од универзумот и ако е така каде е.
Категорично не.
Политеистичките религии јасно тврдат дека постојат повеќе богови кои што и меѓу себе не се исти (иако од иста религија), а камо ли па со боговите од другите религии.
Заедничкото за монотеистичките религии (христијанство, јудеизам, ислам итн) е тоа што веруваат во Еден Бог, Создател на се видливо и невидливо, но доколку навлезете во деталите на Божјата природа, Божјите атрибути и карактеристики, тие се разликуваат меѓу себе.
Тоа е слично како и за „објавите за Александар Македонски“. Грците веруваат дека тој бил грк, македонците веруваат дека бил македонец. Некои веруваат дека тој бил геј, други дека бил стрејт. Има повеќе историско-археолошки „објави“ за Александар, но вистината е една. Примеров не е совршен, но мислам дека ми ја сфати поентата.

Според моето убедување, човекот никогаш не би можел да го пронајде Бог (вистините за Него), доколку Бог не му се открие. Човекот истражува, но Бог му се открива.

„Тој (Бог) не е далеку од ниеден од нас.“ (Дела 17:27, Библијата)
„Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце.“ (Еремија 29:13, Библијата)
абе да види ти ја разбирам јас поентата само ме бунат спротиставените ставови , еве ти велиш дека бог не е ист за сит е, а либериј тврди инаку. Некои христијани велат дека постојат демони , а јас назад објснив дека ни ѓавол ни демони нема и тоа го кажува библијата.
Се сложувам со болдот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom