Бог се открива, т.е. се претставува како Личност, која не ја подразбира Неговата природа, која за созданијата останува неспознатлива.
Ок, сега да ги прашам христијаните (сите):
Зошто цело време се форсира машкиот принцип? Татко, син... тој седи од лево/десно, духот е како неутрален но потсетува или навестува машкост?
Дури и во законите стои жената да е ПОД мажот, да не влегува ете во црквите кај олтарот како недостојна, женските деца при крштевање и тогаш не ги шетаат позади иконостасот? Жената безусловно да е сенка на мажот... Што е таа дискриминација божја од страна на вашиот умирачки бог кој што воскреснува?
Зарем жената не е рамноправна со мажот во универзумот?
Зошто Бинах е заборавена и заменета со дух? Зошто е изгубена Шекина како што ја споменуваат некои евреи и е сметана за обичен партал во рацете на мажот?
Благодарам.
Во род се обраќаме на Бог, бидејќи Бог е личност а не предмет и тоа со целосна свест и одговорност дека сме ослободени од подлебата на машко и женско што нашиот јазик ја носи.
Така пр: Отецот, не е исто што и биолошкиот Татко и Маж. Едноставно немоќни сме потполно да го изразиме Бог.
Христос што е најважно го открива Бог како Отец. Кој нема тело и е над половоста, како што ќе бидат и луѓето во Неговота Заедница, Царство.
Исус е роден како маж, бидејќи преку маж(Адам) дојде страдањето, затоа беше потребен нов Адам.
Христос за првпат ја ослободува жената потполно исто како мажот(ап. Павле), бидејќи пред Бог нема половост, поделби... туку сите се исти.
А за женското достоинство, пример е св. Богородица, која е воспеана во христијанската химнографија како „Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите“.